Политички случувања во Израел

Член од
22 декември 2018
Мислења
491
Поени од реакции
692
Не може да се оспори дека Евреите не биле тука и си дошле после 1945та и ги окупирале Палестинците.
Евреите се тука илјадници години. Кога се проширила Отоманската Империја, Евреите спасот си го барале во Европа и Русија каде што се населувале..
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Хамас е организација создадена и оформена од Шеикот Ахмед Јасин како бранч на Муслимански браќа, а нејзиниот идеолошки татко е Ерусалемскиот муфтија Амин Ал Хусеини, личен пријател на Хитлер и творецот на СС вафен Ханџар и Скендербеу дивизиите. Водачите на Хамас сеуште ја имаат сликата на Ал Хусеини во нивните канцеларии. Хамас е исто зло со Бандерашите во Украина. Хамас е нацистичка идеологија.

Не викам дека тоа што се случува во Газа е добро, ниту го оправдувам, но кажување приказни кои врска немаат со реалноста не само што нема да ја подобри ситуацијата, туку уште повеќе ќе ја усложни.

Ајде што е решение според тебе? Решението на што се повикува Хамас, па и Фатах и скоро сите муслимански лидери е уништување на Израел и протерување на Евреите од блискиот исток, тоа ли е решението според тебе ?
Јас не викам дека Биби и компанија го создале Хамас, туку дека си играле со оган и се изгореа. Помогнаа да се створи Голем и сега треба да се справат со него како и многупати низ историјата.

Непобитен факт е дека Израел и западот прават се што можат да ги уништат секуларните Палестински движења за слобода и да им наметнат муџахедини на власт за кои никој нема да има симпатии кога ќе рушат станбени згради во Газа. Али денес гледаме после сите глупости што ги направија САД и Израел на Блискиот Исток последниве неколку декади, луѓе ширум светот застанаа во одбрана на џихадистите.

Хамас е нацистичка идеологија.
Па е, ама и ционизмот е, али ти ова не сакаш да го прифатиш бидејќи си емотивно поврзан со Израел.
Израел е апертхејдска и расистичка држава каде не-евреите се граѓани од втор ред, а посебно Палестинците се стока која треба да се избрка од тие простори.

Они се избран народ од Бога а остантите се подлуѓе, истата приказна што им се случуваше на нив пред 80 години.

Не викам дека тоа што се случува во Газа е добро, ниту го оправдувам, но кажување приказни кои врска немаат со реалноста не само што нема да ја подобри ситуацијата, туку уште повеќе ќе ја усложни.
Кои се тие приказни што немаат врска со реалноста?

Не викаат Израелски политичари дека треба други држави да ги вдомат Палестинците? Викаат
Не вика Биби дека се бори против Амалек? Вика
Не викаат дека се God's chosen people? Викаат
Не убија 30 илјади цивили? Убија
Не ја срушија пола газа комплетно на најбрутален начин? Ја срушија
Не му помогнаа на Хамас да ја зграпчи власта во Газа? Му помогнаа

Малце оф-топик, но, ја следеше војната во Сирија, таму нели беа Хамас и ИДФ заедно против Асад?

Ајде што е решение според тебе?
Да им се даде автономија на Палестинците и да престане Израел да ги тероризира.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.926
Поени од реакции
5.067
Не може да се оспори дека Евреите не биле тука и си дошле после 1945та и ги окупирале Палестинците.
Евреите се тука илјадници години. Кога се проширила Отоманската Империја, Евреите спасот си го барале во Европа и Русија каде што се населувале..
Каде „..се тука илјадинци години...„, кога е познато дека после разурнувањето на Ерусалим во 70-тата г. од.н.е. се поробени, протерни и растурени низ тогаш познататиот Свет (римското Царство со средоземните држави).

Исто така е познато дека ционистичката идеја се однесува на возобновувањето на античкиот Израел со доселување на Евреите на тогашната (1947/8г.) палестинска земја а не на некоја наследено нивна земја...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Не може да се оспори дека Евреите не биле тука и си дошле после 1945та и ги окупирале Палестинците.
Евреите се тука илјадници години. Кога се проширила Отоманската Империја, Евреите спасот си го барале во Европа и Русија каде што се населувале..
Еврејското иселување од Палестина нема врска со Отоманската империја, повеќе има врска со крстоносните војни и монголските освојувања. Чак што више, кога Шпанија ги брка Султанот ги прима сефардите во својата империја.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.762
Поени од реакции
34.012
Кој ги брани? Јас јавно го критикувам владеењето на Биби. И јасно и гласно сум против она што го прават во Газа, пошто очигледно нигде не води...
Па изгледа дека Евреите Ционистите не се согласуваат со тебе (исто како и реалноста). Пошто ова што го прават во Газа а и во Западниот Брег - точно води кон етничко чистење. Дефакто тоа е целта. И дејуре е така, затоа што безброј изралски официјални претставници точно тоа го кажаа... Другар, искрено има некоја когнитивна дисонанца во колективниот запад и во голем дел од светот кој е под директно влијание на западот: Некое колективно лудило и затварање очи пред геноцид и етничко чистење на Палестинците. Тоа кога ќе се спомне, се игнорира и се повторува филмот дека Евреите некој сакал да ги уништи. Пошто да, Евреите многумина сакаат да ги уништат (и имаат прилично добри причини за тоа)... Но во моментов таму во Израел никој не се обидува да ги уништи Евреите, но самите Евреи ги уништуваат и етнички ги чистат Палестинците.

Зарем за нив не важат истите правила? Евреите имаат „морална дозвола“ да прават геноцид? Мислам еј, нели е сулуд муабетов сам по себе? Ги разбирам Евреите што го наметнуваат тоа лудило и го продаваат филмот, не не разбирам зошто го купува некој што не е Евреин.
Автоматски споено мислење:

Не може да се оспори дека Евреите не биле тука и си дошле после 1945та и ги окупирале Палестинците.
Евреите се тука илјадници години. Кога се проширила Отоманската Империја, Евреите спасот си го барале во Европа и Русија каде што се населувале..
Кои „Евреи“?
Европјаните практувачи на Јудеизам? Или вистинските Семити и етнички Евреи кои повеќе ги има низ целиот регион отколку во Израел?

Пошто доселениците од 1945-та НЕ СЕ ЕТНИЧКИ ЕВРЕИ. Не се Семити. Разберете го тоа еднаш, не е тешко за разбирање.
Иронијата е што токму Палестинците се Семити, и токму Израелците се антисемити.
Автоматски споено мислење:

Малце оф-топик, но, ја следеше војната во Сирија, таму нели беа Хамас и ИДФ заедно против Асад?
Ич не е офтопик.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Јас не викам дека Биби и компанија го создале Хамас, туку дека си играле со оган и се изгореа. Помогнаа да се створи Голем и сега треба да се справат со него како и многупати низ историјата.
Како мислиш помогнале да се створи голем? Хамас е таков каков што е од своето основање, Израел нема врска со Хамас, ниту го потпомага ниту ништо, Палестинците се доволно глупи да ја следат таа идеологија.

Непобитен факт е дека Израел и западот прават се што можат да ги уништат секуларните Палестински движења за слобода и да им наметнат муџахедини на власт за кои никој нема да има симпатии кога ќе рушат станбени згради во Газа. Али денес гледаме после сите глупости што ги направија САД и Израел на Блискиот Исток последниве неколку декади, луѓе ширум светот застанаа во одбрана на џихадистите.
Како е тоа непобитен факт? Газа има избори и ги гласа Хамас за свои владетели. Хамас го уништи самата насилно Ал Фатах во Газа што важеше за понерадикално движење.

Па е, ама и ционизмот е, али ти ова не сакаш да го прифатиш бидејќи си емотивно поврзан со Израел.
Израел е апертхејдска и расистичка држава каде не-евреите се граѓани од втор ред, а посебно Палестинците се стока која треба да се избрка од тие простори.

Они се избран народ од Бога а остантите се подлуѓе, истата приказна што им се случуваше на нив пред 80 години.
Во моментот кога Израелската држава се создаде во Палестина, не беше Израел кој повика војна против Арапите, туку токму Амин Ал Хусеин го повика буквално цел муслимански свет да ги избркаат Евреите од Палестина. Што требаше Евреите да направат, да смкнат гаќите и да чекаат нов холокауст?

Кои се тие приказни што немаат врска со реалноста?

Не му помогнаа на Хамас да ја зграпчи власта во Газа? Му помогнаа
Како му помогнале, кои се тие факти дека Израел ги донел Хамас во Газа. Израел има убиено најмалку 10тина високи водачи на Хамас, вклучително и Ахмед Јасин. Како тоа помага да дојдат на власт?

Малце оф-топик, но, ја следеше војната во Сирија, таму нели беа Хамас и ИДФ заедно против Асад?
Хамас во Сирија беа рамо до рамо со ИСИС, против Асад. Тој истиот Асад што вдоми милиони Палестинци и кој водеше неколку војни против Израел, токму за тие Палестинци. И тие истите Палестинци што беа вдомени во Сирија се кренаа против Асад. Што се однесува до Израел и Сирија тие се е дејуре во војна веќе над 50 години. Граѓанската војна во Сирија нема ама никаков импакт врз војната помеѓу Сирија и Израел.
Автоматски споено мислење:

Да им се даде автономија на Палестинците и да престане Израел да ги тероризира.
Имаат Автономија во Газа.
Автоматски споено мислење:

Па изгледа дека Евреите Ционистите не се согласуваат со тебе (исто како и реалноста). Пошто ова што го прават во Газа а и во Западниот Брег - точно води кон етничко чистење. Дефакто тоа е целта. И дејуре е така, затоа што безброј изралски официјални претставници точно тоа го кажаа... Другар, искрено има некоја когнитивна дисонанца во колективниот запад и во голем дел од светот кој е под директно влијание на западот: Некое колективно лудило и затварање очи пред геноцид и етничко чистење на Палестинците. Тоа кога ќе се спомне, се игнорира и се повторува филмот дека Евреите некој сакал да ги уништи. Пошто да, Евреите многумина сакаат да ги уништат (и имаат прилично добри причини за тоа)... Но во моментов таму во Израел никој не се обидува да ги уништи Евреите, но самите Евреи ги уништуваат и етнички ги чистат Палестинците.

Зарем за нив не важат истите правила? Евреите имаат „морална дозвола“ да прават геноцид? Мислам еј, нели е сулуд муабетов сам по себе? Ги разбирам Евреите што го наметнуваат тоа лудило и го продаваат филмот, не не разбирам зошто го купува некој што не е Евреин.
Не ми е гајле кој се согласува со мене, а кој не. Тоа што се прави во Газа е грешка, во најголем дел тоа е грешна на Биби, и некои луѓе околу него. И никако немаат морална дозвола да прават нешто такво.

Но од друга страна, да кажуваш дека имаат добри причини да се уништат Евреите е во најмала рака истото она што го прави Израел во Газа.

Евреите дефакто според моменталната констелација на силите, нема да може вечно да се одбрани од нападите на Муслиманите. Ќе дојде еден ден кога муслиманите ќе имаат сила да го уништат Израел. Тоа ќе биде нешто што светот досега го нема видено. Да имаа до сега сила муслиманите, ќе го стореа тоа уште во 1948. Без око да им трепне, без никаква емпатија, без никакво пазење на жени и деца. Слично како што го направија тоа во Сирија и Ирак со Христијаните.

Тој мајндсет ли треба да го оправдувам ?
Автоматски споено мислење:

Пошто доселениците од 1945-та НЕ СЕ ЕТНИЧКИ ЕВРЕИ. Не се Семити. Разберете го тоа еднаш, не е тешко за разбирање.
Иронијата е што токму Палестинците се Семити, и токму Израелците се антисемити.
Што се доселениците, ако не се Евреи, Турци ?
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.762
Поени од реакции
34.012
Не ми е гајле кој се согласува со мене, а кој не. Тоа што се прави во Газа е грешка, во најголем дел тоа е грешна на Биби, и некои луѓе околу него. И никако немаат морална дозвола да прават нешто такво.
Проблемот е што токму реалноста не се согласува со тебе.
Небитно е што мислиш ти (или јас, или било кој), кога Израел сеедно си тераат со етничко чистење и геноцид - и ако некој трет фактор не се вмеша - Израел ќе успеат во етничкото чистење и геноцид а со последиците освен Палестинците ќе се справуваме и ние во Европа.

Но од друга страна, да кажуваш дека имаат добри причини да се уништат Евреите е во најмала рака истото она што го прави Израел во Газа.

Евреите дефакто според моменталната констелација на силите, дефакто нема да може вечно да се одбрани од нападите на Муслиманите. Ќе дојде еден ден кога муслиманите ќе имаат сила да го уништат Израел. Тоа ќе биде нешто што светот досега го нема видено. Да имаа до сега сила муслиманите, ќе го стореа тоа уште во 1948. Без око да им трепне, без никаква емпатија, без никакво пазење на жени и деца. Слично како што го направија тоа во Сирија и Ирак со Христијаните.

Тој мајндсет ли треба да го оправдувам ?
Јас реков дека ги разбирам Евреите зошто го прават ова злостроство. Не ги оправдувам, но ги разбирам... Тоа што не го разбирам е зошто ти ги оправдуваш.

Ич да не навлегуваме повторно во муабетот дека Израел е направен за „раздели и владеј“. Постои затоа што големи сили стојат зад нив, и ќе престанат да постојат кога големи сили нема да стојат зад нив. Дури ни нуклеарно оружје нема да го спречи тој исход. Тоа е реалноста.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Јас реков дека ги разбирам Евреите зошто го прават ова злостроство. Не ги оправдувам, но ги разбирам... Тоа што не го разбирам е зошто ти ги оправдуваш.
Кај ги оправдувам? Тука?
Тоа што се прави во Газа е грешка, во најголем дел тоа е грешна на Биби, и некои луѓе околу него. И никако немаат морална дозвола да прават нешто такво.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.926
Поени од реакции
5.067
Ич да не навлегуваме повторно во муабетот дека Израел е направен за „раздели и владеј“. Постои затоа што големи сили стојат зад нив, и ќе престанат да постојат кога големи сили нема да стојат зад нив. Дури ни нуклеарно оружје нема да го спречи тој исход. Тоа е реалноста.
Обновувањето на државата Израел е изворна еврејско-ционистичка идеја, реализирана со западно-советска поткрепа, одлука и помош.

Навистина, Израел е „набутан„ меѓу арапски држави и меѓу другото, ја врши улогата на „чивија„ и причина за раздор меѓу арапаските соседни на Израел, слично како што нашиот западен сосед е чивија, измислена и напикана меѓу балкански староседелни народи.

Израел е редовна причина за константните немири и војни кои се случуваат на Блискиот Исток од ‘48-мата па до денес...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Не те цитирам, ти го парафразирам општиот став.
Се разбираме ваљда и без семантика.
Ставот ми е тој. Не ги оправдувам. Само го внесувам тоа што го знам во муабетот. Пошто многу глупости се зборат, хазари, мазари, измислени истории.

Ставот за конфликтот генерално ми е дека најважно е заради општо добро да се смири. Израел јадеше убав стап во Октомври, ама ова не е решение. Ако набргу не се смири конфликтот на Блискиот исток, многу веројатно ќе ескалира и нема да не заобиколи ни нас. Ако не директно, тогаш индиректно, ќе не регрутираат по улици. Како што ми изгледа, Израел игра на карта на целосна ескалација, а истото веќе го прифати и другата страна (ако не го и иницираше).

Израел нема да престане да постои, пред да ги употреби тие 70+ боеви глави кои ги има во сопственост. Така да секој сон дека Израел ќе престане да постои е еднаков на сонот на стрико, дека Русија ќе престане да постои. Тоа е едниствениот факт кој е важен во оваа ситуација. Без разлика дали САД е позади него или не.

Воопшто кога зборам за било која нација или држава, прво ја гледам ситуацијата од нивни аспект. Во случајов ја гледам и од аспект на Израел и од аспект на Палестина. Многу е лесно да си ја надградуваш ситуацијата према твоите видувања. Па така тебе ти е полесно да кажеш дека Хамас е творевина на Израел, затоа што тоа се поклопува со твоите размислувања и све ти прави логика ако Хамас го креирале Мосад. Но за жал не е така. Хамас го извршија овој напад кој го подготвувале со години и ги начекаа Израелците со спуштени гаќи. И пошто размерот на операцијата и последиците се поголеми од било што, што досега го снашло Израел, Израел се решава да го зголеми и размерот на одмазничката операција, во однос на тоа што го правел во минатото.

Од страна на Израел има доста луѓе кои се спротивставуваат на оваа операција, фрлајќи вина на Биби дека не го спречил нападот. Реално моментално Израел постои 70 и кусур години. Има околу 7 милиони Евреи (не сум сигурен), има изградено безбедносна и секаква инфраструктура. Тоа е реалноста. Е сега ти викаш да ги снема пошто не припаѓале таму, како ќе ги снема?

Еве да се ставиме на местото на Хамас, што се постигна со ова? Од територија која не е во владение на Израел, област која е автономна со сопствена власт и све тоа по ред, се напаѓа Израел и му се нанесува 1300 жртви. Не ли е тоа објава на војна? Имајќи ја во предвид историјата на конфликтот и фактот дека после секоја терористичка акција, следи одмазда (така е веќе повеќе од 60 години), што друго можеше Хамас да очекува? Што требаше да постигне? Влегува во Израел и убива невини луѓе. Можеби Хамас ја сака оваа ескалација и токму тоа е тоа што сака да постигне, нов Саладин кој ќе го освои повторно Ерусалим и ќе ги избрка неверниците како во минатото. А гледавме како тоа изгледа во Сирија и Ирак.

Нема разум во овој конфликт и нема невини страни. Додека со Палестинците владеат структури како Хамас и додека со Израел владеат војници (Сите до еден премиери и големиот дел од владите), никогаш нема да има мир на Блискиот исток. Не се само Израелците криви за тоа, Израелците се таму 120 години, војните таму се вечни и без нив.

Можеби ти си мислиш дека Израел е таму за раздор, но кој го правел раздорот претходно? Напротив како што биле крстоносците на времето, така е денеска Израел, извор на сплотеност. Ако некогаш Муслиманите биле единствени по некој став, тогаш тоа е во 2 периоди од историјата, првиот период се крстонсните војни, и ставот дека четирите крстоносни кралства треба да се уништат, а вториот период го живееме, а тоа е ставот дека Израел треба да се уништи. Све друго во историјата на муслиманите е крвава борба за превласт.

И на крај, не верувам дека Изарел има било какви аспирации да ја освои Газа. Ќе бомбардира и на крај ќе остане статусот на Газа таков каков што беше и претходно.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Хамас е творевина на Израел, затоа што тоа се поклопува со твоите размислувања и све ти прави логика ако Хамас го креирале Мосад. Но за жал не е така.
Израел нема врска со Хамас, ниту го потпомага ниту ништо,
Добро бе, има ли според тебе некој релевантен човек, чии изјави ќе ги земеш за валидни, вистинити... или само ти си тој...
Ги негираш изјавите на Ха-Биби и на Енглези дека со години они ги финансираат и дека баш им се потребни и после демек твоето е вистината.
Намерите на лидерите на Хамас од пред некоја деценија и со овие врска немаат. Лидерите на Хамас слободно уживаат во Катар, слуги на јенките, ама ни тоа нема значение.

Хамас го извршија овој напад кој го подготвувале со години и ги начекаа Израелците со спуштени гаќи. И пошто размерот на операцијата и последиците се поголеми од било што, што досега го снашло Израел
Да да, ги држат и следат како глувци затворени во кафез, ама не знаеле дека спремаат напад. Ај демек што не знаеле, ама па изгледа 6ч им требало да си ги најдат гаќите за да ги активираат безбедносните сили. Последиците од режираниот напад не се само од Хамас, туку самите Изралеци троа појќе им помогнале убивајќи свои. Нормално ти ној се правиш.

Можеби Хамас ја сака оваа ескалација и токму тоа е тоа што сака да постигне, нов Саладин кој ќе го освои повторно Ерусалим и ќе ги избрка неверниците како во минатото.
А на Израел (ционистите) никако не му одговараше оваа провокација. Во историјата не постојат примери кога намерно провоцираат другиот прв да почне, за народот на власта да им даде зелено. Перл Харбор според тебе се е легитимно.

Како што ми изгледа, Израел игра на карта на целосна ескалација,
Нема врска, не се они такви, они само сакаат лошите хамасовци да ги истребат, се друго е колетерална штета.

