Најјако од се е што деновиве за Ливерпул се збори како да е 2020 а кутрите и они се за жалење. Не би ме чудело денес фино лепо да ги исплескате.
Коефициентот у кладилница и те како вреди да се проба. Па не играат со Лутон.
Како се Ливерпул кутри и за жалење баш ме интересира. Си видел табела? Ако се Ливерпул кутри и за жалење, ондак уште покутри и за жалење се сигурно Арсенал и Сити. Ливерпул ај што се први на табела, се и во најдобра форма, имаат најдобра одбрана, со најмалку примени голови, супер напад со највеќе голови дадени после Сити, Салах у топ форма, само еден пораз сезонава. На страна тоа, и кога се најмртви, против Јунајтед играат ко на дроги да се.
За мене, со оглед на цела ситуација, форма, повреди, останати проблеми, пораз под 3 разлика би бил право чудо, а за победа да не правиме муабет. Победа на утакмицава ќе биде еднаква на освојувањето на титула на Лестер. Е до толку не сум оптимиста за позитивен резултат денес.