Значи за период од колку години, го имаат само Блек Пантер во кој вложиле 500, за да земат 800, Барби ја имаш и толку. (Барби не е на Дизни)
Дизни/Марвел имаше 7 филма кои надминаа миљарда, во 2019-та. Сега, во периодот од околу 4-5 години го има само Блек Пантер 2 и кој уште? Guardinas 3 со потполно иста пријавена рачуница, како Блек Пантер 2 (500 со 800).Оваа година немаа филм кој надмина миљарда, ни еден. Имаа отпуштања прво 2000, па после уште 7000, па после не ни знам уште колку. Пад на акциите за 30% и загуба од околу 70 миљарди во вредност на акции (ова е битно само за акционерите и затоа и можно е да се случи нешто што подолу ќе биде кажано). Disney+ е во тежок пад (особено потенцирано после изјавата на Маск, кога масовно почнаа да го исклучуваат и оние кои сеуште го имаа), додатно загубија премногу индиски акаунти заради откажувањето од правата на индиската крикет лига. Со тоа се поништи единствената светла точка на компанијата у задњи 5 години, а тоа се пандемиските години, страшно лоши за кино индустријата, ама добри за стриминг сервисите. Дизни + тогаш го лансираа и имаше огромен број на претплатници во тие 2021 и 2022. А да не ни ги спомнувам сувопарните графикони за годишните загуби и пад на акции на компанијата.
Целата таа лавина губитоци и падови (која не сопира) води кон едно прашање - до кога ќе можат акционерите да губат пари?
Затоа Ајгер сега се соочува со можност за hostile takeover од страна на групата на Пелц, кој бараше место за акционерите во менаџерскиот совет на Дизни, но беше одбиен. Максимум, ако све му се погоди на Ајгер и го избегне hostile takeover-от, може да остане до крај на мандат, а тоа е 2026. Дали акционерите ќе се сложат да губат пари вака, до тогаш, не знам. Работата не иде на арно.
Да седнеме еден по еден филм од новата ААА продукција да ги разглобиме, ќе има точно 0 филмови кои не работат под идеолошка директива. 0
Па у Калифорнија ако не праиш woke филм плаќаш повеќе данок и филмот не може да ти се кандидира за Оскар.