Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
12 декември 2010
Мислења
10.444
Поени од реакции
11.365
многу лошо перат и ич уво не ги боли за колата. Бојата ќе ти ја соголат само за со вапот све да очистат место да поминат со рака. Најубаво е перење кај оние самоуслужни да си ја пере човек.
Не е проблем само вапот туку доста ебе работа и активната пена
 
Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.170
Поени од реакции
12.973
Теоретски можеби, во пракса не... Не во реалноста на Скопје каде загадувањето во огромен дел е од други извори а не од автомобили.
Тоа е суштината за тоа што не тангира нас овде. Инаку разбирам дека сакаш да посочиш за некаква теоретска ефикасност, но во пракса овде нема да има осетлив еколошки импакт во ниедно сценарио. Економски па скроз нема.

Нејсе. Јас немам намера да дискутирам теоретски разлики во ефикасност без контекст на реалните импликации на сето тоа. А ти не сакаш да размислуваш за целосниот недостаток од здрав разум во префрлање на електрични возила (еколошки, економски, секаков)... И тука веројатно го исцрпивме потенцијалот за понатамошна дискусија.
Когнитивна дисонанца Ване,ич не му ја ебаај ;)

Sent from my SM-S918B using Tapatalk
 
Член од
30 ноември 2014
Мислења
161
Поени од реакции
232
Што марка/модел би препорачале, за студент, градско возило. Добив препораки да гледам бензин+плин, како поекономична верзија, додека дизелот имал поскапи работи што се расипуваат. Имам одвоено 2-2300 евра. Немам никакви преференци, бидејќи ми е прва кола, само да не се расипува. :D
 
Член од
20 јануари 2023
Мислења
380
Поени од реакции
512

Za 2300 E sto ne se rasipuva i eftino poprava imas izbor TREK, GT, Merida, Cube... Ima i poeftini tocaci ama se rasipuvaat :) Ova bese shega za da sfatis deka nema kola ni od 23.000 sto ne se rasipuva, a ne pa od 2.300. Inaku za grad e dobra kombinacija so plin, dizel ne mozes da najdes za tie pari koj ke te tera bez skapi kvarovi. Markata ne e bitna, site se tuka nekade vo toj cenoven rang (bez germanskite koi po tradicija drzat cena, a i japonskite koi se OK no plinot razlicno go podnesuvaat). bitna e sostojbata na kolata. A kako izgleda bas i nemas nekoe iskustvo, zemi nekoj poiskusen koga ke odbiras.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.703
Поени од реакции
42.289
Што марка/модел би препорачале, за студент, градско возило. Добив препораки да гледам бензин+плин, како поекономична верзија, додека дизелот имал поскапи работи што се расипуваат. Имам одвоено 2-2300 евра. Немам никакви преференци, бидејќи ми е прва кола, само да не се расипува. :D
Опел Корса бензин најди некоја, ќе ја утепаш од возење
 
Член од
14 октомври 2017
Мислења
239
Поени од реакции
109
На маздата сакам да ги менувам бандажите пошто се 17ки, размакот е 4х100. Е сега имам од Опел челични бандажи два исто 4х100 15ки планирам уште два да земам, дали би одговарале? Вулканизериве ми рекоја не би имало проблем ако е ист размакот на штрафови. Исто и од пежо/рено одговарале од европскиве коли. Мислење?
 
Член од
16 февруари 2012
Мислења
53
Поени од реакции
174
А како се покажани пунто и корса, со плински систем?
punto 1.2 2006 godina sluzbeno vozilo kupeno novo ima projdeno 230.000 km so plin ( ne e fabricki) . pali vozi i redoven servis na voziloto i steluvanje na plinot. normalno pocesto menjavanje na svecici, drugo nikakov problem.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.274
Поени од реакции
15.396
На маздата сакам да ги менувам бандажите пошто се 17ки, размакот е 4х100. Е сега имам од Опел челични бандажи два исто 4х100 15ки планирам уште два да земам, дали би одговарале? Вулканизериве ми рекоја не би имало проблем ако е ист размакот на штрафови. Исто и од пежо/рено одговарале од европскиве коли. Мислење?
Која Мазда е тоа? Прв слушам Мазда да има платформа од Опел(према размакот на бандажите се познава која платформа ја има колата). Обично Мазда има од Форд платформа(4 или 5 х 108), како и со Пежо и Цитроен

Овде внеси марка, година и модел и ќе ти ги извади сите податоци за бандажите на било која кола

Обично сите јапонци имаат бандажи 4 или 5 х 114,3

Член од
14 октомври 2017
Мислења
239
Поени од реакции
109
Која Мазда е тоа? Прв слушам Мазда да има платформа од Опел(према размакот на бандажите се познава која платформа ја има колата). Обично Мазда има од Форд платформа(4 или 5 х 108), како и со Пежо и Цитроен

Овде внеси марка, година и модел и ќе ти ги извади сите податоци за бандажите на било која кола

Обично сите јапонци имаат бандажи 4 или 5 х 114,3

Mazda Demio т.е 2ка (Форд Фиеста платформа), сега мие на 17ки ниско профилни. 4х100 6Jx15 ET45 43 - 47 т.е од Опел сакам да ставам 15ки челични 4х100 има баш ваква димензија, или пак од Форд а може и од Пежо/Рено.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.274
Поени од реакции
15.396
Форд има 4 х 108 освен неколку модели кои највероватно имаат платформа од Опел(фабриките меѓусебе тргуваат со цели платформи...на пример Алфа 159 има платформа од Опел а Алфа 166 од амерички Форд)
 
Член од
14 октомври 2017
Мислења
239
Поени од реакции
109
Форд има 4 х 108 освен неколку модели кои највероватно имаат платформа од Опел(фабриките меѓусебе тргуваат со цели платформи...на пример Алфа 159 има платформа од Опел а Алфа 166 од амерички Форд)
Demio и сите останати модели на Мазда до 2010 се базирани на платформи од Форд. Е сега се консултирав и со вулканизер и пробано на кола, 4х100 од Опел ГМ бандаж ми одговара на маздава.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.788
Поени од реакции
1.699
Дали само 2.0 верзиите на Голф 5 имаат ДПФ, или имаат и 1.9 моделите. Исто така како е погоден 2.0 140КС моделот, што гледам по интернетот не се баш фалат од овој модел и го препорачуваат 170КС моделот. Кои се вашите искуства со овој мотор од Ваген?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom