Дечки доаѓам со ривју за Vivax AEYIs после некое време користење. Прво сакам да напоменам дека сум аматер во областа и имам знаење многу помало од сите вас, но само споделувам кориснично искуство.
Исто така пред да напоменам други работи сакам да го опишам просторот зашто сигурно никој не ми го памти од минатиот пат:
- станува збор за ~ 25м2 од кои 5 квадрати се доградба (затворена тераса). Над затворената тераса(доградбата) е балкон поради што мислам дека имам голема загуба на енергија таму
- живеам на приземје и ништо не ме грее под мене, имам ламинат доле, а сеуште немам купено теписи, а дополнително на доградбата на подот се плочки, а од доле нема изолација
- моментално во просторот немам целосен мебел
- на ниски температури не го греам ходникот дека е голем (дополнителни 5-6 квадрати ако не и јаче), а и ми дува кај вратата од доле и мислам дека без да го решам на ниски температури џабе само ќе го греам, а на повисоки од 8 степени надвор, отварам врата зашто почнува со on-off. Мислам да кажам дека е важно дека не го греам ходникот дека таму е испод 14 степени сигурно и кога се прави влези излези влага ладен воздух
- кај доградбата имам 6 прозори, пвц се, но цел ѕид е со прозори
- изолација немам на ѕидовите
- целосно бетонски со арматура ми се сите ѕидови (освен кај доградбата) и дебелина имаат 30см (тенк не ги руши, но оди загреј го)
- над мене не живее никој, а ни под мене нели дека сум на приземје.
- да не заборавам, имам и прочистувач за воздух
што би рекле на српскиот форум, ти брате грејеш фрижидер
Е сега поинтересното, на ваков простор јас се греам на наместена температура помеѓу 21.5 до 22.5, а додека спијам некогаш и на 20 степени ја ставам, а често ја пуштам и на silent mode. На -3/-4 надворешна што покажува на апликацијата дека е кај надворешната единица, побарана температура на далечинско тогаш 23 степени имав потрошувачка неколку саати што се движеше околу 700w што искрено ме импресионираше(не знам дали е според сите за импресионирање). Општо потрошувачката на температури до кај -1 степен надвор со моја побарувачка од 21.5 степени е околу 400-450w, nad 5 степени знае да спушти и 290w, но тоа е минимумот.
Да ви кажам и за овој 21.5 степени што ја поставувам клима. Кога ќе ја поставам на 21.5 степени, на одалеченест 5 метри и висина од 1.60 имам мерач за температура и мери 23 степени и нешто ситно во децимала.
Како некаде да прочитав дека сте пишале дека температурата што ја бараме од климата треба да биде на висина од 1 метар, а одалеченост од 3 метри од климата во правец на дување на климата. Кај мене на тој експеримент(дури висината не ни беше 1 метар, али ај да не цепидлачам за 10 сантиметри) покажа степен повеќе односно поставена 21.5, а покажа 22.6 степен.
Кога ја поставив климата на 23, на одалеченост 5 метри од климата и висина од 1.6 метри ми покажа 25 степени. (ја пробувам оваа 23 степени зашто некако ми е најфорсирана, ја гледам сите ја користат, но на мене на 23 ми е искрено многу топло).
Си ја најдов некако најидеална температура 21.5, имам проблем што од доле ми е ладно на подот, но за тоа климата тешко дека може да помогне (иако еве веќе се греам месец и подот не е ладен како порано)
Би ми било мило доколку некој ми даде мислење за овој пасус околу поставувањето на температурата за греење, дали сте правеле некои експерименти, дали се очекувани вакви разлики соодност точката на мерење на температурата и побарана температура.(во другиот стан различно се однесува даикинот)
Дневна потрошња ми се движи од 7kw до 12-13kw нели во зависност од денот. Јас сум задоволен. Искрено каков простор имам добро е што клима го грее.
Околу перформансите, климава е ѕверотиња и има снага голема. После dF, кога е температура испод 0, на загубата во температура додека не дувала и влага со потрошувачка од нереални 1300-1700w, а пак ќе кажам ова кога е поставена на 21.5 и после некое време паѓа и модулира на помалку. Којзнае колку и е горната границата да повлече доколку има потреба.
Се греев на -7 степени надвор како од шала, а мислам дека климава би ме греела и -20 да е надвор.
Искрено ако сеа треба да споредам единствена маана на климава е дека нема ниска модулација, али на крај на денот што значат тие 100w повеќе што ги троши кога надвор е топло како денес, кога троши смешно на ниски температури. *малце е и побучна
Сега се отвара прашањето што сите си го помислиле:
Евтин јапонец или скап кинез? Сега за сега скапиов кинез не е лош искрено. Мислам дека Аејиво влева поголема сигурност од Даикинот фтхф што го имаме кај моите. Стварно слатко е да видиш модулирање на 170-180w, но не е слатко на -5 да ти троши блиску до максимумот.
Мое мислење на работите, доколку се зима за спална кај што треба да се спие дефинитивно би земал даикин зашто ќе биде поставен на пониска температура, па да модулира ниско, а и да биде тивок. Истотака доколку добро е изолиран просторот јас мислам дека не е грешка да се оди со Даикин или друг јапанец ипак тие можат да овозможат ниска модулација, а изолираниот простор може да го дозволи тоа. Скап кинез како мојот би земал само доколку имам вака лоша изолација и голема загуба на топлина бидејќи тоа нема воопшто да го осетиш.
Епа така, ако имате некое прашање плус би ми било мило да го одговорам