Еден лик имаше напишано пост тука дека Израелциве ќе ја изораат Газа без око да му трепне, така и бидна.. Хутиве нека размислат со кого си имаат работа и нека не претеруваат..Без коментар.
Автоматски споено мислење:
Based Houthi:Хутиве нека размислат со кого си имаат работа и нека не претеруваат..
ок бе само за тебе.Интересно како сите поддржувачи на ционизмот ги снема од темава кога стана и повеќе од јасно дека една од целите е етничко чистење, да не кажам геноцид на Палестинците во Газа па и Западен Брег.
А и првичниот напад на 7 октомври на Хамас што нели ги изненади ИДФ некако слабо се коментира откога самите Израелци си признаа дека доста цивили биле убиени и ранети од Израелски хеликоптери и тенкови.
Изјавите на Биби, претседателот и разни политичари, министри, моќници, инфлуенсери, итн од Израел се запрепастувачки. Таква омраза и дехуманизација покажува на идеолошка заслепеност, разумот е очигледно тргнат настрана.
Само неинформиран или злобен човек може да го поддржува ова што се случува во Газа.
Наспрема изјавите на муслиманските лидери, кои само им посакуваат све најдобро на Израелците.Изјавите на Биби, претседателот и разни политичари, министри, моќници, инфлуенсери, итн од Израел се запрепастувачки. Таква омраза и дехуманизација покажува на идеолошка заслепеност, разумот е очигледно тргнат настрана.
Добро, и?Наспрема изјавите на муслиманските лидери, кои само им посакуваат све најдобро на Израелците.
Хамас е организација создадена и оформена од Шеикот Ахмед Јасин како бранч на Муслимански браќа, а нејзиниот идеолошки татко е Ерусалемскиот муфтија Амин Ал Хусеини, личен пријател на Хитлер и творецот на СС вафен Ханџар и Скендербеу дивизиите. Водачите на Хамас сеуште ја имаат сликата на Ал Хусеини во нивните канцеларии. Хамас е исто зло со Бандерашите во Украина. Хамас е нацистичка идеологија.Добро, и?
Нема никогаш да го бранам исламот бидејќи ние во Македонија го знаеме неговото вистинско лице.
Меѓутоа џабе го извртуваш муабетот тука кога Израелците се агресорот веќе 100 години во Палестина.
Муслиманите го збореле истото како Израелците, но тие ја немаат моќта да вршат геноцид. Овие другиве ем го зборуваат истото ем уништуваат еден цел народ и никој ништо не им може.
Политичари во Израел викаат други држави да ги соберат Палестинците од Газа, јавно си најавуваат етничко чистење и кур ги боли. Биби вика дека се бореле против Амалек(Библиски непријател на Евреите), ако ова не е идеолошка/религиска заслепеност тогаш не знам што е.
Верувам и самиот знаеш дека Хамас е доведен на власт во Газа со помош на израелски и западни служби за да го уништат секуларното движење на Палестинците кои до пред 40-50 години се интелектуална елита за Блискоисточни стандарди.
Денеска Палестинците се еден неук и тотално истрауматизиран народ на кој ќе му требаат многу нови генерации израснати во мир и спокој додека не се стабилизираат.