Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
23 август 2010
Мислења
39.290
Поени од реакции
113.337
Сите да ги споиш вкупно еден асолен нема да излези :D
Тоа дека јас не сум на сликата, нели? :pipi:

Ок ок Урко и Марио, ајде избодете ме очигледно се наместив на пенал се да ви ебам на двајцата јас а па укурац више.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Прекин направија со чадот, останати во 89-та, матер им. Треба сега дополнително да дремам 10 минути. И овие од Џенова, ние им излегуваме во гостински бел дрес тие излегуваат во готински жолт ванаби Борусија Дортмунд дрес, матер им и ним, да не може човек да гледа на раат.
Автоматски споено мислење:

Како сме истрошени, не е ни така лош резултатот вечерва.

Бепе, лапај го овој Драгушин догодина, штокурац.
 
Последно уредено:

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.901
Поени од реакции
44.849
Teska greota denes, i na teren i pokraj teren,mnogu zadocneti izmeni i nikakov plan za napad na 3 boda. Zasluzen bod sve na sve zemeno, bez Lautaro teski tekmi macenje ke ni se definitivno, padnavme odma na prv ispit.

Steta nema odmor a ocajno ni treba, uste umrenion super kup so nov format ni falese sred sezona, glumenje ludilo na drug kontinent.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.651
Поени од реакции
7.300
Лошо, ептен лошо, поблиску до пораз него до победа.

Не ми е јасно, го извади Арна а го остави Турам, кој имаше ужасна партија, се што допре заврши во гол аут.
Нека одморат, нека се стабилизираат, нека се испијанат, нека прослават. Во новата година да продолжиме со победите.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Каков куртон овој Инзаги, со право се лутеше Барела, да сум на негово место следната у прва минута ќе напраам жут. Ебате пичката.
Мртви измени, мртви играчи не му постојат на терен ни да проба да смени нешто ни бутур.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.901
Поени од реакции
44.849
Можеме coping да правиме и да идеме со муабетот не може све да се победи и слично, во моментов сме на плус 5 и тн, ама реално ако сакаме титула ваквите утакмици се слика и прилика да го наметнеме тој шампионски муабет и да испратиме некаква порака, а ние потфрламе, сепак правиме муабет за екипа што сака да биде Шампион на Италија, не второ или трето место, не повеќе.

Пред некое коло тука директниот ривал киксна, добар психолошки буст за нас, а удар за нив ќе беше ако ние изрутиниравме денес, ние не само што тоа не го направивме, и овој бод, такви какви што бевме, и со сомнителен гол, едвај го заслуживме, првата корна ја имавме некаде на 15 минути до крај, или 20.
Друга работа, можевме да бидеме на плус 7 пред дуел на јувентус со Рома, дерби е, колку и да се умрени Рома со Мурџо пропаднатиот маг, барем прави притисок над јуве, вака ги куражиш и дразниш да ти дојдат пак на -2. Ова сеа што го набројав, го правеше денешниот меч прилично битен за нас, али потфрлифме дебело, не зашто не победивме, туку ради фактот што едноставно бевме светлосни години од муабетот дека сме заслужиле нешто повеќе од овој бод.

Друга работа е играта, непрепознатлива, многу лоша, и влечење пак на оние брејнфак потези, измена во 88ма, не една, туку 2 неискористени до тогаш. Па или идеш на победа, и користиш све што имаш од клупа и ги менуваш оние кои се ништо на терен до кај 80та, или си задоволен со тоа што се дешава на терен и мењаш во 90та, да искинеш темпо и да освежиш екипа. За вакво нешто би им кинел од плата на тренери, за ова, и за фактот што го игра Микхитаријан док не умре и те како треба да му се замерува на тренерот, дури и кога е урнебесно лош ерменецот плус изморен, си вози на терен 90 минути, ок е, олабавено малце, не смее он да остануе на терен а Барела да биде изваден, кога бркаш 3 бода!

Се надевам ова беше инцидентно вакво издание, и не почна нашата зимска голгота, кога наеднаш забораваме да играме фудбал до кај некаде средина на Февруари, или крај на тој месец. Нештата сеуште се во наша полза, ама според мене денес милом или силом мораше да се победи и лично многу ме фрустрира фактот, не што не победивме, туку што со изданието на терен не ни покажавме дека ги посакуваме тие 3 бода кои и те како ќе ни значеа во моментов, нарочито не во второ кога наместо да запнеме, ние имавме една полуприлика за гол од прекин.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.995
Поени од реакции
9.609
Заебанка екипа се Џенова, и со пун состав тука ќе ни беше тешко гостување. Генерално слаба утакмица изиграа, одбраната потфрли неколку пати у бранење на прекини, нападот и везниов ред многу бледо.. мене само не ми е јасно зашто Класен добива шанса пред Сенси? Буквално со ништо не заслужил, као ги гледаш кога трчаат, сите имаат некоја поента, само он трча ко изгубен. И да, веќе неколку години немаме измени за бркање победа… се мења позиција за позиција и да се надеваме на најдоброто..
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.162
Поени од реакции
12.950
Еднаш у 25 години нема да ги гледам и одма циркуз напраиле...

Sent from my SM-S918B using Tapatalk
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Коа ќе погледнеме реално од новите засилувања само Турам функционира и игра. А тоа е така пошто мора да игра јер нема кој друг. Инзаги е премногу спор и неписмен што се однесува на уигравање на нови играчи у тимов. Фратези нема поима од фудбал, силеџија и тркач, влага на завршени утакмици а некогаш кога треба да смени нешто у играта, да нападнеме и слично, дечкото не знае кај тера.
Исти курац е и со Аугусто, да влезе на завршена утакмица кајшто ништо не праиме па сам да трча по страна на уморен противник и да мава остри центаршутеви. Еве го игра 2 утакмици по ред прва поства дружето нема благе везе. Ниту еднаш до сеа откако стартувал не изиграл добро. Аслани исти кур, влага ради реда, нит сменил тек, нит умртвил игра нит ништо. Апсолутно 0 конкуренција за турчинот кој си го лади курот и не постои на терен. Дармијан толку знае и толку може како офанзивен бек, го умре од играње, 0 импровизации, 0 обиди да се смени нешто да се измисли. Стај го бе Фратези на десен бек, има сила за трчање. Миктаријан игра до смрт иако некогаш знае да биде изгубен германец, а и да не е, кој кур јеботе 40 години има го праиш како да е Снајдер у составов. У одбрана исто проба да глуми лудило со Павард, дечкото од Баерн Минхен доаѓа кајшто играше 4 години по ред сите утакмици без престан, Инзаги ќе му кажува ти уморен си, ти неугиран си, ти треба да научиш Ачерби кај движи и Џанго. Таман почна да игра прва постава, се повреди, сеа еве демек го откривме новиот Лусио у Бисек и ајде нека игра црнчето.
Земал го вади Барела на жут картон како најглупиот човек на светот, општо, ова му е еден од најсрамните потези во фудбалот на Инзаги, панично да вадиш играч со жут картон, неосновано, без памет, па прелесно ќе те научат противниците бе ќе ти местат играч за жут да добие и да го извадиш од игра, како смешко некој глуп. Значи него не му е битно да победи, побитно му е да не му добие некој играч црвен картон. Сите играчи се доволно паметни и свесни дека со жолт картон треба да го смалат интензитетот и да бидат внимателни. Барела не е толку глуп играч да добие црвен во моменти кога бркаме победа и е најдобар и клучен играч за истата. Искочи и тотално замреа сите наши обиди за било што. Постојат играчи у светот на фудбалот, у сите екипи, што не искачаат од игра доека сами не побараат измена, не може преку таквите играчи ти да праиш некои тактички измени или вакви глупирања со картони. А и на тие курчеви состаноци му укажува ли некој на истово, некој од стручен штаб, некој играч, или е толкав инат и глупак затуцан што никој не може да го убеди у спротивното. Друг играч ќе му напраи проблем за ова, Барела 2-3 пати негодува до сеа, Бастони исто е нервозен кога искача ради иста причина, нека не кур се праи паметен многу многу Инзаги пошто уште 4-5 месеци има да си ја спаси работата која моментално далеку од тоа дека му виси на конец, ама свесни сме сите дека потенцијално неосвојување на Скудето годинава ќе значи отказ, а и да не значи отказ од управата мислам дека играчите ќе го пуштат по вода.

Далеку е од црвен аларм ова, Јувентус нема капацитет да тепа све до крај, и на нив им треба еден до два порази и ќе паднат, башка у втора полусезона сите тешки утакмици им се на гости. Милан се на стаклени нозе, имаат капацитет да врзат серија на победи и да се приклучат ама таму имаат некоја прикриена граѓанска војна, така да моментално не ги гледам како опасност, освен ако не се средат и почнат да играат.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.995
Поени од реакции
9.609
Барела не е толку глуп играч да добие црвен во моменти кога бркаме победа и е најдобар и клучен играч за истата. Искочи и тотално замреа сите наши обиди за било што. Постојат играчи у светот на фудбалот, у сите екипи, што не искачаат од игра доека сами не побараат измена, не може преку таквите играчи ти да праиш некои тактички измени или вакви глупирања со картони. А и на тие курчеви состаноци му укажува ли некој на истово, некој од стручен штаб, некој играч, или е толкав инат и глупак затуцан што никој не може да го убеди у спротивното. Друг играч ќе му напраи проблем за ова, Барела 2-3 пати негодува до сеа, Бастони исто е нервозен кога искача ради иста причина, нека не кур се праи паметен многу многу Инзаги пошто уште 4-5 месеци има да си ја спаси работата која моментално далеку од тоа дека му виси на конец, ама свесни сме сите дека потенцијално неосвојување на Скудето годинава ќе значи отказ, а и да не значи отказ од управата мислам дека играчите ќе го пуштат по вода.
Како ќе кажеш :D

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Фратези нема поима од фудбал, силеџија и тркач, влага на завршени утакмици а некогаш кога треба да смени нешто у играта, да нападнеме и слично, дечкото не знае кај тера.
Не. За другите се согласувам, ама за Фратези не. Сега првава година ќе ја игра така со влегување од клупа. Кога ќе добие повеќе прилика да стартува ќе видиш дека е одличен играч.

Земал го вади Барела на жут картон како најглупиот човек на светот, општо, ова му е еден од најсрамните потези во фудбалот на Инзаги, панично да вадиш играч со жут картон, неосновано, без памет, па прелесно ќе те научат противниците бе ќе ти местат играч за жут да добие и да го извадиш од игра, како смешко некој глуп. Значи него не му е битно да победи, побитно му е да не му добие некој играч црвен картон. Сите играчи се доволно паметни и свесни дека со жолт картон треба да го смалат интензитетот и да бидат внимателни.
Ова да. И ајде да беше ран жолт картон па да треба цел натпревар да го играш без играч ако добие црвен, ама не во последни 15 минути каде и да добие црвен, а нема, пак ништо нема да се случи. Ова може да се врати како бумеранг и во друга смисла, не само што играчите негодуваат, туку ќе се случи и во клучни моменти кога играч ќе мора да стартува за картон, импулсивно да одбере да не стартува за да не биде заменет. Па да примиме безвезе гол подоцна во акцијата.

Друга работа е што не знам од каде му е оваа филозофија, не сум видел ни еден друг тренер да реагира вака панично на картони. Се вади играч ако има жолт а видиш дека не може да се смири, и понатаму оди остро, па судијата го вика на разговор малце... тоа е веќе знак дека е доста за денес.

