Информациите на Момировски, барем дел од нив, според ова што го спомна вечерва, се околу првите часови од истрагата, односно проблемот е и од порано, затоа што не е постапено адекватно уште по исчезнувањето на Панче од Велес.
Не зборуваше директно, но можеше да се разбере дека колата не била "следена", не знам какви се правилните термини, иако неколку дена било пријавено исчезнување на Панче. Истрагата околу неговото исчезнување не била водена сериозно, целиот тој случај не бил разбран сериозно.
Второ, дека постојат снимки од пред зградата. Односно дека доколку веднаш се прегледале камерите, (особено ако претходно повеќе се обрнало внимание на исчезнувањето на велешанецот и автомобилот), ќе се видело што се случува, меѓу кои и таа кола, по што би била лесно следена преку тој систем Безбеден град.
Засега овие работи ги проблематизираше, всушност изјави и дека постојат докази некои. Пропустите се во првите часови од исчезнувањето на Вања.
А не смеел да објавува, затоа што уште траела истрагата и би можел да биде гонет за такви информации.
Дали би била жива, како што вели, е друг муабет, затоа што бргу е ликвидирана, но и да имало некои шанси, тие се пропуштени поради лошата истрага во самиот старт, секако, доколку има вистина во ова што го тврди.
Значи, дали е водена сериозна истрага околу Панче (тука е проблемот и колата), дали професионално и навремено е реагирано по пријавувањето (прегледани снимки, следење на сомнителни возила што се тогаш пред зградата, преку тој систем за видео надзор) или имало некои пропусти?!
А да, и дали доколку имало такви пропусти, сега пробуваат да ги прикријат, за да не се наруши угледот на полицијата, министерството, министерот?!
П.С. Доколку го гледаше некој, дека имало претходен обид за киднапирање, тој спомна или на друго место прочитав?