Малце се претерува со ова чуда.
Објективно работите стојат така што Јувентус не игра во ЛШ или ЛЕ, со што има само еден меч неделно. Оваа привилегија од моменталните топ 10 екипи во Италија ја имаат само 3 тимови: Јувентус, Болоња и Торино.
Понатаму, да бидеме малку сериозни, за ниво на Серија А, нема Јувентус така лош состав како што тоа некогаш се претставува. Во одбрана ги имаш Бремер и Данило, средина Рабио, Локатели, напад Киеза и Влаховиќ. Тоа ти се 6 од 10 играчи кои може слободно да бидат тим за Скудето во Италија, anytime.
Фали трет играч во средина на повисоко ниво (нешто од типот на Барела во Интер) и со пополнување место од други солидни играчи имаш комплетен состав за Серија А.
Само Интер има подобар состав од Јувентус во Италија и тоа се гледа на табелата во моментот. Сите други се полоши.
Не се претерува. Факти се во прашање.
Не е важно колку натпревари играат неделно или месечно, важно е дали играчите се спремни да се носат со притисокот и предизвиците.
А тоа најмногу зависи од нивниот квалитет.
Јувентус го има најслабиот состав во последните 25 години. Веројатно и многу повеќе од тоа али еве да речеме во тој период.
Буквално во втора лига имаа многу подобар состав и во периодот после тоа. Да не зборувам за периодот пред тоа.
Јувентус во моментов нема ниту еден играч од светска класа, односно играч кој би играл прв тим во било кој светски тим. Има само 1 многу добар играч и толку. Другите се просечни и надпросечни.
Алегри во моментов од мука се потпира на куп младинци од кои реално само 1 има потенцијал да биде одличен играч на кој нешто посериозно ќе може да се очекува за 5-7 години од сега. Останатите се за фросиноне.
Дополнителна потврда дека и лани имавме слаб состав ќе видиш по тоа каде завршија тие што го напуштија Јувентус. Сите завршија у послаби клубови од Јувентус. Истото важи и за оваа група.
Во моментов никој не би играл во тим подобар од Јувентус.
Моменталниов состав е скроен за 4то место и ништо повеќе од тоа. На сето тоа не помагаат и случувањата со Погба и Фаџоли.
Единствена причина зошто сме толку блиску до Интер е Алегри.