Абе чоек нов тренер ама без можност тој да одлучува кој да се купи зашто очигледно од тоа си патиме, на кој му текне си праи кур на кејф па заглавуваме со играчи како Антони, Мегваер итн. Најбитно исто е да земат некој што ке може со моменталниов ростер да вади резулатати, односно да постави игра а не да треба десет нови да се носат за да се исполни неговата замисла
Има Тен Хаг вина, не е спорно, но со моменталниов ростер на играчи кои се подготвени за игра ни Пеп, ни Анчелоти не може да донесат резултат. Истата мака ја имаше и Клоп лани во поголем дел од сезоната.
Нема баланс во сите зони баш поради тоа.
Со Шо, Мартинез, Касемиро, Маунт мислам дека друга слика би имале на терен. Па и Мегваер пред повредата беше одличен.
Од трансферите на Тен Хаг се згреши со Антони и можеби Онана (иако за него уште е рано да се каже, но киксовите го изедоа).
Лани Касемиро и Мартинез беа топ засилувања. Ериксен беше добра зделка. Маласиа одличен кога беше на терен, за бекап на Шо беше измислен.
Годинава Маунт мака мачи со повреди и прерано е за да се даде мислење дали е флоп, Бајиндир е за бекап, Амрабат и Регилон принудни позајмици и Еванс за 5ти избор на стопер.
Нас после САФ ни фали лик како Гил до него, башка не знам скаутиве што следат.
Се надевам со Џим Ратклиф ќе се смени нешто во тој дел. Во ПЛ има доста добар избор на играчи кои треба да се атакува. Олисе ми е се поомилен во последно време.
Sent from my SM-A750FN using Tapatalk