Секако дека ништо ново, а жално е, што цело време на иста финта не фаќаат и не цедат. Намерно прават кризи, војни, притоа имаат корист од повеќе аспекти, додека народ си , си фаќа сеир и ги следи каде ќе му кажат и прави што ќе му кажат.
Кога ќе сјебеш логистиката, како што ја сјебаа со ковидот, народ после ја плаќа цената. Ај што го крадат, малите и средни приватни бизниси наебуваат, само големите поголеми стануваат, а народ си мисли дека САД не можеле да се справат со козоебачи.
Сеуште никако да се соочиш со реалноста за асиметричното војување и фактот дека класичната морнарица ги заврши деновите како примарно важен воен асет и дека сега се повеќе слабост отколку асет. Дури и примерите во Црно Море ги објаснуваш (објаснувате) како „неспособност на Русија“, наместо да увидиш дека истото важи за било која морнарица. Посебно се повеќе ранливи тие бродови кои се поголеми, посебно носачите на авиони. Тоа што сеуште пловат е само заради одлуката на РФ и Кина да нема ескалации.
Не е случајно што во флотилата нема носачи а подморниците не се појавуваат на површина. Напади со масивни јата дронови (воздушни и поморски) практично гарантираат загуби. Освен тоа и носачот во Персискиот залив е практично пловечка мета во првиот момент кога Иран ќе одлучи да ескалира.
Ова се разбира дека го разбираат и западните аналитирачи, и сега е јасно дека целата работа со „сојузот против Хутите“ беше само блеф. Во спротивно ќе искочи дека и тие аналитичари и адмирали се надвор од контакт со реалноста како тебе (а јас не верувам дека се). Друга опција е дека САД и покрај се решиле дека загубите вредат ако Јемен се стави под западна контрола, но европските вазали очигледно не сакаат нивни војници да гинат и да се соочуват со лути гласачи дома.
Нејсе. Многу сакав да „поморската коалиција“ да ги нападне Хутите во Јемен, многу добра смена на парадигма ќе ви се десеше и на вас прозападните „фотеља генерали“.
Исто така јасно е дека Иран не смеат да го нападнат со нуклеарно оружје. А водење класична војна против Иран бара логистика која сега сите ваљда гледате колку би била ранлива. Како за пример вчера беше погоден брод во сред Индијски Океан, многу далеку од брегот (и од Иран). Тоа беше направено за да покаже дека Иран денес е озбилна воена закана за било кој. Логистиката за конвенционална војна против Иран денес е невозможна за САД и западните вазали.
Сеуште си во истиот мајндсет и покрај тоа што илузијата за САД видливо се руши насекаде. Како и обично, сеуште се информираш исклучиво од западни меинстрим медиуми. Како резултат на тоа ти си во комплетна делузија за реалноста.
Еве само неколку моменти во ситуацијава, а кои одбиваш да ги видиш какви што фактички се:
- С.Арабија во војната против Јемен служеше само како америчко прокси (против иранското прокси Хутите)
- С.Арабија (за разлика од тебе) ја увидоа реалноста дека во нивното соседство Иран (и сојзуниците) се поспособни да проектираат моќ, во споредба со САД.
- следствено имаше помирување меѓу С.Арабија и Иран, под покровителство на Кина, и следствено ја запреа војната против Јемен (Хутите), а САД дури потоа како последица на тоа ја запреа помошта за С.Арабија (помош која не им ни треба, затоа што сега немаат потреба заради амерички интереси да војуваат против Хутите).
- помирувањето во регионот не е резултат на одлука на САД, туку е последица од слабоста на САД таму да проектираат моќ и форсираат војни, да е до САД тие би сакале таму да се војува и се да гори
Нема да се повторувам и да ти објаснувам повторно зошто не е така.
Ако дроновите правеа разлика, а морнарицата беше слабост и застарен концепт, немаше Кинезите да градат толку бродови и да планираат 3-4 носачи, а Украинците досега со дронови ќе ја потопеа Руската Црноморска флота 5-6 пати досега. Иран немаше да дреми и конечно ќе се ослободеше од најголемата пречка - Америкаското воено присуство во регионот.
Единствена промена на парадигма последните години им се случи на Русите кои заглавија во рововска војна, како пред 100 години. Да водиш меѓу-државна војна на истрошување во 21век е навистина промена на парадигма - наназад.
ОК, ти слободно игнорирај факти и верувај дека САД онака од филантропија и алтруизам и за општо добро нема да им возвратат на племето Хути кои им гаѓаат воени бродови, го ракетираат американскиот копнен носач на авиони (Израел) и го рерутираа не само нафтениот трговски сообраќај (западниот) туку и го рерутираа целиот западен трговски сообраќај да иде окулу Африка. Најпосле ошто познато е дека САД се „алтруистичка и хуманистичка“ империја.
Досега Русија мораше да ја праќа нафтата до Индија, Саудиска Арабија... и после да ја враќа назад, одсега може комотно да си ја прати директ како тој танкерот и да пишат дека носи крастаици и најнормално медиумите нема да пренесат ништо ако не и се каже.
Видеото го постирам повторно за тие што не го виделе да знаат за каков танкер се работи.
Автоматски споено мислење:
Заборавив да додадам дека оваа работа ИЧ не му се свиѓа на Египет, пред некој ден разговараа со иранскиот председател демек за Газа, ама јасно ни е дека се зборувало за проблемот со Хутите врз бродскиот сообраќај, од сабале прочитав дека Египет имал нов мировен предлог, нема ништо да смени оти Израел ќе оди до крај да си го реши проблемот, ама Египет ќе мора поактивно да направи нешто, сепак губи милијарди со блокадата.
Египет се должни ко Грција. Должат на ИМФ и на други, и должат многу... Секако дека им недостига приливот пари од транзит низ Суецкиот канал. Тоа сега отвара простор некој да купи некоја реакција од нив.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.