Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Самото тоа што оној Димитар или како и да се вика отиде да игра у асобал и еден од најдобрите а во Вардар беше и е суеште под просечен играч говори за тоа колку јаки се оние другите што не ги вика Киро , не ги бива……
 
Како ги кажувате тие од Асобал лига ќе помисли човек 10 години играат таму и главни играчи се во екипите, тој Дарко Димитриевски што толку се збори за него секое првенство оваа сезона на 15 натпревари има постигнато 5 ГОЛА, ќе помисли некој за фудбалер се работи, другиот Димитар Димитриоски има 17 гола на 15 натпревари или во просек нешто повеќе од еден гол по натпревар, до пред некоја сезона играше во домашно првенство и не беше ништо посебно, ги има поминато сите младински категории и немаше никаква значајна улога, значи се работи за ЧИСТ ПРОСЕК.
За споредба на квалитетот на лигата доволно е да се каже дека Алкалоид оваа сезона играше против Ла Риоха што моментално е 4то место во Асобал лига, во Шпанија беше нерешено 29-29, во Скопје победи Алкалоид, а Митев постигна 10 гола.

Само човек што никогаш во живот ги нема гледано овие двајца може да ги бара во репрезентација.
 
Последно уредено:
Тоа требало одамна да им се укаже шанса, едниот мислам и доби ама не се задржа у репката. Сигурно има зошто ние ги гледаме 60 мин, плејада селектори ги изгледале на тренинзи кога и беа на пошироки списоци.
Двајцата добиле шанса во минатото. Дарко Димитриевски игра претежно одбрана. Не знам дали луѓево памтат, ама многу се кукаше пред 10 години за да игра он (и дека не бил земан во репрезентација). Па го зедоа и го ставија да игра на неколку утакмици и не се снајде. Добар е во одбрана, за напад баш и не знам (таму воопшто не се снајде тогаш). Другиот, Димитар, играше и порано. Тој е од онаа генерација на Тале, Фитиљ, Велковски, Томовски. Од него требаше да се направи централен бек како играч дури играше по клубовите, ама си остана на лево крило. Еве нека го земат. Ама тој ќе биде на место на кого? Петар или Цветан, двајца играчи на Пелистер (не на Алкалоид).
Мене не ми смета да се проба и со некој друг. Само не знам зошто се мисли дека ќе добиевме некој друг исход. Пак ќе кажам сите сакаат одма успех, а не гледаат дека има големи дупки во генерациите затоа што на младинските првенства настапуваме на секои 8-10 години. Германија е на секое јуниорско и кадетско ЕП или СП. Секаде на тие првенства се во топ 8. Имаат и плус предност што играат во Бундес лигата. Независно дали порано им играл Керман, Фриц, Кречмар, Хенс или некои не толку познати сега, тие стално имале јака база и стално биле на врвот поготово во тие првенства. Се заборава дека и во минатото и со Кире како лидер, и Мојсовски, Алушевски, Диви, Иван Марковски, Ристовски и Ангеловски и Брестовац, ние губевме баражи од Унгарија, од Србија и Црна Гора во еден наврат (таму негде во Аранѓеловац 40ка примивме), Словенија, Исланд, и тоа на некои убедливо се губеше (освен еден бараж со Унгарија што беше тврд) и не гледавме никакво првенство. Па прв пат кога игравме со Швајцарија во некои претквалификации за бараж, игравме катастрофално со солиден тим. Во онаа глупата сала во Кавадарци, не сакам да ги вреѓам кавадарчани ама имаше театар публика - па едно 9 разлика изгубивме дома од нив. На гости памтам губевме 10 разлика, па да дојдеме до некои 5 разлика минус на крај. И тоа збориме за друго време пред некои 18-20 години. Се заборава дека и во два наврати и претквалификации не поминавме, бидејќи игравме нерешено со екипи како Естонија и Литванија.
И јас сакам медал, сакам полуфиналиња да играме, главна фаза како од шала да ја проаѓаме. Ама не е така тоа, бар не засега. Ние на европските првенства имаме вкупно 8 победи - половина од нив во 2012 (кое ни беше како да го играме дома и бевме непознаница за другите екипи, плус тогаш имавме играчи кои играа во Металург кога Металург стигнуваше и до 1/4-финале во ЛШ), една победа против западноевропска земја - Австрија (и тоа благодарение на Кире и Борко).
 
Самото тоа што оној Димитар или како и да се вика отиде да игра у асобал и еден од најдобрите а во Вардар беше и е суеште под просечен играч говори за тоа колку јаки се оние другите што не ги вика Киро , не ги бива……

a koj od decata na kiro ke mozese peskiri da podava u toj vardar?
 
a koj od decata na kiro ke mozese peskiri da podava u toj vardar?
Не вреди да дискутираме за второкласни ракометари како Димитар а тоа што ти ги мразиш Алкалоид и Киро и коментираш све против од инает е друг проблем.Киро е голем професионалец и сака да има успех и како тренер е сеа колку го бива е друг муабет, сеа немој да ми кажеш дека Борко е подобар само затоа што е у Вардар …
 
Толку ни сече како нација, Јагуриновски не може да игра повеќе од 10 минути високо темпо
Имаше едно интервју во само ракомет на Јагуриновски кај шо го прашват дали сметаш дека живееш спортски живот, одма како од пушка си кажа - НЕ.
 
Абе џабе се објаснуваме тој Дарко Велешанецот да го зедоа на едно првенство и толку , се е до систем и колку се форсира .
Јас не знам како не гледате дека репрезентација е фамилијарна т..е. круг на пријатели каде тешко се влегува уште потешко излегува , посебно ако не си подобен.
Сега касно е за нив само пример дадов зошто не беа на поширок список ,сигурно дека овие од Алкалоид не се поарни.
Па Раде Стојановиќ го исфрлила од сред светско оти не беше подобен , и тоа докажан играч со интернационала кариера тогаш мислам во Словенија беше .

До сега да беше друг селектор место Кире 100 пати ќе добиеше шут карта , ама се шлепа на играчка кариера и добро мислење шо има народот за него изградено како играч ...

И ракометот како и се овде е импровизација која досега се задскриваше колку толку ради некои резултати , на таму ако не се примени нешто , а нема ќе види црна дупка наредни години дури не се поклопи нешто стихијно.
 
Не вреди да дискутираме за второкласни ракометари како Димитар а тоа што ти ги мразиш Алкалоид и Киро и коментираш све против од инает е друг проблем.Киро е голем професионалец и сака да има успех и како тренер е сеа колку го бива е друг муабет, сеа немој да ми кажеш дека Борко е подобар само затоа што е у Вардар …

u pravo si ne vredi... rezultatite sve pokazuvaat... od respectabilna repka dojdovme na miki maus reprezentacija koja edvaj grcija moze da ja pobedi. bitno alkaloid i kiro da se zivi i zdravi a ti vaka od vreme na vreme da skokas koga kosovo ili farskite os...(oh ne oni se svetlosni godini pred nas) ke gi tepame
 
a koj od decata na kiro ke mozese peskiri da podava u toj vardar?
Кој деца на Киро?
Му давате кредит за деца шо не ги има направено тој со исклучок на 2ца од неговата школа. (Ѓоргиев,Стојковиќ).

Џонов производ на Пролет
Митев производ на Аеродром/Бутел
Серафимов производ на Металург
Велковски производ на Металург
Омерагиќ производ на Бутел
Савревски производ на Вардар

Велковски пример додека играше за Пелистер/Металург на никој не му сметаше во реп, сега откако потпиша за Алкалоид дете на Киро бил.. истото се однесува и на другите.
Тешко е да се гледа 4 години по ред после само 3 утакмици кај шо си одиме дома, сите сме разочарани и бараме вина во секој и секого.
 
Кој деца на Киро?
Му давате кредит за деца шо не ги има направено тој со исклучок на 2ца од неговата школа. (Ѓоргиев,Стојковиќ).

Џонов производ на Пролет
Митев производ на Аеродром/Бутел
Серафимов производ на Металург
Велковски производ на Металург
Омерагиќ производ на Бутел
Савревски производ на Вардар

Велковски пример додека играше за Пелистер/Металург на никој не му сметаше во реп, сега откако потпиша за Алкалоид дете на Киро бил.. истото се однесува и на другите.
Тешко е да се гледа 4 години по ред после само 3 утакмици кај шо си одиме дома, сите сме разочарани и бараме вина во секој и секого.

site sto gi vlecka so nego se negovi deca od koj zima pari. ic ne mi e gajle koj gi pravel.
 
Кој деца на Киро?
Му давате кредит за деца шо не ги има направено тој со исклучок на 2ца од неговата школа. (Ѓоргиев,Стојковиќ).

Џонов производ на Пролет
Митев производ на Аеродром/Бутел
Серафимов производ на Металург
Велковски производ на Металург
Омерагиќ производ на Бутел
Савревски производ на Вардар

Велковски пример додека играше за Пелистер/Металург на никој не му сметаше во реп, сега откако потпиша за Алкалоид дете на Киро бил.. истото се однесува и на другите.
Тешко е да се гледа 4 години по ред после само 3 утакмици кај шо си одиме дома, сите сме разочарани и бараме вина во секој и секого.

Од кога се појави тој Велковски, коментирав дека поголем инвалид и физички и со “ракометно знаење“ не сум видел на позиција десен бек. Тогаш играше за Металург. Се чудев како има фаци кои мислеа дека има нешто во него.
 
Прв обид -10, втор обид -9

Чекор напред :cool:

Коментари коментари:
- Одбраната овојпат барем направи некои фаули и не бегаше од контакт, за разлика од мечот со Франција, ама разликата во квалитет меѓу дефанзивата на Германија и Македонија беше евидентна. Тука ни е главниот проблем. Кога нема одбрана, нема ни транзиција, нема релативно лесни голови, цело време мора да се игра против поставена дефанзивна линија. Згора на тоа и голманите ни беа релативно лоши на овој натпревар. Да, беа на стрелиште во голем дел од мечот, ама квалитетни голмани и такви топки повремено бранат.
- Ова беше веројатно најлош натпревар на Кузмановски за репрезентација досега. Апсолутна катастрофа. 0-4 шут со 7 изгубени топки. И тоа какви изгубени, директно украдени кои водат до контра или транзиција. Од моментот кога го промаши пеналот се знаеше дека тргна надолу натпреварот за него. Против Германците место да се докаже, се блокираше комплетно. Веќе доволно има искуство за да не смее вакви работи да му се случуваат, ама тоа е што е. Го допре дното, од ова има само нагоре. А Кузмановски ни е потребен нема како да го замениме, настрана коментари на некои кои гледаат ракомет по 2-3 пати во Јануари.
- Митев изигра доста солиден натпревар, и кога тоа се случува против ваква одбрана, влева надеж дека има реален материјал за да може во нешто да се претвори во иднина. Само да продолжи во овој правец.
- Велковски, што да се каже, едноставно, антрополошки не може да одговори на модерен ракомет на ова ниво. Се чини треба постепено да го ставиме во втор план, едноставно не може да игра на вакви натпревари. После последната повреда и дефанзивно е доста паднат.
- Н.Маркоски, фала ти за се досега, може еден коректен испраќај, ти треба здравјето за да си ја продолжиш клупската кариера, не можеме да играме играчи во одбрана што се штедат заради здравје и тоа им ја лимитира борбеноста. Го разбирам, логичен разумен потег прави, но за репрезентација мора да се гине.

И пред првенството клучот знаевме дека ќе биде мечот со Швајцарија. Франција и Германија, реално поминаа во рамки на очекувањата, толку ни е квалитетот моментално.

И аман веќе со тие повици за други играчи. Овие се горе долу најјаките што ги имаме. Какви се такви се, резултатите не се заради изборот на играчи, туку затоа што и најдобрите не се доволно добри.

И крајно време е да почне да се гледа на репрезентацијата со почит, а не да се истакнуваат навивачко-клупски омрази (да не зборувам за чичните и партиски агенди на некои од бившите играчи и јавни говорници).
 
site sto gi vlecka so nego se negovi deca od koj zima pari. ic ne mi e gajle koj gi pravel.
Хахаха како коментираш као Лазаров да го земал Џонов и Велковски а ги оставил дома Сагосен и Хансен. Дај биди реален, немаме моментално квалитетни ракометари, ни повиканиве се квалитетни ни па тие другите нешто вредат што не се повикани. Респектабилна била Македонија, ама знаевме дека кога ќе се растури таа генерација ќе се деси ова. Па кој сакаш нека бира играчи и нека ги тренира.
 
Инаку за да не коментираме само напамет, малку и статистика после првите 2 кола од првенството:

Офанзивнa статистикa (според тип на ситуации):
Offensive stats R2.png


Шут (реализација) статистика:
Shot stats R2.png

Голманска статистика:
GK stats R2.png

Неколку заклучоци:
1. Офанзивно 45% од нападите ни завршуваат со гол, 19ти сме од 24 екипи, просек е 53%
2. Главен проблем офанзивно ни се изгубените топки - 33% од нападите ни завршуваат со изгубена топка, со што сме убедливо последни 24ти, просек е 20%.
3. Реализација на шутеви во првите 2 кола ни е 63%, со што сме 13ти, просекот е 62%. Тоа ќе беше ок, да не беа изгубените топки ќе бевме сосема нормална офазнзивна екипа.
4. Голманите одбраниле 19% од шутевите, со што сме на делба од 21во место.
5. Само 2 украдени топки (22ви) и само 1 блокада (делба 19-23 место). Тоа доволно отсликува до каде ни е одбраната. Да имаше статистика на број на успешни фаули (фаули што не завршуваа со 2мин санкција или пенал), сигурно ќе бевме последни или близу до дното, ама за жал нема за да ја потвридиме оваа логика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom