Premier League - 2023/2024

Шампион за 23/24 ќе биде?


  • Вкупно гласачи
    232

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.360
Поени од реакции
12.773
да му ебам мајката, втор пат истово срање се случува, со 500 камери на стадион и технологии не можат да видат топката дали е излезена.:facepalm:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.900
Поени од реакции
73.082
Ќе речат дека само фановиве на Арсенал се буниме за одлукиве на Вар, ама сите сомнителни ситуации кои се тешки за оценување ги досудија против Арсенал.
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.360
Поени од реакции
12.773

ne znam tuka so e sporno, topka gledas li pred linijata, NE, epa kako go priznavas golot wtf
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.291
Поени од реакции
113.340
Ќе речат дека само фановиве на Арсенал се буниме за одлукиве на Вар, ама сите сомнителни ситуации кои се тешки за оценување ги досудија против Арсенал.
Прашај ги Пулци, највеќе се осакатени од Вар сезонава.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.918
Поени од реакции
4.298
Скоро иста дешавка ко Шпанија - Јапонија на светското
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.900
Поени од реакции
73.082
Прашај ги Пулци, највеќе се осакатени од Вар сезонава.
Да, заборавив на раката на Одегард минатата утакмица.

Како и да е, просто неверојатно е како Арсенал изгуби еден куш ситуации на Вар во овие две сезони, кои слободно можеа да завршат со поинаква одлука. Ко божем поголемите екипи имаа малку ветар во грб од судии... :D

Одлукава за голов беше 50-50. Со оглед на тоа што првично досуди гол, веројатно му требаа цврсти докази за да го поништи. На снимкава повеќе личи дека е надвор топката со цел обем, ама не може да се каже со 100% веројатност, бидејќи играчот ја крие.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.952
Поени од реакции
8.134
За жал ебаните правила велат дека првичната одлука на судијата е најбитна, а за да се смени треба clear and obvious error да биди што овде ни едното ни другото се гледа.

Како и да е, годинава колку што се добри Арсенал во пресинг толку се лоши во завршница. Премногу комплицирање и неконкретни акции.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.900
Поени од реакции
73.082
За жал ебаните правила велат дека првичната одлука на судијата е најбитна, а за да се смени треба clear and obvious error да биди што овде ни едното ни другото се гледа.

Како и да е, годинава колку што се добри Арсенал во пресинг толку се лоши во завршница. Премногу комплицирање и неконкретни акции.
Тоа е кога немаш напаѓач.
Со кловнови ко Жезус и Нкетиа не се освојува титула. Резервите боранија. Нелсон, Нкетиа, Смит роу, еден играч не можеш да составиш од нив.
Нормално е дека во некој дел од сезоната ќе има пад во форма на првотимците и две години по ред се случува во ист период. Сака и Мартинели и Зинченко дрва, ама па и нема со кои играчи да ги смениш. Мартинели со една нога и најочајна форма е подобар од Нелсон. Рајс со прва лоша утакмица.
Лесно е за протовникот, брани се со сите играчи и чекај на контра. Нема кој да заврши акција. Некогаш ќе има и вакви порази, иако Арсенал имаше целосна доминација. Ама премиер лигата е таква што вакви киксови не се дозволени.
Арсенал ако некогаш сака да освои титула, под итно треба да донесе напаѓач.
Дали тоа бил Соланке, дали Тони ќе го воскреснат, дали 100 милки ќе дадат за Осимен, нема поинаков начин за да освоиш титула.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.325
Поени од реакции
18.547
Шо навивачи се тие кои го напуштаат теренот десет минути пред крај да ми је знати, таквите поарно и да не одат на натпревар, џабе местото го зафаќаат.
За спорната одлука мислам дека топката треба целосно да е зад линијата за да е гол аут, во случајот не беше, на видео снимката се виде тоа поубо.
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.518
Поени од реакции
2.363
Ништо не им менува на Арсенал првиот гол, Вест Хем дојде со замисла да се брани и успешно го направи тоа од прва до последна минута. Арсенал премногу вртење, тртење, комплицирање и импотентност во нападот. Очај беше.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom