Денеска суетата е таа што науката ја претвара во инквизиција. Научниците се делат на политички подобни и политички неподобни. Па така не можеме да не зборуваме за политиката и бизнисот кога зборуваме за науката во денешницата. Тоа што беше за историјата дека ја пишуваат победниците, денеска важи за науката воопшто. Тоа е генерално и проблемот со општата свесност за науката. Сакале ние или неќеле, неможе обичниот човек да ја свати комплексноста на научните откритија, па така во социологијата научните придобивки во голема мера се гледаат преку призмата на личниот авторитет на научникот или установата, да не речам на чиста верба. И слично како и во политиката и бизнисот, маркетингот одредува што е вистина, а што не.
Науката си ја врши својата работа, но злоупотребена е од политики, компании, бизниси, религии и сл каде секој си ги интерпретира, вади од контекст, фарба работите како им одговара.
Повеќето научни истражувања се погрешни, но тоа е суштината на науката. Преку нив стигнува до вистината.
Повеќето од тие истражувања се цитираат од страна на медиуми, политичари, бизниси и се претставуваат во јавноста како "вистина". Зборувам за науката каде истражувањата се мерливи. За другиот дел, социологии и слични делови не знам и заради тоа не можам да коментирам.
Точно е дека јаглерод диоксидот има големо влијание врз затоплувањето, меѓутоа дали само човекот емитува CO2? Ајде да погледнеме во минатото и да видиме дали e зголемено емитувањето на CO2 во денешницата? Еве еден мал пример, во предколумбиска америка живееле околу 60 милиони бафала, денеска бројот е 500К. Во Африка еден куп диви говеда се десетукувани во периодот на индустријализација. Денеска пожарите се држат во контрола, пред цивилизацијата да биде толку напредна, пожарите излегувале од контрола многу често. Во историјата, имаме сведоштва за разни катаклизмички вулкански активности или астероиди, кои генерално имаат улога во успорувањето или убрзувањето на природниот процес. Порано немало пошумување, дрвата се користеле како единствен градежен и огревен материјал. Има една теорија дека почетокот на Сахара е еден мега пожар. Има сведочења на ширењето на Сахара уште од пред античко време, каде што многу градови и се проголтани од пустински песок. Понатаму иригационите системи на човекот, придонеле зеленилото да се прошири таму каде што иначе немало да порасне, пошумувањето (Македонија во антиката се претпоставува дека не е пошумена)... и така натаму.
Ќе се задржам за нивото, емисиите и апсорбирањето на СО2, бидејќи останатите промени се локални и често збир на многу фактори како тоа со бафалата, пожарите и сл.
Накратко, постојат емитери и апсорбери на СО2.
Растителниот свет е базиран на јаглерод, па кога се уништува истиот емитира СО2, кога се создава апсорбира. Но тоа е горе-долу затворен циклус и нема големо влијание врз климата. Има мало влијание, но од тоа не следуваат екстремни промени. Од ова, сите политики во врска со ограничувањето на земјоделието од страна на "зелените" се комплетно бескорисни и ретардирани.
Најголемиот апсорбер на СО2 се океаните. За разлика од растителниот свет, океаните не го враќаат назад во атмосферата СО2, туку го таложат во депозити во форма на разни минерали или не знам што. И делуваат како некој природен регулатор на другите природни процеси кои емитираат јаглерод, како вулкани, пожари, вклучително и погоре спомнатиот растителен свет.
И толку. До пред појавата на човекот или индустријализацијата, тој природен циклус е регулиран од тие комплексни механизми и нивото на СО2 во атмосферата е константно со милиони години наназад, негде помеѓу 0.2 и 0.3 промили.
Одвреме на време има по некој катаклизмичен настан, најчесто супер-ерупции што на кратко го менуваат балансот, но ништо надвор од границите.
И тогаш доаѓа човекот, доаѓа индустријализацијата.
Се вадат огромни количини фосилни горива, таложени со милиони, десетици милиони години под земјата и со нивното согорување се емитираат огромни количини СО2 во атмосферата. Во период од 50-100 години од кој најмасовно последните 2-3 децении.
Од геолошка гледна точка - катаклизмичен настан. Ако некој направи график (а има направено) во последните милион години за нивото на јаглерод ќе се забележи релативно рамна линија со огромен скок на крајот од графикот.
Ако последните милион години нивото е 0,2-0,3 промили, наеднаш во последните 50 години тоа ниво е кренато на 0,43 промили.
И на крајот, тој јаглерод емитиран од луѓето е мерлив.
Различен е од другиот.
Последни две пореметувања на природниот процес биле, мини леденото доба од средниот век, од 13 до 19 век
https://en.wikipedia.org/wiki/Little_Ice_Age и вториот пример е тунгуската експлозија, која го има исто така пореметено процесот. Денешното затоплување што се случува доста веројатно е да е процес на стабилизација или враќање на нормала после овие 2 евенти.
Пак ќе повторам, загадувањето што го предизвикува човековата цивилизација, загрозувањето на екосистемите, јас не го спорам, многу пати сум кажал дека човекот е вирус на планетава, моето мислење е само дека генерално човекот многу малку има импакт во промена на климата во макро. Во микро, големите градови и местата каде што има преголемо население, е нормално да имаат промена на микроклимата, но генерално затоплувањето и топењето на мразот е нешто што неминовно се случува, без човекот драматично да влијае врз тоа, ниту пак тоа може да се забави со некаква активност на човекот (освен можеби нуклеарна војна).
Е, добро што го спомна litle ice age подолу. Одличен пример од неколку аспекти.
Дека природните промени се мали и бавни.
Дека за истите може да е виновен и човекот.
Дека јаглерод диоксидот е главниот регулатор и виновник.
И дека може да ги измериме во минатото! Многу битно.
Големите ерупции и ударите од астероиди исфрлаат во атмосферата прашина која ја блокира сончевата светлина и оттука настануваат привремени заладувања. Веднаш откако прашината ќе се сталожи, климата се враќа на тоа што била претходно.
Како надополнување само, локални катастрофи, како и исчезнување на видови се честа појава во минатото и најчесто не се врзани со промената на климата.