На вампирите е клубот на крај ќе прифатат која сакаат опција, а оваа што излезе у медиуми е ПР спин инцестот да изгледа подобро.
Не е баш така. Клубот e publicly traded company, и како таква, пред SEC, комисија во Америка која ги регулира акциите на клубот и има за задача да го заштити секој еден акционер во клубот, мора да достават документи кои докажуваат дека го одбрале најдоброто за своите акционери, инаку се лежи затвор ако одбрале полоша понуда. Практично, понудите од шеиков и Ратклиф морале да бидат доставени до нив, за да се покажат дека го одбрале најдоброто за нив, а и нивните инвеститори/акционери. Што значи, ако не ја одбрале најдобрата понуда, или пак ако не доставиле целосни документи, се одговара кривично.
Целиот случај е доста, доста чуден. Прво, имало дел каде што наводно се преговараше директно меѓу Глејзери и луѓево на шеикот (Каде што се вкучи Келиафи, од ПСЖ), што е надвор од редовниот процес, каде што се заобиколува Рејн Груп, која мора да посредува меѓу бидериве за клубот. Тука шеиков може усмено да тврди дека и $50 по акција дал, битно е она што е понудено во писмена форма.
Ако Рејн Груп, па и Глејзери решиле да премолчат подобра понуда од онаа на Ратклиф, тогаш некој ке лежи затвор многу наскоро, зашто има потенцијална манипулација со цени на акции.
Глејзери ангажирале 56 адвокати за овој процес. 2-цата главни на Рејн Груп заради водењево на целиот процес за ре-евалуација на Манчестер Јунајтед, и посредување при процесот на продажба, ке земат дупло поголеми бонуси од било кога претходно. Сметката кон Рејн Груп за посредување ке биде околу 30 милиони фунти, и ке мора да ја плати Манчестер Јунајтед. Искрено, ми се лоши од Глејзери.
Имам работено 5 години за Американска компанија која е на берза. Eдноставно, се се води по така микро пропишани прописи, колку и да е ситница. А ова е крупа, крупна работа. Треба да си ептен, ама ептен глуп да го направиш истото. Не би да ги бранам Глејзери, ама сметам дека ова што Арапиве го тврдат е тешко изводливо и неточно. Не е само дека Глејзери тврдат дека Арапиве недоставиле потекло на пари. Тоа го тврди и Рејн Груп. А е лесно докажливо.
Од ова што читам дека правеле Арапиве, просто смрди на аматеризам. Една понуда за Класа А акции, а друга цена за Класа Б акции, што само по себе е нелегално. 3 пати им барале потекло на пари, и не доставиле. Не ми е јасно како воопшто поминале ветинг за да може да бидат бидери во сето ова, ако ги немаат потребните пари.
“Raine indicated to Bidder A that it needed to provide details of its intended financing sources in connection with its acquisition proposal and that its acquisition proposal DID NOT provide the shareholders with sufficient value… Bidder A’s proposal did not provide customary financing commitment letter”
Се извинувам на странскиве изрази, ама не ми работи мозокот волку касно за да барам соодветни македонски преводи.