Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    697

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.508
Украинците исто како нас, за кеиф на американците, а ќе имаат држава исто колку што имаме ние.
Сврти се околу тебе и види колку останавте таму, следна фаза е увоз на мигранти од по Африка и блиски исток, и е неминовна ако сакаме да привлекуваме инвестиции/задржиме тие што се таму, а и воопшто, да се одржуваат фондовите. За 30 години откако ќе почне тој процес, македончето ќе остане малцинство, и кога се свртиш за што се бореле нашите?

Истото е и со овие, им осакатија цели генерации, 7+ милиони раселени беа бројките уште на почеток, илјадници милијарди во долгови.
Ако го немаш гледано The International, топла препорака да го гледаш, да видиш која е поентата и на заемите што се даваат од нивните западни "пријатели".

Проблемот е што ќе прави западот за да се извади од гомната, овие на исток отсекогаш биле отепани и ќе останат, ама на запад се повеќе фамилии едвај врзуваат крај со крај, а беа учени да живеат на грбот на цел свет и како чорбаџии.
Абе интересен филм, ама што врска има тоа со Украина?
Ако на украинците им е изборот да бидат „ќеиф на Американците“ или раселени/убиени од русите за да се населат чечени на нивно место (двете се твои зборови) не гледаш колку лесен и убедлив избор имаат? Што би одбрал ти?
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.873
Поени од реакции
6.050
Ако некој мисли дека Украина ја следат светли денови, без разлика од исходот на војнава, тотално е делузивен.
Ај да разговараме како ќе излезе Русија од војнава, може?
Мое скромно мислење е дека моментално русите како нација прават жртва и ја ставаат државата пред себе со цел да се извади подобар исход во СВО. Тоа е патриотски и видливо, сепак има друга страна на паричката. Се што е сега моментално паузирано / жртвувано ќе се рестартира од кога оваа војна ќе заврши. Луѓето ќе почнат да се грижат пак за себе, ќе си го бараат она што им следува, нарочно оние кои војувале. Ветерани, инвалиди, вдовици, мајки на загинати, сираци, раселени, бегалци... сите ќе го бараат она што им следува. Со тоа, ајде да го анализираме најдобриот исход за Русија.

=== Тотална победа на Русија.===
Русија ја поразува Украина, зграбува земја онолку колку што планира да зграби, краде она што планира да го краде и сега треба да почне обновата.
Санкциите ќе си продолжат, не очекувам западот да попушти, границите ќе останат затворени, трговијата се уште ќе стагнира.
Русија сега ќе треба да се соочи со многу проблеми:
- ветерани кои се здрави и живи и сега имаат потреба од работа, ако му се верува на Путин од претходната изјава има 400к активна војска во Украина, кои сега ќе се вратат дома и немаат работа. Бизнисите и работните места кои порано ги вработувале овие 400К нема преку ноќ туку така да се рестартираат, ќе треба време. Фабриките нема туку така да се реконвертираат од воена индустрија во комерцијална индустрија, исто ќе треба време. Значи преку ноќ Русија ќе добие 400К нови невработени за кои треба да се грижи.
- Ветераните кои се инвалиди или некако повредени кои не можат лесно да конкурираат на пазарот на труд ќе треба да бидат социјално помогнати. пензии, инвалидски пензии, медицинска грижа за рехабилитација итн инт - дополнителен товар на економијата
- Семејства на загинати војници. Сега е војна и не знаат дали се живи или не, ама кога војната е веќе добиена, а некој дома не се вратил, ќе се кренат многу прашања. Која е бројката на загинати. Како тие семејства ќе бидат обештетени? како тие семејства ќе бидат згрижени? како и каде тие сираци ќе ја градат својата иднина? Кој ќе го плати сето тоа?
-ветерани од украинска страна кои се сега дел од Русија. Што со нив? ќе ги убијат сите? ќе ги затворат сите? ќе ги вработат сите? ќе ги згрижат сите? ќе им даваат социјална поддршка, воена пензија на сите? кој и од каде ќе ги плати нив?
-Популацијата од разурнати бивши воени подрачја. Линијата на фронт е огромна и длабока. Низ цела линија камен на камен не остана, се е срамнето со земја. Како ќе се изградат нови живеалишта? кој ќе го финансира тоа? која економија ќе го поддржи тоа? колку милиони луѓе од покорената Украина ќе бидат на социјална помош и како товар на руската економија.
- Упорно зборувате дека Украина е тотално разурната и уништена економски - да, така е. Ама во случај на победа на Русија ќе биде само уште една покраина или република во Руската Федерација.кој ќе се грижи и финансира разурната корумпирана држава? која економија ќе го поднесе сето тоа?
-Кога во историјата на Русија сте виделе силна обнова на разурната земја? СССР дишеше од репарации и крадење ресурси од „сојузнички држави“ на крај самата пропадна. Русија има изградено 3 метрополи: Петерсбург, Москва и Сочи. Украина до пред 2014 имаше повеќе од тоа.

зошто да може да очекуваме? Кога во историјата СССР или Русија изградила друга држава? Ако Русија некогаш го направило тоа немаше компарацијата да биде „Маршалов план“ ќе беше „Горбачев план“ или „Путинов план“ , ќе имаа пример за нешто што веќе се случило.
Интересни прашања се ова, никогаш не поставени во темава, и секако, со огромен потенцијал за дискусија.

Огромен дел од луѓето од териториите кои сега се под Русија, и во иднина би можеле да станат дел од РФ се или раселени внатре во Русија, или пак на запад.
Зборуваме овде за бегалци од 2/3 милиони, ако не и повеќе кои Русија ги прими.

Како успеваат сите овие да ги социјализираат во руското општество? На голем број од нив им решија станбено прашање, работа, училиште, помош за децата итн. итн.

Значи, збориме за народ кој е 5 пати повеќе од војниците кои се на терен.
Утре, дел од тој народ ќе се врати назад кога ќе има можност, бидејќи, секако, носталгијата си го прави своето и сигурно некој би одбрал да живее во Мариупол отколку во Перм.

Од друга страна, тие региони се богати со рудни богатства, со земјоделски и секако има огромни индустриски комплекси како што можеше да видиме.... Азовстал, фабрика за пластика, рудници и фабрика за сол, итн. итн. Мега објекти кои ќе треба да се рестартираат. Огромен број на луѓе ќе биде ангажиран таму.

Да не почнеме со сектор како градежништво, мало стопанство и останати сектори кои ќе се отвораат на тие територии. А збориме за земја од големина на една Португалија, која е густо населена, во споредба со Сибир.

После војнава има поголема можност на Русија да им требаат работници во сите сектори за возобновување на Доњецк, и ќе носат луѓе од Стан републиките, Кореа, Кина, може и од Индија, Пакистан.

Секако, обичниот народ нема некој голем аир да види од сето тоа, туку тајкуни и ратни профитери ќе си ги лапнат тие ресурси, но сепак, ќе се осети раздвижување во економијата и ќе се отворат нови работни места.

Голем дел од војниците ќе останат како платена војска и ќе бидат праќани по Африки, Јужна Америка... Ќе се отвораат нови жаришта, како на пример Венецуела итн. итн.
 
Член од
25 ноември 2017
Мислења
234
Поени од реакции
242

...нешто многу клинтоновски :) сте ја направиле анализата, сакам да кажам "глупоамерикански". Прво и основно секоја војна е "изгубена" или "добиена" многу пред воопшто и да почне, второ ..во секоја , ама буквално во секоја победиле преживеаните.Ако ја гледаме пак економската реалност во некои временски рамки, сега големиот, главниот губитник е Европа. Америка си го врати или уште го враќа Маршаловиот план,што и е погрешен потез, а Русија најпосле почна да размислува ко "енглез" и да се однесува како треба со истите, а не да се глупира со "словенската" душа и слично.Со Кина во шпилот станува уште покомплицирано по американците.Нажалост тие во ова делење имаат само тараби.Изборот им е или трети ред партер или нуклеарно самоубиство.Наше е само да гледаме сеир и се надеваме дека не се до толку глупи.Што се на купче е многу неизвесно , но очигледно се има случено и порано , пред оваа цивилизација која ја знаеме и тумачиме.. ;)
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.508
Интересни прашања се ова, никогаш не поставени во темава, и секако, со огромен потенцијал за дискусија.

Огромен дел од луѓето од териториите кои сега се под Русија, и во иднина би можеле да станат дел од РФ се или раселени внатре во Русија, или пак на запад.
Зборуваме овде за бегалци од 2/3 милиони, ако не и повеќе кои Русија ги прими.
до сега каква е нивната судбина? се знае ли?
Како успеваат сите овие да ги социјализираат во руското општество? На голем број од нив им решија станбено прашање, работа, училиште, помош за децата итн. итн.
решија стамбено прашање на 2-3 милиони? сериозно? дај не ме заебавај. Во Мариупол изградија 2 нови згради од 10 спрата и трубеа цел месец за „обновата на Мариупол“. Дај слики или било какви линкови од вести каде имаш информација дека им се решило стамбеното прашање.
2-3 милиони се 4-5 Скопјиња, каде се новиве градови и згради?
Значи, збориме за народ кој е 5 пати повеќе од војниците кои се на терен.
Утре, дел од тој народ ќе се врати назад кога ќе има можност, бидејќи, секако, носталгијата си го прави своето и сигурно некој би одбрал да живее во Мариупол отколку во Перм.
Се слагаме, останува да видиме каде и на што ќе се вратат.
Од друга страна, тие региони се богати со рудни богатства, со земјоделски и секако има огромни индустриски комплекси како што можеше да видиме.... Азовстал, фабрика за пластика, рудници и фабрика за сол, итн. итн. Мега објекти кои ќе треба да се рестартираат. Огромен број на луѓе ќе биде ангажиран таму.
Азовстал постои колку што постои Порцеланка во Велес - урнатина. За бизнис и отворање работни м,еста треба многу повеќе од урнатина. Треба објект нов, треба машини за производство, треба стручна работна сила, треба администрација и најбитното пласман. Навистина мислиш дека туку така се ќе се рестартира?
После војнава има поголема можност на Русија да им требаат работници во сите сектори за возобновување на Доњецк, и ќе носат луѓе од Стан републиките, Кореа, Кина, може и од Индија, Пакистан.
Кои бизниси мислиш дека ќе имаат потреба од работна рака? Па невработеноста во Русија беше голема уште пред војната, после војната со сите санкции и затворени бизниси ради мобилизација, кога ќе се вратат војниците од фронт - ќе се зголеми невработеноста.

Секако, обичниот народ нема некој голем аир да види од сето тоа, туку тајкуни и ратни профитери ќе си ги лапнат тие ресурси, но сепак, ќе се осети раздвижување во економијата и ќе се отворат нови работни места.
за првото- болдот, звучиш како разумен граѓанин, за второто - неболдираното, звучиш како политичар. Ѓоамити пупки на пролет се ова, да се отворат работни места
Голем дел од војниците ќе останат како платена војска и ќе бидат праќани по Африки, Јужна Америка... Ќе се отвораат нови жаришта, како на пример Венецуела итн. итн.
Кој ќе плаќа 400К војници бе другар? за каква војна ќе ги плаќа?

...нешто многу клинтоновски :) сте ја направиле анализата, сакам да кажам "глупоамерикански". Прво и основно секоја војна е "изгубена" или "добиена" многу пред воопшто и да почне, второ ..во секоја , ама буквално во секоја победиле преживеаните.Ако ја гледаме пак економската реалност во некои временски рамки, сега големиот, главниот губитник е Европа. Америка си го врати или уште го враќа Маршаловиот план,што и е погрешен потез, а Русија најпосле почна да размислува ко "енглез" и да се однесува како треба со истите, а не да се глупира со "словенската" душа и слично.Со Кина во шпилот станува уште покомплицирано по американците.Нажалост тие во ова делење имаат само тараби.Изборот им е или трети ред партер или нуклеарно самоубиство.Наше е само да гледаме сеир и се надеваме дека не се до толку глупи.Што се на купче е многу неизвесно , но очигледно се има случено и порано , пред оваа цивилизација која ја знаеме и тумачиме.. ;)
во ред е ако мислиш дека размислувам глупоамерикански, ама ај кажи како треба да размисалувам?
освен слободарски идеали, ништо конкретно не кажа
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.873
Поени од реакции
6.050
решија стамбено прашање на 2-3 милиони? сериозно? дај не ме заебавај. Во Мариупол изградија 2 нови згради од 10 спрата и трубеа цел месец за „обновата на Мариупол“. Дај слики или било какви линкови од вести каде имаш информација дека им се решило стамбеното прашање.
2-3 милиони се 4-5 Скопјиња, каде се новиве градови и згради?
Го решаваат цело време. Околу 5-6 милиони имаат бегалци од Украина, најмногу примија. Пола, или околу 2-3 милиони стално ќе останат во Русија, и многу од нив веќе добија руско државјанство и работа. Некои веќе и апартмани. Други, се згрижени во фамилии или во моментални живеалишта, никој не е на улица.

Еве ти за Тјумен регионот. Имаше во Сибир ги праќаа. Во околината на Москва. На север. Буквално секаде каде што им треба луѓе, а им треба, оти Русија исто како и Европа се соочува со недостаток на работна рака.

Hundreds of Ukrainians will receive apartments in the Tyumen region

И тие во Европа се интегрираа повеќето и со смештај, и работа, и со се. Овие луѓе како кец на 10ка им дојдоа и на Русија, и на Европа.

Кои бизниси мислиш дека ќе имаат потреба од работна рака? Па невработеноста во Русија беше голема уште пред војната, после војната со сите санкции и затворени бизниси ради мобилизација
Не знам од каде оваа информација. Рекордно ниска невработеност имаат во Русија. Цело време увезуваат луѓе од бившите СССР да им работат. Од кога почна војната, па уште повеќе се намали.

Russia Jobless Rate Maintains Record Low at 3%
The number of unemployed individuals rose by 47 thousand from the previous month to 2.315 million, and the officially registered unemployed fell to 0.531 million in September from 0.569 million the month before. In September 2022, the jobless rate was higher at 3.9%.

Азовстал постои колку што постои Порцеланка во Велес - урнатина. За бизнис и отворање работни м,еста треба многу повеќе од урнатина. Треба објект нов, треба машини за производство, треба стручна работна сила, треба администрација и најбитното пласман. Навистина мислиш дека туку така се ќе се рестартира?
Стварно веруваш дека не можеле да ви ја рестартираат Порцеланка или топилницата? Не, туку не сакаат. Затоа ви ги направија тие монтажните како Маркарт и Дрекселмаер да работите за ситна пара, они да го собираат кајмакот, а утре ако згусти да си ги соберат. :)

Кој ќе плаќа 400К војници бе другар? за каква војна ќе ги плаќа?
Нема да треба 400К војска. Имаме тука обични луѓе што се регрутирани и ќе се вратат дома. Дел од нив ќе им дадат нешто во ново-освоените територии. Како порано што војсководците во војните станувале земјопоседници и кнезови, така и овие ќе добијат нешто ситно, бар тие поголемите риби.

Исто се случува со победникот на секоја војна. Ете дури и кај нас сите борци од УЧК сега се бизнисмени. :)

Дел од нив ќе останат како платена војска и ќе ги праќаат по други држави. Други во регуларната војска ќе влезат. Трети нема да се вратат. Треба тие места да се пополнат.

Воглавно, секогаш победниците по секоја војна доживувале економски просперитет и следувал еден краток бум додека се прави реизградба.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.776
Поени од реакции
8.418
- ветерани кои се здрави и живи и сега имаат потреба од работа, ако му се верува на Путин од претходната изјава има 400к активна војска во Украина, кои сега ќе се вратат дома и немаат работа. Бизнисите и работните места кои порано ги вработувале овие 400К нема преку ноќ туку така да се рестартираат, ќе треба време. Фабриките нема туку така да се реконвертираат од воена индустрија во комерцијална индустрија, исто ќе треба време. Значи преку ноќ Русија ќе добие 400К нови невработени за кои треба да се грижи.
А кои тоа бизниси во Русија биле затворени зошто вработените им отишле на фронт? Од каде се овие претпоставки?
Од каде тоа дека комерцијалната индустрија се конвертирала во воена индустрија? Свесен си ти колкава воена индустрија е останата од Советскиот Сојуз, Русите моментално немаат капацитет ниту 25% од истата да стават во погон не па да конвертираат цивилни компании во воени. Исто така воената индустрија ќе им доживее огромна експанзија после војнава кога ќе почнат нарачки да доаѓаат за се, зошто се едноставно победници.

И последно и најважно додека трајат санкциите, нема никогаш да има невработенсот зошто едноставно има огромна потреба за производство. Само цивилната авионска индустрија, автомобилската и бродоградилиштата преку ноќ ќе ги превземат тие 400 000 нови работници. Авионската индустрија и бродоградилиштата буквално молат за работници. Исто така и сигурно ќе има и огромни проекти од градежништво и рударство во Донбас и сите нискоквалификувани ќе можат и таму да работат.

Тие што се навикнале малку повеќе на војничкиот живот и не можат да се вратат назад во нормален живот ги чека Африка каде што имаат договори за платеници на сите страни.

