- Член од
- 1 декември 2014
- Мислења
- 2.310
- Поени од реакции
- 4.570
Лажен профилКако беше некогаш, како е сега ... ........а како ќе биде во блиска иднина..?
"После Илинденското Востание, 70% од комитите си заминуваат во Бугарија .
Потоа пак, со доаѓањето на Србите, 1912 година станува една сеопшта голгота, па поголемиот дел од населението си заминува исто така во Бугарија . Над 130 000 луѓе од Македонија се протерани во Бугарија и таму ги викаат бежанците од Македонија, додека пак бугарското општество ги прифаќа и тие стануваат учители, судии, адвокати, лекари .....
До ден денес никој не прашал за тие луѓе зошто си отишле , туку сега "чистите и пречистите" Македонци кои глумат жртви пред европските институции , бараат некаков си реципроцитет за оние протерани луѓе од Македонија кои се наоѓаат во Бугарија и кои тие самите ги протерале , поточно нивните претци !
Не е во ред .
Нема реципроцитет и не може да има затоа што вие сте ги протерале .
После 1945 година пак започнуваат масовните егзекуции и уништувањето на целата интелигенција во Македонија која исто така е судена или егзекутирана како пробугарски елемент.
Да не кажам пак за оние илјадници луѓе од Македонија кои мораа да емигираат во Австралија и Америка, детектирани од тогашните југокомунистички власти како некакви си ванчомихајловисти и слично .
Што е најтрагично , се уште постотои тоа проотерување , редици на луѓе бараат бугарски пасоши . Невработени , маргинализирани луѓе од Македонија бараат само да ја напуштат оваа земја и никогаш да не слушнат за истата , додека добро ухлебените историчари пишуваат писма за македонскиот идентитет распрачен на милион парчиња со големи трагедии на цели семејства ."
Красота со лажна слика од времето на цар Самоил. Ти си лажниот профил?