Не постојат такви бројки. Максимална казна изразена во бројка според КЗ кај нас е 20 години. За одредени дела (меѓу кои и ова дело) може да се изрече казна доживотен затвор. За истите тие кривични дела, мислам дека се околу десетина на број, за кои може да се изрече доживотен затвор (само за нив), има опција да се изрече алтернативна казна затвор во траење од 40 години.
Не ќе да се залага за западни политики овој србинот. Од партијата Двери е, на Бошко Обрадович, кои (барем декларативно) се десничарска партија и свртени се кон истокот, а не кон западот.
Апсолутно не е точно. Не знам дали некој те излажал, лошо си прочитал/слушнал, или ти сам си измислуваш, ама за свирепо убиство може да се изрече доживотен затвор (нормално, без разлика на полот на жртвата).
Тука треба да се спомне и дека првичната квалификација со која тргна обвинителството не е свирепо убиство, туку убиство заради користољубие (што не менува многу во поглед на казната, бидејќи и убиство заради користољубие се казнува исто така и со доживотен затвор).