Кончено добра тема, и одма се кренаа форумските феминистки кои се возат на и ги користат тие тажни судбини на жените кои се тепани од своите мажи да генерализираат за сите мажи и сопрузи и да ги ставаат во ист кош. Одговорно тврдам дека ниеден здрав маж не поддржува насилство врз жените и дека психичкото насилство е многу поголемо врз мажите него ли врз жените. Затоа и самоубиствата кај мажите се многу поголеми од колку кај жените. Една од причините за тие самоубиства е и ова. Нормално вас ова не ви одговара па со секакви сили пробувате да го негирате затоа што глумите вечни жртви.
Од мали нозе на машките деца им се вика да не удираат девојчиња, им се збори како треба да се однесуваат и да ги третираат жените, но дали некој им објаснил на женските деца како треба да се однесува према машко? Дали вие служите за пример на вашите ќерки со вашето однесување према вашиот сопруг како треба да го третираат идниот маж? Апсолутно не.
Научени сте само на придобивки и привилегии, но никогаш на превземање одговорност.
Опшеството воопшто не води грижа за ниеден маж ниту пак за неговото општо здравје, и секогаш жените се ставани на пиедестал. Еден куп кампањи за женското здравје, подигање свесност за све што се случува со жените но никогаш према мажите. Доказ за ова е што 99% од разводите се судат во корист на жената, па така мажот мора цел живот да плаќа алиментација, да си ги гледа сопствените деца еднаш во две недели и да мизерува до крајот на животот. Не сакам ни да помислам каков е тој живот. Втор пример се лажните обвинувања за силување, каде што има илјадници примери каде што мажи лежат затвор буквално со години, па кога "жртвата" ќе признае дека не била силувана, нема никакви санкции према неа. Одговорност за своите постапки нула, иако уништила еден живот на заебанција.
Пак ќе кажам, верувам дека постојат насилници кои буквално се иживуваат врз своите жени, но ниеден маж не го поддржува ова, напротив и ќе му се спротистават во реална ситуација, но за жал постојат и такви жени кои се однесуваат ужасно према своите мажи. Не може целосната вина да се препишува само на мажите, а никогаш на жените. Само што за разлика од вас, ние мажите ова го признаваме, а вие не само што ќе го поддржите понатамошното насилство, туку и го правите насилникот херој.
Феминизмот го уништи семејството како институција и столб на секое опшество, па од таму ни се вакви опшествата и државите.
Како што на секое дете му е потребна мајка во својот раст и развој така му е потребен и својот татко.