На страна тоа, друга работа што ме плаши во врска со ЛШ е тоа што во последно време играме многу повеќе без топка, дозволуваме противникот да игра па им отвараме резултат и ги полниме. Ова со ретки исклучоци, како вчера, оди мазно во Серие А. И вчера да го имавме Лаутаро наместо Мики ќе ги отворевме во некоја контра, Мики е супер играч да влезе од втор план и да даде гол (Милан си знае) ама вчера се најде на позицијата на Лаутаро на која нема физичка сила и брзина да се избори за простор и да упати силен удар. Треба да играме повеќе на посед и да го уиграме тоа подобро пред дуелите со Атлетико и евентуално ако поминеме со некоја подинамична екипа. Затоа што со тактика како против Џенова ќе ни утрпаат гол од прекин и ќе го паркираат автобусот и тие, па ќе се чудиме што не нашло. Исто проблем е што ако ги оставиш Ачерби и останатите цел натпревар да чистат ситуации пред голот, порано или подоцна некој ќе погреши. Малку жал ми падна за Ачерби, човекот здив нема земено, вода течеше од него вчера цел натпревар.

Инаку за вчера немам многу што да кажам, фалат доста важни играчи. Дел од тие што играат редовно се обидуваат да додаваат до Арна и до Аугусто на ист начин како што го прават тоа до Лаутаро и до ДиМарко, само што овие двајца не можат да го следат тоа, некогаш не ни втрчуваат на топката, изненадени се, некогаш се преспори или не реагираат доволно добро. Потребен ни е и Дамфриз за вакви натпревари, без офанзивен бек не може да се пробие. Ако една работа беше погрешна, тоа се задоцнетите измени. Како и да е, бодот не е лош, ова е веројатно најлошо што можеме да одиграме и ете пак не губиме. Штом ќе се комплетираме ќе се вратиме на победите.

Инаку вчера навистина ми остави впечаток романецот во Џенова, мислам дека би бил идеален наследник на Ачерби, 21 годинa има, играше вчера и напред и назад, неверојатен натпревар одигра. Окото да го прибере би имале супер стопер за подолг период.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Како ќе кажеш :D

Губевме тука и секако немаше да ја свртиме, Конте беше тренер кој беше познат како пичка на гостовања против појаки противници нарочито у ЛШ, плус не беше втор жолт туку престрог црвен. Не замарај :D

Не. За другите се согласувам, ама за Фратези не. Сега првава година ќе ја игра така со влегување од клупа. Кога ќе добие повеќе прилика да стартува ќе видиш дека е одличен играч.
Срамотен е податокот што играч како Миктаријан кој беше донесен за резерва да игра без престан прва постава, пред играч кој е потенцијал, платен 30+ милиони, репрезентативец на Италија и некој од кој очекуваш да биде првотимец во најблиска иднина. Па само кај нас го има ова бе, не ме јеби, 23 години има и да му треба цела сезона за да се уигра. Што ти гарантира па дека ќе игра и следната сезона кога ќе дојде Зиелински? Преспоро уигрува играчи Инзаги и тоа е факт што некад ќе му се одбие страшно од глава.

Друга работа, кога играше Брозовиќ централно, Хакан беше леви везни офанзивен везњак, си отиде Броз, Хакан е префрлен на центар и нема мрднато од таму, дали е стварно толку глуп Инзаги и заборавил дека Хакан може да ги игра сите позиции у средина. Во моменти кога си дозволуваш да го вадиш Барела и на негово место го ставаш Класен, што кур те кошта да го пуштиш Аслани централно а Хакан и Миктаријан лево и десно од него. Комбинирај некогаш и така, Аслани прва постава, Барела и Хакан на страна од него, стај го Сенси центар, нека ораат Барела и Хакан околу него.
Многу е ограничен понекогаш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom