Проблемот со науката во денешницата е во догматизацијата. До вчера секој обид да се престави дека нивото на морето е драматично зголемено во последните 14К години беше исмевано. До вчера секој обид да се прикажат почетоците на цивилизацијата пред Сумерите беше ерес, се додека не се појави Гобекли Тепе, а сега уште едно наоѓалиште кое датира уште повеќе пред Гобекли Тепе. За дебилизмот на расната и родовата класификација на луѓето не ми се ни отвара уста. За историјата сме и самите сведоци колку политика има. Денеска се повеќе излегуваат реликти кои фрлаат сомнеж на тајмлајнот на еволуцијата на човекот (која BTW е сеуште на ниво на научна теорија, а се прикажува како непобитна вистина). Слично како и во политиката, така и во науката се вадат теории на заговор, попут рамна земја, сомнежот за освојување на месечината итн, кои имаат за цел да на девалвираат авагандарата на науката, која дефакто денеска е ставена во полза на политиката. Па така и оваа расправа која се води тука.
Глобалното затоплување е природен процес на земјата, тоа е дел од еден цикличен процес, кој многупати се повторувал во минатото на планетата. Во одредени периоди поради разноразни причини (вулкани, астроиди) тој процес е пореметен и се забележуваат подраматични промени, попут тунгуската експлозија која донела до глобално заладување пред стотина години, па сега затоплувањето (нормализацијата) го гледаме како неприроден процес. Факт е дека последните 2500 години (вклучително и индустриското доба) нивото на морето малтене мирува, а да речеме, пред 8000 години нивото на морето драматично се зголемувале и по неколку метри на век, можеби и повеќе. Што тогаш дорпинело до ваква драматична промена ако не постоела индустријата.
Еколошките здруженија и партии денеска, не се ништо друго туку обични рекетари и во исто време тешки лицемери. Од една страна драматизираат за некое природно живеалиште на некој си загрозен вид и се спремни да затворат фабрика во Европа заради тоа, додека е тотално во ред да го аутсорсираат загадувањето во земји од третиот свет. Јас не сум видел некој во Германија да протестира затоа што во Скопје е загаден воздухот на пример, па да им ги затвораат фабриките на нивните фабриканти кои го загадуваат воздухот тука. Или Скопје се наоѓа на друга планета? Да не зборам за злоупотреба на едно дете со посебни потреби, кое незнае да сврзе две реченици, ниту да одговори на едноставно прашање на новинари (Грета Тунберг), чисто од себични причини.
Самото ова раѓа сомнеж на здравиот разум.
До одреден степен тоа е точно.
Има една изрека од Макс Планк вика, науката напредува после секој погреб, (
science advances one funeral at a time). Нова научна вистина не наоѓа многу одобрување меѓу старите научници. Уште помалку кај мнозинството. Тука може да се набројат и многу примери, каде научници дури биле и убивани заради некои откритија.
Да не зборуваме за политиката или бизнисот, особено пак нешто за кое истие бараат оправдувања во науката.
Се прават секакви манипулации. Илјадници интереси се испомешани, различни трудови се намерно погрешно интерпретирани, цели пропаганди се вложени за да се истисни некој дел од нешто во корист на друго.
Ќе го земам тука примерот со оловото. Нешто што е затворен случај. Докажано, документирано, исправено.
Накратко, околу Втора светска војна, компаниите биле во трка да ги подобрат перформансите на возилата. Додавање на
олово во горивата, драстично го подобрувало согорувањето, драстично зголемувајќи ги перформансите. Се одело добро, но продуктите од согорувањето биле прилично штетни по здравјето (сега веќе докажано). Почнале да се прават истражувања за влијанието на оловото во горивата врз здравјето, но кога ќе се дојдело до некој заклучок што потврдувал дека тоа е штетно за здравјето, големите компании манипулирале со заклучоците, извртувајќи ги во своја
корист.
Едно од тврдењата било дека оловото природно постои одсекогаш. И да, постои. Но за тек од 2-4 декади, емитирано е толкаво количество, што контаминирало скоро се. Немало предмет, место, река каде немало траги од олово. Нормално, тие што имале корист од ова, ја форсирале таа теорија, дека адиивот не е крив, туку дека тоа е природно.
Требале деценија истражувања и уште толку кампања и убедувања за да се воведе забрана за истото.
Назад на глобалното затоплување.
Модели од 50тите години (па се наназад до почетокот на 20ти век) експериментално покажуваат дека зголемено ниво на јаглерод диоксид ќе има влијание врз климата. Идат 60тите и револуцијата во истражувањето на вселената. Се потврдуваат многу работи на глобално ниво истражувајќи ги ефектите од CO2 врз други светови. Веќе стигнуваат првите податоци глобално благодарение на развојот на сателитите, а и се прават првите прецизни предвидувања. Сето тоа во време кога нивоата на јаглерод се сеуште во почетна фаза на раст.
Научници умираат, идат следни генерации. Науката станува се подостапна, други земји се во можност да ги прават сите скапи истражувања. Полека се гради знаењето.
Од сите страни, во текот на децении истражувања станува се поизвесно и појасно дека човекот и тоа како влијае врз климата.
Ќе повторам, манипулации, пропаганди, корист од двете страни и слично придонесуваат за искривување на вистината. Крајните леви, или компаниите што гледаат корист од повеќе т.н. зелени технологии форсираат политики кои немаат никакво влијание врз намалување на ефектот на глобално затоплување. Дури цели влади се вклучени во тоа.
Од спротивната страна, милијарди се истурени во пропаганди за да се спречат другите во развојот на други технологии заради нивната штета врз нивниот бизнис.
Како што се случувало со примерот со оловото, така сега се случува и со глобалното затоплување, само многу помасовно и глобално, бидејќи во прашање се вклучени скоро сите аспекти од животот.
На крајот на денот, не мора да веруваш во ништо што е присутно на интернет.
Потсети се какви температури имаме последниве години во зима. Потсети се какви беа пред 15 години.
Какви лета имаме сега, какви пред 15 години.
Никој природен настан освен катаклизми не се способни за такви нагли промени. А и ги нема.