Бркаш гол, го пушташ Ентони. Изјавите на Тен Хаг после мечов, бруки.
Наредниве 4 месеци ке се права аудиција за Тен Хаг. Ако не наметне свој стил на игра по кој Јунајтед ке биде препознатлив, без оглед на тоа дали ке заврши во топ 4 или не, на лето Јунајтед ке има нов тренер. Тотенхем без петмина најдобри поединци денес на периоди имаше 80% посед, така да, паѓа секое оправдување со повредите. Тотенхем денес, брзо изнасање на топка, на прва, секој играч знае каде да стои, се гледа што сакаат да прават на терен, и со време, се гледа дека само се подобри ке бидат. Јунајтед, како да си ги собрал пред кооперација половина час пред мечот, а веќе 2 години ист тренер. Се е на индивидуални потези. Нема веќе изговори за Тен Хаг со повредиве. Ова слепо играње на одредени играчи ке му се врати од глава. Рашфорд никој жив тренер скоро 10 години не може да го убеди дека мора да трча и назад по играчи.
Навистина не разбирам зашто не го пушти Касемиро последни 10-15 минути, човекот може да даде гол и со нога и со глава. Тотенхем денес покажа дека кога имаш систем, повредите можат да влијаат на резултатот, ама секогаш ке биде видливо што сакаш да направиш на терен. Кога некој би ме прашал што е тактиката на Јунајтед, навистина не би можел да објаснам.