Македонска берза

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.161
Поени од реакции
3.397
Значи да очекуваме од овие јунки, тоест унучки да пуштат рака и да платат за да им продадеме акција плус, а не тука да баат како ќе преземале за 67000 ден. Јуници низаедни, за 67 бона ќе молзеле, срам ги било.
Овај ти е во години и кај и да е ќе се повлече за 5 години максимум, кога ќе се повлече без обезбедено мнозинство и кај и да е промена на власта може се да се случи, затоа сака да ја среди работата, тоа со унуците е нормална работа дека ќе се тепаат кој да биде главен, ти како акционер ако чекаш да се збогатиш од тоа ќе се начекаш.

Интересни работи се дека сакаат да купат 72644 акции, ама 50000 им е минимално за да пројде.
Издавачот, ,,Макпетрол,, А.Д.- Скопје, има издадено 112.382 обични акции со право на глас, од кои 11.238 се сопствени акции без право на глас, а, 28.500 обични акции, со право на глас, се во сопственост на ОИЛКО КДА - Скопје и физичките лица кои дејствуваат заеднички со него. Во понудата за преземање, се утврдува праг на успешност од 50.000 обични акции со право на глас, што претставува 44,49% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од “Макпетрол” А.Д. – Скопје. Рокот за прифаќање на понудата да биде утврден на 28 дена, од денот на објавувањето на понудата за преземање, согласно можноста предвидена во Законот за преземање на акционерските друштва
Ако пресметаме планираат да потрошат од 3,350 милијарди денари или 55м евра до 4,867 милијарди денари или 80м евра, овие пари Оилко ги нема и сигурно ќе ги земе во форма на кредит од знаете која банка и од физичкото лице Андреја и после тоа очекувајте да има огромна дивиденда од страна на Макпетрол за да се исплати тој кредит, односно ќе има 5-10 милиони годишно кон Оилко, односно околу 100 евра дивиденда по акција најмалку.

Самите пресметајте си дали ќе ви се исплати да шитнете на 67 илјади, според мене НЕ, ама има па и друга работа, нели ЕУ забрани возила на гориво, па би требало нафташите да пропаднат, интересно ќе биде дали ќе има 44,5% плус кој ќе продадат на волку ниска цена според мене, да беше 10-15-20 илјади плус ајде да ја шитнеш, вака во било кое време можеш да ја продадеш за таа цена и не верувам дека ќе паѓа кога преформансите на компанијата се добри.
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
342
Поени од реакции
333
Се согласувам, само не верувам дека забраната за употреба на фосилни горива во Европа ќе смени нешто кај Макпетрол, барем не во наредните 15-20 години. Целна година за забраната во ЕУ им е 2035, но секако ќе има одложување, а кај нас како и во многу земји од ЕУ ова веројатно никогаш нема да се случи.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.945
Овај ти е во години и кај и да е ќе се повлече за 5 години максимум, кога ќе се повлече без обезбедено мнозинство и кај и да е промена на власта може се да се случи, затоа сака да ја среди работата, тоа со унуците е нормална работа дека ќе се тепаат кој да биде главен, ти како акционер ако чекаш да се збогатиш од тоа ќе се начекаш.

Интересни работи се дека сакаат да купат 72644 акции, ама 50000 им е минимално за да пројде.

Ако пресметаме планираат да потрошат од 3,350 милијарди денари или 55м евра до 4,867 милијарди денари или 80м евра, овие пари Оилко ги нема и сигурно ќе ги земе во форма на кредит од знаете која банка и од физичкото лице Андреја и после тоа очекувајте да има огромна дивиденда од страна на Макпетрол за да се исплати тој кредит, односно ќе има 5-10 милиони годишно кон Оилко, односно околу 100 евра дивиденда по акција најмалку.

Самите пресметајте си дали ќе ви се исплати да шитнете на 67 илјади, според мене НЕ, ама има па и друга работа, нели ЕУ забрани возила на гориво, па би требало нафташите да пропаднат, интересно ќе биде дали ќе има 44,5% плус кој ќе продадат на волку ниска цена според мене, да беше 10-15-20 илјади плус ајде да ја шитнеш, вака во било кое време можеш да ја продадеш за таа цена и не верувам дека ќе паѓа кога преформансите на компанијата се добри.
Си има во проспектот, гарантирана е исплатата од КМБ со над 3 милијарди и ХАЛК под 2 милијарди денари.

Со оглед на тоа дека невозможно е да откупат се и да се спојат компаниите со овој предлог по успешната зделка Оилко ќе има огромна кредитна изложеност која не сум сигурен како може да ја покрие. Освен ако не се работи за однапред договорна продажба на трета страна.

Јас моите неколку акции ќе ги продадам за оваа смешна цена, зошто мислам дека потоа ако нема договорен излез ситуацијата за акционерите ќе биде многу полоша. И веројатно ќе ја урнат пазарната цена на акцијата.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.161
Поени од реакции
3.397
Си има во проспектот, гарантирана е исплатата од КМБ со над 3 милијарди и ХАЛК под 2 милијарди денари.

Со оглед на тоа дека невозможно е да откупат се и да се спојат компаниите со овој предлог по успешната зделка Оилко ќе има огромна кредитна изложеност која не сум сигурен како може да ја покрие. Освен ако не се работи за однапред договорна продажба на трета страна.

Јас моите неколку акции ќе ги продадам за оваа смешна цена, зошто мислам дека потоа ако нема договорен излез ситуацијата за акционерите ќе биде многу полоша. И веројатно ќе ја урнат пазарната цена на акцијата.
Баш тоа викам Оилко ќе мора да прима редовни дивиденди од Макпетрол за да го исплаќа кредитот, сега зависи нели колку ќе купат и колку ќе потрошат, ама без 5м евра нема да бидат годишно, затоа и пишав околу 100 евра, може и да е 50 некоја година, нормално како што се хоштаплери ќе го крадат профитот од Макпетрол на најлегален начин :icon_mrgr:, и незнам на мене цената ми е некако мала, можеле малку повеќе да понудат секако од свој џеб не ги дават парите, ги ебеа малите акционери 20 години нека фрлат нешто плус.
 
Парите може да ги префрлуваат и преку продажба на стоки и услуги. Цената за откуп е многу ниска и се надевам дека нема да им успее ова. Ама ваков потег ми е знак да излезам (јас секако мислев да го направам тоа во 2024та).

Тука единствено може да не спаси ако навистина има трета страна и ако ова е обид да се одбранат од неа, тие да дадат нивна понуда во меѓувреме (сепак овој процес ќе трае два месеци).
 
Член од
6 април 2023
Мислења
33
Поени од реакции
41
Незнам зошто го третирате овој предлог како сериозен, кога самата компанија вика дека ја понудуваат најниската можна цена според закон (мора да понудат 67001, бидејќи поврзано лице има купено на 67000 и не можат под тоа). Во самите материјали за собрание на оилко (пример страна 34) со BOLD имаат пишано дека мораат (се приморани) задолжително да дадат ваква понуда бидејќи имаат надминато 25% од акциите на Макпетрол. По мене само даваат понуда за да го испоштуваат законот (кој собере над 25% мора да даде понуда и за останатите акции), не верувам дека сериозно мислат дека ќе им бидат понудени 50000+ од акциите (што им е минимален праг).

Разбирам тие што викаат "ама ова е трошок" (банкарски гараниции и све тоа), ама во материјалите викаат дека тоа ќе биде до 150 тина илјади евра (0.2% од кредитот), така да не е некој голем трошок за нешто што мораат да направат/понудат законски. А плус некои и ќе им ги понудат акциите, па ќе лапнат дел и од нив за 67000 по акција (ама никако тоа нема да бидат 50000 акции, и толкави кредити за враќање). После оваа понуда, ќе можат слободно да си купуваат како оилко и како физички лица и над прагот од 25%.

Можеби сум грешка, не сум некој експерт за Макпетрол, ама така ми изгледа мене работава.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.161
Поени од реакции
3.397
После оваа понуда, ќе можат слободно да си купуваат како оилко и како физички лица и над прагот од 25%.

Можеби сум грешка, не сум некој експерт за Макпетрол, ама така ми изгледа мене работава.
И ја не сум експерт баш за оваа (за се друго сум :свиркам: ), ама не можат да купат помалку од 50 илјади акции, значи ако се да речеме 49999 пропаѓа зделката и остануваат со 0 и ако сакаат повторно да купат на 80 илјади денари би требало повторно да дадат јавна понуда, не го знам законот и ме мрзи да го гледам, ама не верувам ако пропадне да можат слободно да си купуваат, така да беше Слободан имаше за 1000 да го купи Пекабеско, а па да не зборам и за сите други хоштаплери кој виреат по АД-та кој ќе дадеа понуди колку да ја има и после ќе си купуваа како ќе и текне.
 
Член од
6 април 2023
Мислења
33
Поени од реакции
41
Можат, ако сакаат, и помалку од 50000. Тоа им е праг на успешност, ако соберат 50000+ ги купуваат сите понудени (дали се 50000 или повеќе), ако има понуда само од 10000, можат да одлучат дали да ги купат или не. Ова го имаат пишано во материјалот за собрание: "Се овластува Управителот Дејан Левески да го намали прагот на успешност од членот 5 став 4 на оваа одлука, доколку оцени дека е тоа во интерес на Друштвото". Незнам, не сум експерт (и мене ме мрзи да гледам), ама така го сфатив тоа што го имаат пишано.

Незнам за вториов дел, ама мислам после понудава (дали е успешна или не), можат да купуваат и повеќе. Инаку нема логика, ќе треба по една ваква понуда (и цел процес што следи за неа) за секоја наредна акција што ќе ја купат во иднина.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.945
Незнам зошто го третирате овој предлог како сериозен, кога самата компанија вика дека ја понудуваат најниската можна цена според закон (мора да понудат 67001, бидејќи поврзано лице има купено на 67000 и не можат под тоа). Во самите материјали за собрание на оилко (пример страна 34) со BOLD имаат пишано дека мораат (се приморани) задолжително да дадат ваква понуда бидејќи имаат надминато 25% од акциите на Макпетрол. По мене само даваат понуда за да го испоштуваат законот (кој собере над 25% мора да даде понуда и за останатите акции), не верувам дека сериозно мислат дека ќе им бидат понудени 50000+ од акциите (што им е минимален праг).

Разбирам тие што викаат "ама ова е трошок" (банкарски гараниции и све тоа), ама во материјалите викаат дека тоа ќе биде до 150 тина илјади евра (0.2% од кредитот), така да не е некој голем трошок за нешто што мораат да направат/понудат законски. А плус некои и ќе им ги понудат акциите, па ќе лапнат дел и од нив за 67000 по акција (ама никако тоа нема да бидат 50000 акции, и толкави кредити за враќање). После оваа понуда, ќе можат слободно да си купуваат како оилко и како физички лица и над прагот од 25%.

Можеби сум грешка, не сум некој експерт за Макпетрол, ама така ми изгледа мене работава.
Немаат објавено во извештаите, а и не сум прочитал ценовно чувствителна информација дека Оилко купува акции од Макпетрол во 2023та.

Врз основа на приходите од дивиденда на крајот на 2022ра имале околу 23.400 акции од Макпетрол што е неколку проценти под прагот од 25%.

Е сега јас не верувам дека ако купувале случајно направиле грешка и го преминале овој праг за да мораат да дадат ваква понуда и да направат непотребни трошоци од 200к евра.
 
Член од
31 август 2017
Мислења
263
Поени од реакции
187
Vtoriot kleptoman koj treba da e na novogodisnata elka kako eden od lampionite A.rmani J.eans...tolku perfidno na 25.12 firmata formirana od mpt ja kupuva majkata .:))))))))....vo meseci pred izbori koga stapon obvinitel pismeno se oprasta od funkcijata na koja i e*a mater den posle e ponudava ...ima li nekoj normalen u machedonia ili site sme pacienti za vo bardovci ?!?!?!
Ps...ne davam ispod 120.000 den ...
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.310
Поени од реакции
2.373
Еде пополека, какво ругање, какви бакрачи. Ептен си се навикнал на пофалби шерифе, војводо, директоре, претседателе ...

Дај бар ти прави разлика од критика на она што го пишуваш, со критика на тебе како личност.

Пишав дека нема некоја каузалнаст и врска со податоците на компаниите пред 30, 50 и 100 години со оние што се денес. И има многу фактори кои што стојат позади тоа. Секоја криза си има своја причина и се нашло соодветно решение. Сепак до сега немало криза каде невработеноста е под природната стапка, каде голем број од компаниите се високо профитабилни и каде немаат долг. Исто со cloud-от им овозможува скалабилност, па немаат ни големи фиксни трошоци. Со работењето од дома, многу и од оперативните трошоците се намалија. Немало таква криза до сега, и немало таков процент во индексот со високо квалитетни компании кои оперираат глобално.

Прегледај го приврзокот 347058

Еве ти еден пример, каде има корелација, но нема каузалност. Малку екстемен е примерот но да се свати разликата.

Да Насдак падна, но падна затоа што Core инфлацијата беше повисока за 0,1% од очекуваното. Тоа никој не може да го предвиде. Еве нов месец сме сега ќе има нов податок и пазарот ќе реагира соодветно. Ако има 0,1 % пониска од очекуваното сосема друга приказна ќе е.

Сега на интернет се појавија еден куп црни сценарија и еден куп сеачи на страв. Се потсеќам на времето за време на паниката со Корона кризата кога Близард цел ден тука постираше, колку долу ќе оди МБИ10 индексот, од 2500, па 2200 па се до 1000.

Јас сметам дека многу поблиску сме до дното, отколку што сме до врвот. Многу негативни сценарија се веќе во цените на акциите. Страшно многу покачувања на ФЕД се веќе во цена. Едно покачување да има помалку од што се очекува, цел сентимент ќе се промени.

Друга работа е што тие очекувања за добивките надолно се ревидираат секој ден. И затоа цените на акциите се онаму каде што се денес. И за вториот квартал имаше екстремни црни сценарија, па се виде дека над 70% од компаниите ги надминаа очекувањата за нивните добивки.

Дали ти ги продал сите акции што ги имаш во овој момент во очекување на полошо сценарио? Дали им препорачуаш на другите да го направат тоа?

Еве јас моментално сум на негативна 0 од почетокот на годината (Денес влегов пак во позитива со растовите). И сметам дека тоа е одличен резултат со оглед на целокупното движење на пазарот. Во петокот конечно влегов 100% во акции. И немам намера да ги продавам.
што убаво вака, да се чита година дена покасно
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
342
Поени од реакции
333
Жив ќе се изеде овој Близард, продаде се мислејќи дека доаѓа судниот ден и се тоа се единствена цел да докупува штом ќе дојде крахот. Мрчеше по цел ден да сме распродавале додека не било предоцна, па после божем замина агонично, ама пак се врати преку друг профил, па проба да пропагира и на други форуми, ама сето тоа помина неуспешно, а остана агонијата.
Кутриот ни годината му помина среќно, а веројатно ни Новата Година и тоа секако дека не е за потсмев, но тој арогантно се потсмеваше на другите членови, па пуста карма го изеде.
 
Член од
20 декември 2021
Мислења
202
Поени од реакции
231
Minatava godina koj prodade za povtorno da kupi na ponisko neznam dali mu izleze matematikata.Mislam deka odredeni kompanii izminatiov period napravija najvisoki dobivki od nivnoto postoenje do denes pa da se nadevame i nie ovaa godina na najvisoki dobivki i za mnogu godini da se prestojnive praznici.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.310
Поени од реакции
2.373
КОИ СЕ КЛУЧНИТЕ РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ИНВЕСТИРАЊЕ И ТРГУВАЊЕ

Kajgana Shop

На врв Bottom