Амин Ал Хусеин го повика буквално цел муслимански свет да ги избркаат Евреите од Палестина. Што требаше Евреите да направат, да смкнат гаќите и да чекаат нов холокауст?
Ова е еден од најголемите докази дека си субјективен и само еднонасочно размислуваш.
Значи само ционистите имаат право да се бранат, сите други треба да спуштат гаќите и да ги чекаат нив да ги преебат. Нема од каде не ги бркале, ама никако они не биле криви, сите други се виновни :tapp:
Велам ја имало нешто ционистичко во тебе, штом само нив ги браниш и оправдуваш. :D

Им дошле дома, одземаат имотите, малтретираат, убиваат со децении, ама Палестинците не смееле да се бранат, бидејќи они се избраните, сите други треба да се мирни, послушни. Е со таа пропаганда, белата раса сама си ја стави ортомата околу вратот + сама го шутна столчето.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.437
Поени од реакции
11.356
Израел и да не ги помага дирекно Хамас (што не е за верување) индиректно ги помага доста со гаѓањето на цивилни згради каде гинат нечии брат,сестра, дете, татко, мајка и со тоа по автоматизам се ствара желба за одмазда, бонус е што ги имаат избркано на клоци од дома и напикано во појасот па мислам колку и да си мирољубив ке ти дојде преку кур
За последниот напад не ги жалам израелците од причина што сами дозволија да бидат нападнати за да имаат причина да ги збришат палестинците али како и да е еден ден ке го платат цехот е сега имале нуклеарки ама очигледно ке мораат да си ги фрлат сами на себе ако сакаат да ги сотрат палестинците
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.762
Поени од реакции
34.012
Ставот ми е тој. Не ги оправдувам. Само го внесувам тоа што го знам во муабетот. Пошто многу глупости се зборат, хазари, мазари, измислени истории.

Ставот за конфликтот генерално ми е дека најважно е заради општо добро да се смири. Израел јадеше убав стап во Октомври, ама ова не е решение. Ако набргу не се смири конфликтот на Блискиот исток, многу веројатно ќе ескалира и нема да не заобиколи ни нас. Ако не директно, тогаш индиректно, ќе не регрутираат по улици. Како што ми изгледа, Израел игра на карта на целосна ескалација, а истото веќе го прифати и другата страна (ако не го и иницираше).

Израел нема да престане да постои, пред да ги употреби тие 70+ боеви глави кои ги има во сопственост. Така да секој сон дека Израел ќе престане да постои е еднаков на сонот на стрико, дека Русија ќе престане да постои. Тоа е едниствениот факт кој е важен во оваа ситуација. Без разлика дали САД е позади него или не.

Воопшто кога зборам за било која нација или држава, прво ја гледам ситуацијата од нивни аспект. Во случајов ја гледам и од аспект на Израел и од аспект на Палестина. Многу е лесно да си ја надградуваш ситуацијата према твоите видувања. Па така тебе ти е полесно да кажеш дека Хамас е творевина на Израел, затоа што тоа се поклопува со твоите размислувања и све ти прави логика ако Хамас го креирале Мосад. Но за жал не е така. Хамас го извршија овој напад кој го подготвувале со години и ги начекаа Израелците со спуштени гаќи. И пошто размерот на операцијата и последиците се поголеми од било што, што досега го снашло Израел, Израел се решава да го зголеми и размерот на одмазничката операција, во однос на тоа што го правел во минатото.

Од страна на Израел има доста луѓе кои се спротивставуваат на оваа операција, фрлајќи вина на Биби дека не го спречил нападот. Реално моментално Израел постои 70 и кусур години. Има околу 7 милиони Евреи (не сум сигурен), има изградено безбедносна и секаква инфраструктура. Тоа е реалноста. Е сега ти викаш да ги снема пошто не припаѓале таму, како ќе ги снема?

Еве да се ставиме на местото на Хамас, што се постигна со ова? Од територија која не е во владение на Израел, област која е автономна со сопствена власт и све тоа по ред, се напаѓа Израел и му се нанесува 1300 жртви. Не ли е тоа објава на војна? Имајќи ја во предвид историјата на конфликтот и фактот дека после секоја терористичка акција, следи одмазда (така е веќе повеќе од 60 години), што друго можеше Хамас да очекува? Што требаше да постигне? Влегува во Израел и убива невини луѓе. Можеби Хамас ја сака оваа ескалација и токму тоа е тоа што сака да постигне, нов Саладин кој ќе го освои повторно Ерусалим и ќе ги избрка неверниците како во минатото. А гледавме како тоа изгледа во Сирија и Ирак.

