Исчезнати лица

Член од
4 јуни 2016
Мислења
476
Поени од реакции
413
Убиено е 14 годишно девојче и старец, старецот убиен со умисла, девојчето дали е задушено или е пукано во него не е ни толку битно. Згаснат живот и уништени се блиските на починатите, цел живот со трауми. Пак ќе повторам 14 годишно девојче на кое уште ни животот не почнал, детски години. Сторителите се сите сомнителни лица, против главниот организатор има докази, а покрај доказите има и криминална историја.

Доказите се непобитни, зошто би бегал ако не е крив, изјавите од приведените, итн, итн.

Овие па ретардираните, го наместиле, наса, удба, deepstate, рокфелери, ротшилдови, уште и го бранат. Па не бесилка за таквите, и малку им е.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.733
Поени од реакции
11.610
Трагичноста на случајов опфаќа и многу повеќе од двете убиства што се случија. Деновиве покрај тоа што сум запрепастена од самите убиства сум запрепастена и од се останато поврзано со истото. Во смисла претажно ми е како размислуваат и се однесуваат 80% од луѓето во врска со трагедијата.

Толку некултура, простотилук, повикување на насилство, користење на случајот за политички цели, click bait постови на квази новинарчиња од некои мизерни сајтови од типот: "ЕВЕ што рекол татко и на Вања", "ЕВЕ што рекла мајка и на Вања" зошо таман сеа ни се погоди шо убија невино дете за да добиеме на читаност..

И овде на форумов шо демек треба да има малце поинтелигентни луѓе од page 80 и некој на секоја трета страна прашувате "а како тоа наставничката пријавила толку брзо" Па дури стигнав и да прочитам пред некој пост дека Вања знаела нешто шо не требала да знае па ја ликвидирале. Wow, свака част на ниската интелигенција

И што е со тие теории на секој чекор "не, чекај јас имам теорија ваква". Што е ова CIA нешто гледаме епизода па си коментираме со пуканки кој каква теорија има па кој ќе погоди тој е најјак? Приберете се со вашите теории, никаква потреба нема од нив, имајте малце почит.

"Ама нешто е нејасно", "ама како сеа они вака викаат па така викаат". Да, нејасно е, нелогично е ама какво очекувате да биде? У кој случај ќе ви биде логично да се убие малолетно девојче? У кое сценарио? И не ви се должни ни мвр да ви дадат логично сценарио затоа што ко шо сто пати кажаа до сега не го знаат ни самите целосно. Тоа што успеале да откријат до сега тоа ви го кажуваат. Истрагата не заврши па да се жалите дека немало логика. Напротив, тек допрва почнува. Само што го фатија главниот осомничен, што очекувате толку рано да ви кажат?

И прекинете сами да си заклучувате ствари шо не се потврдени па триста тези да разглабате околу нив. Тој шо го возел не знаел па стигнале они да разглабаат колку пари коштала картичка со интернет у странство да се купи. Боже господе. Прво никој не потврди дека тој не знаел, второ тој шо го возел е и најмалку битен у целава приказна, ај доста си играте детективи и остајте ги да работат тие шо треба да работат.

А сите тие коментари по фејсбуци за колење, за палење за бесење и какви се не гадости од 90% од народов само покажуваат колку е се труло во државава и како сме дојдени до оваа ситуација и колку се треба да се смени од корен почнувајќи од образованието па економијата на државава затоа што од необразован и сиромашен народ еве што може да се очекува. Луѓево треба да се научат на емпатија, култура и да прочитаат некоја книга во животот па можеби тогаш нема да се огледуваат на луѓе како Палчо, Миленко, Латас и можеби нема да ни бидат премиери фаци како Заев и Груевски.
Ај не мрси муда, форум е ова, за што да се пишува? Ако не, да споделуваме само официјални извештаи од ОЈО и МВР?
 
Член од
19 март 2013
Мислења
3.297
Поени од реакции
4.950
Искачам надвор сите скоро за Палчо муабети , ја доби популарноста на Груевски у пм. Ни на крај памет дека неговата очигледна нарцисоидност ќе го донесе до ова.
Језива работа се медиумите , посебно телевизијата во МК.
 

ovs

Член од
4 јануари 2021
Мислења
349
Поени од реакции
506
Можно е да не се работи за киднапирање со цел изнуда на пари туку група педофили кои ја демнеле и таргетирале впрочем у непосредна близина им било седиштето на нивната партија десна каде што живеело девојчето знаеле која е кога излегува од дома кога е сама итн..,она што е убиена неколку саати по киднапирањето е она што е многу сомнително.Ако се угушила во врека за спиење и умрела тогаш зашто би ја пукале со пиштол?за да ја убијат по втор пат?
Мислам дека се кријат работи кои не ги кажуваат за да не настане поголем гнев кај народот.
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
1.057
Поени од реакции
4.082
Od Telegram....

Некое девојче Билјана читам исчезнало декември 1989 ја нашле по еден месец во село Бразда , мачена и потоа убиена . Да не испадне Палчо некој сериски убиец на крај .

Demir Kapija u avgust najdeno telo koe go barale 2god
2020 palco bil fakan tamu isto so pistol
Tогаш имал 25 години, ништо чудно

Стримов е од 28ми ноември само еден ден откако е убиена Вања, ако се докаже дека тој ја убил а само 24 часа после тоа мува не го лази значи стварно е или тотално забеган има искуство со работава
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.151
Поени од реакции
19.546
Вака сега сумлив е шоферот оти како прво од кај бил сигурен Палчо дека МВР не му е влезена во трага и лицето нема да го издаде во полиција ? Го најмува лицето да го транспортира до Турција, за да биди толку сигурен треба однапред да е договорена работата, т.е шоферот да е запознаен со целиот случај.
Затоа е и задржан во притвор, има елементи да е вмешан, не значи дека ќе испадни така ама можно е.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.486
Поени од реакции
8.219
Tогаш имал 25 години, ништо чудно

Стримов е од 28ми ноември само еден ден откако е убиена Вања, ако се докаже дека тој ја убил а само 24 часа после тоа мува не го лази значи стварно е или тотално забеган има искуство со работава
A kaj vide tivo Strimot deka odi vo zhivo i ne e predhodno sniman?
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.020
Поени од реакции
12.691
И да не е политика, ваков случај, особено затоа што жртва е дете, нормално дека ќе предизвика огромно внимание и ќе се поставуваат милион прашања.

Како се одвива целиот настан, бизарноста (ако воопшто е прикладен зборот), колку лудо се одвива злочинот, како овие идиоти криминалци прават грозоморни работи уште на стартот од акцијата, особено кога ќе го киднапираат девојчето и ги фаќа паника.

И официјалната верзија, друга воопшто не сум ни земал озбилно во предвид, е толу одвратна, неверојатна, не ти дава разумот да веруваш дека може на таков начин да заврши живот на едно дете.

Поради тоа е и потребата кај луѓето да му дадат поинаква позадина на целото убиство.
Најдобар пост на темава. Слободно може да се затвори после ова.
 
Член од
14 август 2020
Мислења
228
Поени од реакции
533
Монструмите се тие и се во затвор тоа е најбитно!!!Има обвинение од 100 страни и тоа не е зафрканција.Сите сега што го бранат дека го наместиле нека посетат психијатар.Палчо ја градел зградата и баш жртвата е од таму што не е коинциденција.Исто така новинариве што ништо не работат освен copy/paste еден од друг и тие потфрлија.Ај една недела им требаше да капираат која е зградата(океј може ради истрага не ја посочиле) ама сега откако се размота случајот они уште не се замарааат.Единствено Латас со еден пост одма го посочи виновникот,мотивот,и дестинацијата каде е избеган уште пред сите.Оној Миленко 9000 невистини кажа...
Замерката према новинарите ми е бидејќи лесно достапни информации од катастар ги немаат проверено.Станот се води на таткото на Вања,истиот има стан карши соборна.И двата се солидна квадратура.Значи типот не бил финансиски голтар ко што го направија,само од овие два стана има 300/400 илјади евра.
Чим дедото на Вања бил моќник во своето време,можно е Палчо да му префрлил станови нему или на таткото како би избегнал данок или да ги скрие од некој процес,или пак си купил станови најпоштено па сега психово го удрило нешто да лаже да измислува дека се негови па да ги барал назад и да не му ги давале па направил ваква глупост.Ќе го дознаеме мотивов многу брзо само да го донесат гадот тука.Можно е овие што сега се у притвор ништо да незнаат за мотивите да слушале наредби од него само..Инаку вчера кај Ефтов во емисија имало кажување дека при средба на Ефтов со еден бизнисмен и градоначалник уште додека траела средбата излегла статија на портал дека Ефтов и тој се во ресторант.Кога ефтов ги вратил камерите да види кој го сликал бил психоно од Велес.Значи палчо бил влезен во тежок филм,дека има своја тајна полиција и може да следи било кого.Криво ми е само што е стар вампир и кје рикне брзо за некока година у идриз,нема да се помачи едно 30-40 години.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
3.297
Поени од реакции
4.950
И да не е политика, ваков случај, особено затоа што жртва е дете, нормално дека ќе предизвика огромно внимание и ќе се поставуваат милион прашања.

Како се одвива целиот настан, бизарноста (ако воопшто е прикладен зборот), колку лудо се одвива злочинот, како овие идиоти криминалци прават грозоморни работи уште на стартот од акцијата, особено кога ќе го киднапираат девојчето и ги фаќа паника.

И официјалната верзија, друга воопшто не сум ни земал озбилно во предвид, е толу одвратна, неверојатна, не ти дава разумот да веруваш дека може на таков начин да заврши живот на едно дете.

Поради тоа е и потребата кај луѓето да му дадат поинаква позадина на целото убиство.

Не е само кај нас, гледам дека и Хрватите пишуваат за "мистерии", околу убиството.



Прегледај го приврзокот 400191


Навистина има некои слаби места во официјалната верзија, за кои се надевам дека ќе добиеме одговор во наредниот период и нема да се влечат многу контроверзи.


Смилковско езеро е најлош пример, тој најгрозоморен настан што се случил во Македонија во мирнодопски услови, а уште не знаеме се околу него. Неколку пати политичарите се изживуваа врз масакарот и врз болката на најблиските. Страшно нешто што се случуваше и како се манипулираше, како да не беше доволно одвратен самиот настан, па мораше да се лешинари над него.

И на крај, и денес не знаме зошто ги убија. Уште некои медиуми и политичари повикуваат на "независна меѓународна истрага", односно се проблематизира и кои се убијците.

За жал, жртвите бргу се забароваат, како и болката на најблиските. Колку и да звучи одвратно, истото ќе се случи и со Вања.
Да не се лажеме сега и да бидеме искрени, волкаво внимание се даде бидејќи се случи во центарот на градот и среде бел ден. Да беше некое циганче во Шутка или селско дете утепано од некој умноболен еден ден ќе се испукаа сите по коментари на фб и никому ништо. Моментот дека со само тоа што е дете и затоа има такви реакции не пали. Едноставно вестите го направија големо и самиот пост на мајката на фб , а и според мене политичка позадина не може да се исклучи целосно.
Нејќам да оправдувам никого и начинот на кој е извршено убиството е дефинитивно грозоморен , само такво ни е општеството поделено и се реагира повеќе за одредена група луѓе , а и вестите секогаш си го наштелуваат наративот.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.558
Поени од реакции
5.285
На почеток една молба до @Zlatikevichius , Златен ако Бога знаеш те молам да ставиш едно popup при влегување на странава.
предлог за попчето;

подфорум-соба
Влез само за Лудаци!
секој што ќе влезе самиот ќе ги сноси последиците.​

По грешка, а со намера да видам какви информации има околу настанот со исчезнатите, влегов во собава и се надевам дека не добив...
Преку, скоро па сите во коментарите повикуваат на ЛИНЧ -сакаат крв! (постојат исклучоци ама тие се само исклучоци)
Сите без да имаат детали на настанот ја зедоа улогата на обвинител, судија а на цел глас сакаат и да ја преземат улогата на Џелат.
Замислете не можеле да заспијат, по цела ноќ биле измачувани од лоши мисли и загрижени за судбината на жртвите, била дете, ами копуци мои што да бевте Палестинци таму за неполни 2 месеци велат се убиени над 5000 деца... е па копуци мои колку ноќи немаше да спиете, поднамалете со лицемерието.

Се повикуваат на изјави на министерот (инаку политичка фигура), демек министерот секогаш ја говори вистината и само вистината.
Министер кој со капа и шака издавал пасоши на белосветски ретарди... ама ќе слушнете како срамежливо велта дека бил многу добар и за оваа работа требало да се награди, па бидејќи се срамат еве јас да им помогнам,
Спасовски за претседател на Северџганистан! (сега можете и вие без да се срамите да си терате агенда)
Дозволете ми да не и верувам на екипата која дојде на власт со колнење во воздухот што го дишат и додека се живи во нивните а мислеа на нашите деца се колнеа нема да сменат име, е па на такви дозволете да не им верувам дури ни кога ја говорат вистината а да барам аргументи и докази!!!

Заради политички разлики а и заради по се изгледа лични пресметки (како онаја војводта Ременска), многумина пред да се знаат деталите излегоа со повик за ЛИНЧ, овој повик понатаму беше и се уште е во функција а дури и оној министерот Обиџуко Спасовски користи реторика со која како да сака да спречи екстрадиција на Палевски (во соопштенијата користи несоодветен речник и го осудува лицето пред да биде изведено пред суд).

Ако министер или ТОЛПА(која некој смислено ја креира) која има крв во очите и бара ЛИНЧ, зошто ни се потребни суд, обвинител и сл. институции?
Не мислите ли дека би требало да ги распуштиме и самите да ја земеме правдата во свои раце...

Други копуци користејќи го моментумот сакат да остварат некој политички поен -лешинари, секаде ги има.
Па така партија која е РЕГИСТРИРАНА во Македонија и се лепи етикета СЕКТА и уште дузина етикети, а со цел истата да бид еизбришана од регистарот.
причините биле што член/ви или претседател извршил злосторство кое сеуште не е процесиурано низ институции кои се за тоа создадени, што е ова ако не е политика? Други копуци пласираат информации дека во главно постари лица биле членови на таа партија и затоа биле лесни за манипоулација :yid::yid:, никако да научат дека интелектот е кај човекот млад или стар сеедно не зависи од годините, оној што е роден со помала IQ таков ќе биде и кога ќе остари не се менува таа со годините, патем забораваат дека младите се поколенија на тие возрасни и дека ја наследиле и нивната IQ во случајов и нивната поткапацитарност. Копуци што друго да се коментира на таква недораснатост.

За сега ја слушнавте официелната верзија на органите (пардон министерот), според вас има ли право и страната која е обвинета да изнесе свои докази или нема потреба ќе терате со ЛИНЧ....
...
има многу глупости изнапишано и немам ни време ни желба да губам време на истите, еве само уште еден детал

Имаше прес на кој се објави дека обвинетото лице било лоцирано и ставено под надзор во Турција.
На пресот министерот користеше вокабулар со кој како да повикува на линч а тоа на обвинетиот му оди во прилог... за што подоцна.
Многумина се истрчаа дека Турција била држава и дека таму судството било ..., јас не верувам во тоа ама ако е така, што мислите за следново:
-Палевски само да се повика на овој форум и се што е напишано со што тој суд би требало да одбие екстрадиција заради ПОВИКУВАЊЕТО на ЛИНЧ и зборовите на оној министерот одат во таа насока, без пресуда тој е наречен и прогласен за монструм кој не треба да се суди туку веднаш да се убие...
-што мислите зошто токму Турција ја избрал како дестинација, сметате дека е случајно?
-кој суд во таква атмосфера која е создадена во Северџганистан ќе одобри екстрадиција за да се изврши линчот???
-
-

Ова е мое прво и последно влегување во ова пдф-соба.
И уште нешто не би сакал овие виртуелни ликови од оваја соба ги имам во своја близина или да се среќавам со исти!
 
Член од
8 април 2019
Мислења
28
Поени од реакции
88
Ако имал таткото толку станови, зашто си го ризикувал животот на своето дете на овој начин?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom