Ќе те замолам да не го споредуваш со господиниот Џон Оби, Мудрик е тешка превара. Тоа што мислеа дека ќе го добиеме со Мудрик сега го добиваме со Кол.На Мудриќ нека му кажат дека појќе техника треба да тренира. Не само во теретана да се пумпа. Му ебам глупакот неписмен. Има брзина како Робен ама техника како Џон Оби Микел.
Нема, уживај на крај на сезона ќе те тагнам да споредиш каков напредок има тимов.@Saka Zulu Не ти ја разбирам поентата што ме тагна, на секој пораз ли ќе го правиш тоа?
Јас си кажав мое мислење и пак ќе повторам, Челзи одигра 4-4 со Сити, лани Челзи беше разбиен од Сити да игравме 3 дена немаше гол да им дадеме сега можевме и многу лесно да победиме. 2-2 со Арсенал каде што Челзи беше убедливо подобар противник и да не беше глупоста на Санчез Челзи ќе победеше рутинирано. 1-1 со Ливерпул каде што Челзи имаше и доста отворени прилики да постигне и победнички гол, значи во најмала рака достоен противник на Ливерпул за разлика од предходните неколку натпревари каде што Челзи беше надигран од Ливерпул. Еве го и Брајтон кој важи да доста незгоден противник и игра висок пресинг сака да се надигурва Челзи победи 2 пати сезонава.
Да Челзи вчера не излезе со ист пристап или мотивација како сакате кажете како со претхдниве тимови што ги набројав и тоа сега се фрла во вода претходните добро одиграни партии така, затоа што Челзи изгуби на гости кај Јунајтед ?
Ама еве ќе прашам дали Челзи вчера немаше добри отворени прилики за гол кои што секој поквалитетен нападач ќе ги реализираше со леснотија?
Еве пошто гледам слабо ве држи меморија, Џексон промаши позиција на отворен гол од 10 метри со иделана топка која беше на пеналтик, од 2 метри чист удар со глава, две добри прилики за Мудрик и една од Броја.
Халанд од тие прилики на Броја и Џексон постигна 30 гола.
Вчера Челзи успеја да створи 5 прилики за гол исто колку јунајтед горе доле.
Секако да не спорам дека Јунајтед беше порастрчан меѓутоа Челзи имаше свои прилики.
Покетино на клупа го имаше Џејмс и Броја што ете колку толку можеа да сменат нешто, Џејмс го внесе на полувреме, Броја веднаш по применот гол, незнам зошто се носи замерка кога Челзи нема клупа од која може да очекуваш нешто да се смени.
Енцо и Каиседо не се криви што се платени 250 мил треба да ни е јасно барем сите тука сме возрасни луѓе со добра интелегенција.
Ниту едниот нити другиот ги имаат утакмиците на Фабрегас па да очекуваме партии од тој калибар. Туку се играчи што имаат по 22 години и очекуваме да бидат лидери а они заедно немаат ни 6 месеци фудбал.
Го имаме Палмер кој се на се има 20 утакмици во премиер лига. Тоа ни е срцето и моторот на екипата, таа е реалноста другари.
Главен шпиц ни е Џексон 22 години со 2 сезони во Виљареал.
Незнам колку пати да напишам дека Челзи сезонава се очекува да игра топло ладно со овој неискусен и млад состав.
Никој не очекуваше Челзи сезонава да се пласира на првите 5 места, тоа што Челзи потроши толку пари само на чист талент и играње фудбал менаџер е кривица на управата, не е на Покетино и нема ништо што да го кривиме него.
Фрливме еден купи играчи од 22 години во оган од кои се чека резултат преку ноќ затоа што се скупо платени или Челзи потрошил огромна сума на пари без нивна кривица, грешеле и ќе грешат и нека грешат, се додека гледам желба кај нив барем сезонава и нареднава ќе се воздржам од критика затоа што до вчера гледавме куроболие од Зијах, Аубамејанг и компанија што излегуваа на терен да изрекламираат копачки на познат бренд.
It wasn't back then, but it is him now.Што изјавил Покетино по натпреварот дали знаете !?
Класична Потер изјава. Така и ќе заврши.
Прочитај ми го уште еднаш мислењето и ќе си добиеш уште сега одговор нема потреба да чекаш крај на сезона.Нема, уживај на крај на сезона ќе те тагнам да споредиш каков напредок има тимов.
Нешто за Покетино да кажеше како за неполни 5 месеци смени изјави и сега звучи као Потер.
Све што се брои е местото на табела. Челзи и лани имаше добри моменти. И да не заборавиме лани Челзи играа ЛШ, значи по 2 утакмици неделно. Сега имаат цела недела за тренинг и на ништо не личат, а тоа што се натрчани ко деца од Њукасл и Јунајтед е до капацитет на тимот не ниту до неискуство и остали детаљи.Самото назначување на Џејмс, Галагер или Колвил за капитени збори за моменталнава ситуација во Челзи.
Да не се разбереме погрешно, мене во моментов ми е мило што они се капитени затоа што знам дека играат со срце на терен и се спремни да го носат дресот на Челзи и да дадат се за клубов. Меѓутоа тоа е исто како на Хазард да му се дадеше капитенска летна веднаш од како дојде од Франција. Меѓутоа во тој период Челзи имаше играч што се вика Џон Тери, Френк Лампард со утакмици позади себе искуство и лидершип. Никој од овие троица спомнати имаат нешто блиску до тоа како што немаше ни Хазард, и не се они криви за тоа.
Автоматски споено мислење:
Прочитај ми го уште еднаш мислењето и ќе си добиеш уште сега одговор нема потреба да чекаш крај на сезона.
Потер играше со Пулишиќ и Стерлинг на вингербекови, Кукуреља како штопер побогу зарем за тоа треба да дискутираме.
Тргни го периодот со Тухел, од како дојде Потер освен тие неколку натпревари што ги добивме на мускули после тоа Челзи тргна надолу, чудни формации, еден куп ротирање, ниту еден играч не беше во форма. Тотално надиграни од Сити и Арсенал да не се повторувам, атмосвера како на сахрана. Ваљда ти текнува нели?Све што се брои е местото на табела. Челзи и лани имаше добри моменти. И да не заборавиме лани Челзи играа ЛШ, значи по 2 утакмици неделно. Сега имаат цела недела за тренинг и на ништо не личат, а тоа што се натрчани ко деца од Њукасл и Јунајтед е до капацитет на тимот не ниту до неискуство и остали детаљи.
Така ако размислуваш Џексон промашил ова, некој друг пенал, епа тоа е составен дел од фудбалот. Јунајтед и Њукасл да не промашуваа 20 гола ли требаше да дадат?Тргни го периодот со Тухел, од како дојде Потер освен тие неколку натпревари што ги добивме на мускули после тоа Челзи тргна надолу, чудни формации, еден куп ротирање, ниту еден играч не беше во форма. Тотално надиграни од Сити и Арсенал да не се повторувам, атмосвера како на сахрана. Ваљда ти текнува нели?
Зборевме пред неколку денови сезонава се гледа напредок кај неколку играчи и има играчи што се во форма.
Е сега ти сакаш да видиш подобро место на табала и за тебе тоа е клучно за тоа дали Челзи има напредок од лани или не.
Тоа што еве Џексон вчера промаши добри 2 зицери, киксот на Санчез донесе да изгубиме 2 бода од Арсенал и добрата утакмица на целиот тим замина во вода, промашувањето на Мудрик со Ливерпул, пеналот на Енцо со Вест Хем итн да кажеме дека хипотетчки на крај ќе влиае врз генералниот пласаман на тимот иако Челзи заслужи повеќе поени од тие натпревари ти ќе кажеш не ме интересира
Челзи заврши на подолно место и има полоша сезона.