Нема разум во овој конфликт и нема невини страни. Додека со Палестинците владеат структури како Хамас и додека со Израел владеат војници (Сите до еден премиери и големиот дел од владите), никогаш нема да има мир на Блискиот исток. Не се само Израелците криви за тоа, Израелците се таму 120 години, војните таму се вечни и без нив.

Можеби ти си мислиш дека Израел е таму за раздор, но кој го правел раздорот претходно? Напротив како што биле крстоносците на времето, така е денеска Израел, извор на сплотеност. Ако некогаш Муслиманите биле единствени по некој став, тогаш тоа е во 2 периоди од историјата, првиот период се крстонсните војни, и ставот дека четирите крстоносни кралства треба да се уништат, а вториот период го живееме, а тоа е ставот дека Израел треба да се уништи. Све друго во историјата на муслиманите е крвава борба за превласт.

И на крај, не верувам дека Изарел има било какви аспирации да ја освои Газа. Ќе бомбардира и на крај ќе остане статусот на Газа таков каков што беше и претходно.
Mногу моменти начнуваш, но сеуште тезата ти останува неубедлива... Во ред е што прво се обидуваш работите да ги видиш од нивна израелска перспектива, но овде ситуацијата е таква да споредни се и израелската и палестинската перспектива. Споредни се во однос на реалноста дека проблемот со Палестина и Израел постои и настрана од Палестина и Израел, всушност паралелно со нив. Или директно од устата на еден од извршителите на одговорните за проблемот: „Израел да не постоеше, ќе моравме да го направиме“. Всушност неговите газди и баш се тие што го направија Израел... Реалноста е дека да не постоеја Израел и Палестина како два спротиставени актори, ќе имаше слична ситуација со некои други ентитети. Всушност и има, само никаде во другите кризни жаришта се нема направено таков антагонизам и анимозитет како со Палестина и Израел. Затоа што никаде на друго место не е вметнато такво „страно тело“, како што е тоа примерот со Израел во Палестина. Тука најдобро е изведен принципот на раздели и владеј, до таму да Израел е клин за раздор во целиот регион (и важна алатка за контрола на целиот регион).

Но нејсе, мене не ми е сега до тоа (повторно) да продолжуваме варијанта на дискусијата за јајцето и(или) кокошката. Само сакам да ти објаснам дека мене воопшто не ми е сонот Израел „да го нема“. Ако морам да одберам сон, мој сон, кој е поврзан со сето ова - тогаш мојот сон е конечно веќе еднаш да се деси пробив во науката со што енергетиката нема да зависи од фосилни горива, и поважно - нема да зависи од ниеден ресурс кој ќе може да биде манипулиран и монополизиран од една страна (или мал број страни).

Така да.... Сакам да ти нагласам (уште еднаш) дека премногу влегуваш во детали, до толку да не ја гледаш целата слика (од дрвата не ја гледаш шумата). Никој од нас не е целосно (ниту секогаш) објективен, но ти во овој случај овде премногу емотивно и затоа необјективно гледаш на работите. Градиш некои тези каде до крајност симплифицираш сѐ, за да дојдеш до тој став што го имаш... На крај само уште ова: Кога ќе дојде времето да ниедна голема сила нема да има интерес да го држи Израел во постоење, сите тие нуклеарни боеви глави нема да го спасат Израел. Без разлика што секако ќе употребат некои од нив. Разумот некогаш го снемува кога луѓето се носат до крајните граници на трпење, и до целосно загрозување на егзистенција. Посебно сега кога е извесно дека нуклеарно оружје во регионот не е екслузивост на Израел. Некои стапови се добри за мафтање... Се додека повеќе не се.
Автоматски споено мислење:


 
Последно уредено:
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.626
За избирање страна е многу лесно, гледаш на која страна се бачињата и нивниот лидер на форумот Кајгана, бачето над бачињата, господинот "во Русија лобирањето е забрането со закон" исто познат како Ванлок, и ја пикираш спротивната.
Па така во конфликтов секој нормален би бил на страна на ционистите.
Фала Ванлок, станав фан на ционистите, склеротичниот Бајден, почна да ми се гади од Асанж, Сноуден, ми се одмилија и Жижек,Чомски и Миршајмер. (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom