- Член од
- 14 август 2018
- Мислења
- 4.984
- Поени од реакции
- 11.350
Ако ние сакаме да бидеме држава и за нашите деца, и за нашите внуци…Стварно ништо не е изградено дури и со Чебрен изгледа ништо нема да биди. Се откажале грците а некои политичари тоа го претставија како успех за државата. Малце несватливо ми е.
Ако ништо не се гради и е така се пусто - тоа е успех.
Ако нешто се гради огромен проект- тоа е неуспех.
И зошто, дека грци биле.
Или пак ние ќе сме го граделе, ќе било национално државно
Ние како држава за 30 години ни проект немаме нацртано на хартија, тоа како се вика физибилити визибилити, не пак ќе сме го изграделе
Најголема глупост и предавство ќе биде да им го дадеме Чебрен и ХЕЦ Тиквеш на грците!
Глупост од епски размери оти не само што производството на струја ќе им го дадевме да печалат на наш грб и ресурси наредни 50 години, туку и водоснабдувањето на цел тиквешки регион ќе го загрозевме!
Или забораваш која е примарна задача на ХЕЦ Тиквеш?! Утре ќе им прдне, ќе речат нема вода за наводнување, ќе си ја чуваат за производство нив кога ќе им одговара!
А и Чебрен каков што е (како и сите останати хидро-централи) не е базен капацитет, туку ќе биде батерија!
Нас Чебрен реално и не ни е потребен! Бар не со сегашниве отепани капацитети!
Ни треба базен капацитет кој ќе ја замени РЕК и ќе ја држи цела мрежа на плеќи! Најмалку 1000MW/h капацитет!
А тоа ти е, или нова термо-централа(за која немаме наоѓалишта на јаглен! Ама битно на школо на лажеа колку ни била земјава богата со ресурси

Или нуклеарна централа (сами да се рокнеме

Или најреалната опција, гасна-централа, која па и немора да биде лоцирана на едно место, туку може со комбинирани постројки да се размести низ градовите по 200-300MW/h
Што пак значи дека треба да градиме истовремено 4-5 капацитети исто времено или еден по еден…
Немаме ни пари, ни поштени, ни стручни луѓе за тоа! Ни па за било која друга опција…
Така да, ќе ни прават политичарите соларни, ќе не крадат.. и ќе си продолжиме да си увезуваме струја како и секоја отепана афричка колонија. Што всушност и сме..