Koлби го спомна татко му во контест што бил криминалец и имал убиство и затоа го поткачи, но секако е дно дна, како што ја спомнуваше ќерката на Масвидал.
Идеме од позади. Емет го врати Мичел во детството со оној нокаут, овој не можеше да дојде до себе неколку минути. Можеби се и запознал со Свети Петар како секој прав верник.
На Тони му е време да оди во пензија, овој Пимблет да не го потценувам, ама не ми е нешто. Само да не се случи да го поураат како Шуга до титулата, мада му скинувам капа за оној нокаут над Стерлинг.
Дамите имаа брутална тепачка, понекогаш многу позанимлива од 60% дуели кај нивните колеги од спротивниот пол.
Каква лесна доминација на идниот шампион од Казахстан.

Едноставно со леснотија го доби Вондербој и тоа 18/18 со прекини. И за него ме интересира што понатаму и она што ми се повеќе допаѓа е што не е дивјак како Чимаев, т. е. не привлекува внимание на тој начин.
Пантоја се надевам дека ке врже уште неколку титули, човекот едноставно доминираше цело време. Ке видиме дали Морено ке добие уште една шанса против него, да го врати појасот.
И за крај, Колби испадна пиздетина, а сега може и комотно да се пензионира, зошто појасот нема да го види никад више. Згора на се најјака беше реакцијата на Трамп у фазон: „Дечко за ова ли доаѓав?“. Од друга страна драго ми е за Едвардс, иако не навивав за него, уште еднаш покажа дека е прав шампион и има се на врвно ниво. Ке видиме сеа со кого ке биде упарен, претпоставувам Мухамед конечно ке добие шанса, а можеби и победникот помеѓу него и Шавкат.