- Ветераните кои се инвалиди или некако повредени кои не можат лесно да конкурираат на пазарот на труд ќе треба да бидат социјално помогнати. пензии, инвалидски пензии, медицинска грижа за рехабилитација итн инт - дополнителен товар на економијата
- Семејства на загинати војници. Сега е војна и не знаат дали се живи или не, ама кога војната е веќе добиена, а некој дома не се вратил, ќе се кренат многу прашања. Која е бројката на загинати. Како тие семејства ќе бидат обештетени? како тие семејства ќе бидат згрижени? како и каде тие сираци ќе ја градат својата иднина? Кој ќе го плати сето тоа?
Дај ми примери каде што на руски војници не им било исплатено нешто. Буквално секое интервју со некој вратен од фронтот е дека се им се испаќа до долар на време. Кој ќе плати, Руската држава.

И повторно си внесуваш свои наративи, кој тоа крие дека некој умрел. Се што не објавуваат се сумирани бројки. Или индивидуални загуби и порази, Русите објавуаат и премногу.

-ветерани од украинска страна кои се сега дел од Русија. Што со нив? ќе ги убијат сите? ќе ги затворат сите? ќе ги вработат сите? ќе ги згрижат сите? ќе им даваат социјална поддршка, воена пензија на сите? кој и од каде ќе ги плати нив?
Или ќе одат во Африка, или ќе одат да работат во градежништво, рудници, земјоделие во новите територии. За што би им давале социјална подршка и воена пензија. кој не му се допаѓа ќе може да оди во што ќе остане од Украина да бара бенефиции.

-Популацијата од разурнати бивши воени подрачја. Линијата на фронт е огромна и длабока. Низ цела линија камен на камен не остана, се е срамнето со земја. Како ќе се изградат нови живеалишта? кој ќе го финансира тоа? која економија ќе го поддржи тоа? колку милиони луѓе од покорената Украина ќе бидат на социјална помош и како товар на руската економија.
Со градење од страна на ефтина работна сила од новите територии. Ќе финансира Руската држава. Економијата која води војна со минимален дефицит и има простор да се задолжи за едно 20-30% од БДП без проблем. Исто така ќе ја добијат најголемата нуклеарна централа во Европа, дел од браните на Дњепар, целото рудно богатство на Донбас, земјоделие, итн ... .

- Упорно зборувате дека Украина е тотално разурната и уништена економски - да, така е. Ама во случај на победа на Русија ќе биде само уште една покраина или република во Руската Федерација.кој ќе се грижи и финансира разурната корумпирана држава? која економија ќе го поднесе сето тоа?
-Кога во историјата на Русија сте виделе силна обнова на разурната земја? СССР дишеше од репарации и крадење ресурси од „сојузнички држави“ на крај самата пропадна. Русија има изградено 3 метрополи: Петерсбург, Москва и Сочи. Украина до пред 2014 имаше повеќе од тоа.

зошто да може да очекуваме? Кога во историјата СССР или Русија изградила друга држава? Ако Русија некогаш го направило тоа немаше компарацијата да биде „Маршалов план“ ќе беше „Горбачев план“ или „Путинов план“ , ќе имаа пример за нешто што веќе се случило.
А кој ги обновил сите држави помеѓу Москва и границата со НАТО земјите? Дедо Мраз. Па камен на камен не оставиле Германците од Варшава до Москва. Ленинград, Сталинград, Киев, Харков, Минск, Варшава се било пустош. Кој ги реизградил тие градови?

Во централна азија не знаеле асфалтиран пат , кој ги изградил тие држави?
Во кавказот не можеле од село до село да отидат заради крвни закани, кој ги изградил тие држави?
Сибир и далечна азија кој ги изградил?

И за какви репрации на крај зборуваш, Советскиот Сојуз добил еквивалентно на 15 милијарди денешни долари. Со тие пари не ќе си можел еден Ленинград да го реизградиш не па нешто повеќе.

А немаш компарации зошто мозокот ти е зарибан во Амерички фундаментализам.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.113
Поени од реакции
36.273
Абе интересен филм, ама што врска има тоа со Украина?
Ако на украинците им е изборот да бидат „ќеиф на Американците“ или раселени/убиени од русите за да се населат чечени на нивно место (двете се твои зборови) не гледаш колку лесен и убедлив избор имаат? Што би одбрал ти?
Епа ме праша зошто војуваат, затоа ти препорачав да го изгледаш, таму добро е објаснето.

Инаку според мене најдобрата опција им беше да капитулираат првиот ден и да остават да се смени проруска власт. Не постојат пари на светот што вредат повеќе од тие пола милион кои останаа да гнијат по полињата, и којзнае колку други ќе изгинат. Во прва прилика во иднина ќе ја вратеа власта во свои раце. Путин не е вечен, мала дестабилизација кај Русите и со шарени куртонијади, пучови и слично ќе се вратеа пак на прозападни патеки, и најверојатно без испукан куршум.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.861
Поени од реакции
9.042
Украинците мислеа дека НАТО војска ќе влезе у Украина и ќе се бори на нивна страна....на тоа се темели оваа катастрофа што им се деси. Арестович 2019 у интервју многу добро има кажано, го постирав неколку пати. Сабајлето 24.02.2022 Путин имаше обраќање каде кажа дека ако се умеша НАТО ќе имаме практично нуклеарна војна и толку беше од тоа. Украинците у шок, март имаа шанса со договорот у Истамбул и после убиството на преговарачот и вмешаноста на британците кои практично ја киднапираа цела власт со помош нормално на јенките све е за нив одење удоле. Жално е што неколку генерации украинци ќе изгинат за курово здравје и без никаков ефект.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.550
Поени од реакции
12.448
Ахахахга што не ќе прочиташ од некои пациенти.
Дали тоа прочитав дека на Русија имала висока невработеност?
Каде бе со овие муабети бе алооооо.
Леле кои муабети истресе типот.

Па последнава полвина од 2023 Русија ја консолидираше цела економија и има зголем оутпут. Бизниси затврорале. А најакото лежи во ова.

Во истиот момент кај што тврди дека имале голема невработеност вика пропаѓале индустриски претпријатија поради немање работна сила :aplauz:
Како за лик што не бил ПроЈенки, премногу патетичен и аматерски е обидов за демонизација, омаложување, обезвреднување и сведување на нивото на Русија на земја ранг Сомалија.

Днопетриза од подрум.

Пишале Русија не постигнала никаква стратешка победа.

Не сум човек кој се пали на култ на личности. Ама Путин успеа Крим да им го врати и да припои уште делови за кои Русите војувале со векови. Има ли поголем успех од ова за Русите ?

Тоа е како ние да ги вратиме Егеј и Пирин. Е на тоа ниво е приказнава.
 
Последно уредено:

Лаик

Калдераш
Член од
4 август 2018
Мислења
1.480
Поени од реакции
3.216
Не планирам да го имитирам сладоледџија (или кој беше) него каква е состојбата на теренот,карти нешто,графикони хехе..До кај стигнаа ,,браќава руси"..Ви фрлија коска за да се залажувате малку во полувремиња а вие направивте игри без граници..Кој им ебе матер и на едните и на другите..Оваа т.н. војна интервенција не да мириса него корне од манипулации и разни гомнарии во кои не планирам да учествувам..А и рака на срце последниот пост на оваа тема ми е пред повеќе од месец дена..
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.510
Поени од реакции
2.606
зошто да може да очекуваме? Кога во историјата СССР или Русија изградила друга држава? Ако Русија некогаш го направило тоа немаше компарацијата да биде „Маршалов план“ ќе беше „Горбачев план“ или „Путинов план“ , ќе имаа пример за нешто што веќе се случило.
Мене ми е сосема јасно за историјата на Русија и нејзината "мека моќ". Прашањето беше наменето за тие што се убедени дека ќе се вратела Украина после војната во прегратките на мајка Русија и тие немале да ги остават на цедило, како З. Германија, Јапонија што беа од страна на САД.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.890
Поени од реакции
26.507
-Кога во историјата на Русија сте виделе силна обнова на разурната земја? СССР дишеше од репарации и крадење ресурси од „сојузнички држави“ на крај самата пропадна. Русија има изградено 3 метрополи: Петерсбург, Москва и Сочи. Украина до пред 2014 имаше повеќе од тоа.

зошто да може да очекуваме? Кога во историјата СССР или Русија изградила друга држава? Ако Русија некогаш го направило тоа немаше компарацијата да биде „Маршалов план“ ќе беше „Горбачев план“ или „Путинов план“ , ќе имаа пример за нешто што веќе се случило.
Источна Европа била бајаги поразрушена и опустошена од западна Европа после ВВ2. Цел запад без Германија, прашање е дали 1 милион жртви дале во втора светска војна додека на исток, само Словенските земји дале 40М жртви. Така да Маршаловиот план е гола вода во споредба на тоа што требало да се направи на истокот, за да све се приближи до нормалата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom