На почеток една молба до
@Zlatikevichius , Златен ако Бога знаеш те молам да ставиш едно popup при влегување на странава.
предлог за попчето;
подфорум-соба
Влез само за Лудаци!
секој што ќе влезе самиот ќе ги сноси последиците.
По грешка, а со намера да видам какви информации има околу настанот со исчезнатите, влегов во собава и се надевам дека не добив...
Преку, скоро па сите во коментарите повикуваат на ЛИНЧ -сакаат крв! (постојат исклучоци ама тие се само исклучоци)
Сите без да имаат детали на настанот ја зедоа улогата на обвинител, судија а на цел глас сакаат и да ја преземат улогата на Џелат.
Замислете не можеле да заспијат, по цела ноќ биле измачувани од лоши мисли и загрижени за судбината на жртвите, била дете, ами копуци мои што да бевте Палестинци таму за неполни 2 месеци велат се убиени над 5000 деца... е па копуци мои колку ноќи немаше да спиете, поднамалете со лицемерието.
Се повикуваат на изјави на министерот (инаку политичка фигура), демек министерот секогаш ја говори вистината и само вистината.
Министер кој со капа и шака издавал пасоши на белосветски ретарди... ама ќе слушнете како срамежливо велта дека бил многу добар и за оваа работа требало да се награди, па бидејќи се срамат еве јас да им помогнам,
Спасовски за претседател на Северџганистан! (сега можете и вие без да се срамите да си терате агенда)
Дозволете ми да не и верувам на екипата која дојде на власт со колнење во воздухот што го дишат и додека се живи во нивните а мислеа на нашите деца се колнеа нема да сменат име, е па на такви дозволете да не им верувам дури ни кога ја говорат вистината а да барам аргументи и докази!!!
Заради политички разлики а и заради по се изгледа лични пресметки (како онаја војводта Ременска), многумина пред да се знаат деталите излегоа со повик за ЛИНЧ, овој повик понатаму беше и се уште е во функција а дури и оној министерот Обиџуко Спасовски користи реторика со која како да сака да спречи екстрадиција на Палевски (во соопштенијата користи несоодветен речник и го осудува лицето пред да биде изведено пред суд).
Ако министер или ТОЛПА(која некој смислено ја креира) која има крв во очите и бара ЛИНЧ
, зошто ни се потребни суд, обвинител и сл. институции?
Не мислите ли дека би требало да ги распуштиме и самите да ја земеме правдата во свои раце...
Други копуци користејќи го моментумот сакат да остварат некој политички поен -лешинари, секаде ги има.
Па така партија која е РЕГИСТРИРАНА во Македонија и се лепи етикета СЕКТА и уште дузина етикети, а со цел истата да бид еизбришана од регистарот.
причините биле што член/ви или претседател извршил злосторство кое сеуште не е процесиурано низ институции кои се за тоа создадени, што е ова ако не е политика? Други копуци пласираат информации дека во главно постари лица биле членови на таа партија и затоа биле лесни за манипоулација
![Ѕид :yid: :yid:](/styles/default/xenforo/emot/zid.gif)
, никако да научат дека интелектот е кај човекот млад или стар сеедно не зависи од годините, оној што е роден со помала IQ таков ќе биде и кога ќе остари не се менува таа со годините, патем забораваат дека младите се поколенија на тие возрасни и дека ја наследиле и нивната IQ во случајов и нивната поткапацитарност. Копуци што друго да се коментира на таква недораснатост.
За сега ја слушнавте официелната верзија на органите (пардон министерот), според вас има ли право и страната која е обвинета да изнесе свои докази или нема потреба ќе терате со ЛИНЧ....
...
има многу глупости изнапишано и немам ни време ни желба да губам време на истите, еве само уште еден детал
Имаше прес на кој се објави дека обвинетото лице било лоцирано и ставено под надзор во Турција.
На пресот министерот користеше вокабулар со кој како да повикува на линч а тоа на обвинетиот му оди во прилог... за што подоцна.
Многумина се истрчаа дека Турција била држава и дека таму судството било ..., јас не верувам во тоа ама ако е така, што мислите за следново:
-Палевски само да се повика на овој форум и се што е напишано со што тој суд би требало да одбие екстрадиција заради ПОВИКУВАЊЕТО на ЛИНЧ и зборовите на оној министерот одат во таа насока, без пресуда тој е наречен и прогласен за монструм кој не треба да се суди туку веднаш да се убие...
-што мислите зошто токму Турција ја избрал како дестинација, сметате дека е случајно?
-кој суд во таква атмосфера која е создадена во Северџганистан ќе одобри екстрадиција за да се изврши линчот???
-
-
Ова е мое прво и последно влегување во ова пдф-соба.
И уште нешто не би сакал овие виртуелни ликови од оваја соба ги имам во своја близина или да се среќавам со исти!