Скоро па 2 години од воените случувања во Украина и понатаму нема јасни показатели како би можела да заврши.
Она што за сега е јасно е дека Украина повеќе не постои, дали остатокот ќе може да се трансформира и опстане е тешко да се предвиди.
Како што и можеше да се очекува постојаното и агресивно однесување на ОТАН на крајот доведе до интервенција на РФ, интервенција со цел заштита на своите национални интереси.
За сега сите се фокусирани кон изборите кои ќе ги има во оваа 2024 и скоро па сите очекуваат дека можеби тие ќе бидат спасоносното решение и ќе доведат до деескалација. Моето уверување е дека тоа нема да се случи, конфликтноста помеѓу стариот и новиот свет се толку големи што без да се принудат ЕУСА (им се одземе позицијата на хегемон и главен “демократизатор“) до некаква деескалација не може да дојде, мора овие да се принудат за да дојде до промени, принудата е само преку ќотеќ за кој велат дека е во Рајот измислен.
до сега во оваа глобална војна најголеми губитници се:
1. Украина, ... таа повќе не постои во своите граници но и забрзано го губи својот човечки потенцијал...
.. на место мобилизација во остатокот од Украина се врши могилизација, тажно ама вистинито.
внимавајте ова е видео од 03.01.2023 денес сме 09.01.2024 како ли сега изгледат овие гробишта и колку ли се проширени!
За да се избегне могилизација луѓето се снаоѓаат како знаат, па почнаа да се продаваат маски за да ...
2. ЕУ, се игра на карта дека ЕУропска е некаква државна творба и дека ете таа нешто губи, може и така да се гледа ама целиот овој проблем настана затоа што 3-те големи европски сили сакаа да се прошират на сметка на остатоците од СССР па малку им беше тоа туку поскаа и на територијални(економски или територијални не менува нешто много) на Руската федерација. За сега се буди сонот во Германистан потвторно сега обединети како ОТАН конечно ја растурат РФ, она што е сигурно е дека “ќе биде интересно останете на каналот“ (Васко Брзозборко).
3. други земји на НАТО, освен САД (вазалите секогаш први страдат)
4. Русија (губи човечки потенцијал и добива непријателски народи кои до вчера беа во иста држава)
5. други земји во светот (економски застој)
Единствениот победник (досега) е САД (така тие сакат и се гледат - сепак се работи за влажни соништа).
Генерално, проблем е што секој што изнесува пристојни аргументи очекува заедно со аргументите да се прифатат и нивните квалификации.
-------
Интересна вест која ако се покаже за вистина ветува добра представа/понатамошна ескалација!
Turcia a cedat în războiul Mării Negre. Navele SUA și Marii Britanii pot trece pentru operațiuni. Acordul va fi semnat în această săptămână la Istanbul cu România și Bulgaria, fiind invitate și alte țări NATO.
newsweek.ro
Newsweek на ро. пренесува...
Турција и понатаму си прави трговија, договор: да пушти 2 брода од членките на НАТО во Црното Море (шпекулации: Велика Британија и Норвешка) во мисија за деминирање, би впловиле миноловци.
Како награда ТР, од САД ќе може да набави нови Ф-16 и ги ремонтира старите.
Се очекува договорот да се потпише во следните неколку дена, вклучени се Бугарија и Романија, а поканата ќе биде отворена и за другите...