Исчезнати лица

Член од
14 август 2018
Мислења
4.981
Поени од реакции
11.315
Споделувам информација. Уставри кога ќе размислиш ептен наивно течеше целата потрага и сл. Секако, за вас експертите на форумов не. Не мораш да ме вулгаризираш не го напишав јас тоа.
..Како вака експресно не ги најдоа оние за смилковско, глигоров итн.

#Банана држава
За тоа колку сме банана држава, си има соодветна тема! Таму ќе можеш да се пожалиш и зошто уште нема разврска за онкологија…

Тука темава е за случајот со Вања и Панче фризерот! И индиректно, но поврзано со култот на Палчо!
 
Член од
18 јули 2023
Мислења
48
Поени од реакции
58
Уште ми е нејасно како можеше никој во зградата да не слушне и да не види кога се грабнува девојчето.
Ок ве разбирам некој тука што пишуваат можеби ја заспале, ја удрил некој од учесниците во киднапирањето па се онесвестила ама пак во такви ситуации се слуша дека нешто се случува во ходникот.

Се слуша шушкање кога отвараш вреќа за спиење, кога дигаш нешто, кога ќе падне нешто па и најмирно да одиш по скали во зграда ќе се слуша.

Друго кај била мајката тој час? На работа?
Девојчево само било дома?
Оооо ти не си живел у зграда со македонци излеа абе и колење да има никој не излегува од дома влагаат дома му кршат на комшијата дур не звони кај тебе да побара помош не ни отвараш и само полиција можеш да повикаш и знак прашање дали ќе дојде. Имам викано полиција за семејно насилство со кршење со све полицијата игра курот ме прашува глупи прашања од типот што е скршено а луѓето ќе се убијат му викам тој ќе пратам патрола ако нема ништо тебе ќе те казнам.
 

Mundell

тој со бројките
Член од
24 септември 2014
Мислења
622
Поени од реакции
1.059
За тоа колку сме банана држава, си има соодветна тема! Таму ќе можеш да се пожалиш и зошто уште нема разврска за онкологија…

Тука темава е за случајот со Вања и Панче фризерот! И индиректно, но поврзано со култот на Палчо!
Важи експерту, како ќе кажеш. Ад хок ја донесе одлукава или на совет? За другар прашувам :kuracc:
 
Член од
14 ноември 2011
Мислења
145
Поени од реакции
367
Една дигресија, без обид да правам паралели, чисто во однос на можниот мотив за вакво ѕверско дело:

Сум слушнал за случај, во кој инвеститор и сопственик на земјиште, прават некој класик договор (инвеститорот - јас ќе ти градам, ќе инвестирам материјал/работна рака/ќе бркам дозволи папирологија, сопственикот на земјата - јас ќе ја отстапам земјата а ти ќе ме вдомиш додека градиш па потоа ќе ми дадеш 25% од изградената квадратура по принцип клуч-на-рака). Инвеститорот завршува градба, сопственикот починал меѓувреме - наследникот потоа не го признава иницијалниот договор затоа што добил тестамент во кој се му припаѓа нему, инвеститорот со куси ракави завлегува во долг судски процес.

Додека се гради, и се додека не се земе имотен лист, разно разни дубари се прават, најчесто за заобиколување на давачки кон град/општина земјата и објектот до крај остануваат на име на сопственикот на земјиштето а инвеститорот се јавува како полномошник потоа при продажбата, односно изградените објекти никогаш не се префрлуваат на име на инвеститорот, дури нотарските акти се склучуваат помеѓу сопственикот на земјиштето и идниот купец (а инвеститорот фигурира како полномошник на сопственикот на земјиштето).

Овие граденки, доградби, реновирања и сл. квази категории (кај нас се гради правно гледано легално, барем на папир, ама градбите не рефлектираат реална состојба, тоа се нови од темел градби кои се погрешно/намерно категоризирани за помали комуналии, побрзо добивање дозволи и сл.) - значи, овие градби, самиот процес на градба е релативно краток, потоа, зависно кој каде и дали подмачкал, добивањето имотни листови е х3-х5-х10 пати од времето потрошено на градба, односно имотен лист некогаш се добива после Х години.

Се случува значи, инвеститор гради / сопственик на земја починал. Тогаш започнува т.н. оставинска постапка која е исто така ужасно спор процес и знае да трае со години, посебно ако наследниците не можат да се најдат, намерно избегнуваат да бидат пронајдени, комплицираат и сл, односно се усложнува работата до бесвест. Инвеститорот во оваа ситуација, ако не направил ептен добар договор навлегува во еден сложен и долг процес (А обично пошто се корумпирани говеда што убаво им е познат процесот на подмачкување, не се замараат мн и знаат/мислат дека лесно ќе решат отстапки од било кој калибар).

Доколку инвеститорот остане без изграденото што му следува, би останал многу брзо неликвиден односно би банкротирал (многу вака изгореа, затоа што влегуваа во неколку градби паралелно и мислеа дека ќе можат да шалтаат и жонглираат со рокови, едно градат, за друго земаат капар и прават пред-договори, па нешто кога ќе се доврши го продаваат, за сето тоа време камати на кредити течат).

Една пропадната инвестиција кај градежните играчи знае да го колабира цел бизнис, наплатата потоа на хипотекарните залоги преку банка го усложнува дополнително процесот, имотите кои се во градба се распродаваат пошто-зошто, се одзема и машинеријата итн. итн., н.з.с. една пропадната инвестиција е комплетен колапс од бизнис аспект.

Сопствениците на земјиште, додека трае процесот, дополнително имаат барања, па првични договори се дополнуваат (анексираат), работите не се прецизираат детално, се јавуваат конфликти помеѓу иницијалниот договор и дополнувањата, се пробиваат рокови, се отвараат судски процеси што усложнува и пролонгира итн итн.

Комплетната шема е една каша-попара, па затоа нормални луѓе преферираат клуч на рака и плаќаат 1000е-1500е+ за м2 (нешто кое инвеститорот го кошта 400м2 за да го изгради) - чисто за мир во душа. Но, тој лукративен елемент, огромните профити (500е+ од м2 е профит за т.н. инвестор) возат една цела алчна машинерија од т.н. инвеститори и земјосопственици, политички субјекти, административни елементи (општинари, инспектори, итн.). За сите можни "бонуси" од цела оваа какафонија (задржување во владение на земјиштето или околу-зградното земјиште на име на старите сопственици, задржка на просторите во поткровјето кое потоа се адаптира во станбен простор без имотен лист, задржување во владени на гаражни места посебно ако се под зграда и нивна адаптација во станбен простор исто без имотен лист) да не отвараме муабет. Сите можни лајна што можат да се направат за да се исцеди секое евро се прават.

Да сумирам, мотивот, вистински, може никогаш и да не се дознае затоа што би отворил пандорина кутија. Работите не се никогаш црно-бело. Ние живееме во толку сив свет на тежок опортунизам, безскрупулозност и недостаток на основна човечност. Сите вредности пропаднаа, или станаа демоде. Сега е џунгла во која "играчите" се раководат само од базичен анимален принцип на сила/моќ, а слабите се тешат со оптимизам дека нешто ќе се промени само од себе, релативизираат, рециклираат и со нивните розеви наочари гледаат само она што сакаат да го видат, без желба и енергија нешто да променат.

Кучињата лаат, карванот врви.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.347
Поени од реакции
21.725
Не знам, ако не ви е ова навремена интервенција на МВР не знам што треба да биде и пак ќе кажам, ниту ги бранам, ниту ги сакам, ниту ги поштувам. Ова што сеа ги пофалив не значи дека и во останатите работи се добри и за фалење.
За жал, живееме во држава каде интервенцијата на полицијата е навремена само кога се работи за македонци и знамиња од Кутлеш. Да беа албанци инволвирани, сега уште истрагата ќе беше во тек и можеби никогаш немаше да се разреши, како што не се разрешени стотици случаи и убиства сред бел ден.
 
Член од
19 април 2012
Мислења
429
Поени од реакции
681
Не се однесуваше само на тебе постот бе човек.
А инаку, не можеш да бараш до толку логички патерни во вакви злостори.Голем дел од злосторите немаат смисла или логика кога ги гледаш отстрана.
Се убивте од прашања поставување, зошто вака, зошто онака?
Според тебе за што треба да се дискутира? Не смее ли да се сомневаме во тоа што официјални лица имаат дел контрадикторни изјави?
На пресот му шепкаа што да каже за некои работи, оти пак не знаеше како и на минатиот прес.

Ама еве ќе дискутираме само за тоа да се бесат, но нема да се сомневаме во апсурдноста на целиот случај.
На крајот на краиштата за сдс се работи, еден тон трагедии се изнаслучија и еден тон работи заташкаа.
 
Член од
14 ноември 2011
Мислења
145
Поени од реакции
367
Каков притисок и нервоза ми ствараат овие што пробуваат да го бранат психопатот. Заслужуваат дерење на плоштад, какви психопати у пм.
Луѓе што повикуваат на нечие "дерење" а и ред други гадости што се спомнаа, притоа самите земајќи си за право да етикетираат некого за ваков или онаков, не се ништо поразлични од средновековните абдали што гореле жени на клада затоа што биле "вештерки".

Кој бре нормален сака да дере некој на плоштад или било каде? Ти? Па ништо поразличен си значи и имаш ист капацитет како ѕверовите, ама тебе ти е во твојата глава оправдано. Седни крстоносна војна организирај исто така, реши ги и "неверниците", и тоа било оправдано во среден век.

Циркус, кловнови и животни нееволуирани.
 

Outersprint

rags to riches
Член од
5 март 2018
Мислења
38
Поени од реакции
99
...кога те читам колку си воодушевен, а како тебе ги има полно, ,,за секоја чест за реакција на МВР" , ти не го гледаш пироманот и како се пали оганот не реагираш, туку само како се гаси пожарот, ејјј браво за пожарникарите, симболично кажано!

...каква ,,супер реакција", закаснета ако го гледаш цел случај од почеток, така се прави вештачење на случај, а не крајот ,,ејјј го фатија" браво Оливер, а можеше да се спречи за три дена,

...еден стар автомобил и исчезнат велешанец не можеа да го решат, ШТО Е КЛУЧНО ПО ШТО СЛЕДЕЛО УБИСТВОТО на малата Вања! греота и жално што се злоупотребува трагедии на две семејства ,,за браво го фатија" да се воодушевуваат луѓето за предизборен маркетинг, погрешни проценки, погрешни информации, заташкување на многу работи ќе се проголтне од тоа ,,еј го фатија", многу, многу нечисти работи чисто се сомневам дека ќе излезе на површината вистинската вистината.
Сите можеме сега тука да си нагаѓаме што било и дека нешто поголемо се крие позади случајов. Вистината е дека МВР сепак си сработија професионално работата и по секој стандард. Не е баш така лесно да се најде исчезнат човек од кој нема ниеден траг, од каде да се почне. Све тоа изгледа така спонтано, да они поминале од Велес до Скопје со возилото и не биле забележани. Ама тие камери треба луѓе и работна сила за да ги прегледаат, со сите од Дебар Маало треба работна сила за да ги испрашаат.. Нормално дека сега сеуште не се споделени сите информации од случајот, ова е пред-истражна постапка, ама дека тој е случајот и овие се осомничените, не се сомневам. А ние таков народ сме што мора да имаме подпрашање за секој одговор.

МВР мене ме изненади што случајов го разрешија толку брзо искрено, да споредуваме со други држави неспорно е дека можеби и повеќе време ќе им требаше, со оглед на тоа што цела јавност го следеше случајов тука па мораа вака брзо да интервенираат. А и случајот е затворен врз бара на сведоци истите кои биле умешани, да не пропеел еден од нив може никогаш да не ги најдеа телата.

Според тебе за што треба да се дискутира? Не смее ли да се сомневаме во тоа што официјални лица имаат дел контрадикторни изјави?
На пресот му шепкаа што да каже за некои работи, оти пак не знаеше како и на минатиот прес.

Ама еве ќе дискутираме само за тоа да се бесат, но нема да се сомневаме во апсурдноста на целиот случај.
На крајот на краиштата за сдс се работи, еден тон трагедии се изнаслучија и еден тон работи заташкаа.
Како да не му шепкаат? Новинарите кај нас се ужас невиден, проба да одговори на секое нивно прашање.
Видете во други држави на вакви прес-конференции дали не им помагаат од позади, видете у Србија кај што детено беше одма фатено и све беше видено и дознаено, 4ца им требаше на пресот за да одговорат на новинарските прашања. Не пробувајте да најдете некоја теорија на заговор у секое можно ќоше.
 
Член од
4 јуни 2016
Мислења
476
Поени од реакции
413
Луѓе што повикуваат на нечие "дерење" а и ред други гадости што се спомнаа, притоа самите земајќи си за право да етикетираат некого за ваков или онаков, не се ништо поразлични од средновековните абдали што гореле жени на клада затоа што биле "вештерки".

Кој бре нормален сака да дере некој на плоштад или било каде? Ти? Па ништо поразличен си значи и имаш ист капацитет како ѕверовите, ама тебе ти е во твојата глава оправдано. Седни крстоносна војна организирај исто така, реши ги и "неверниците", и тоа било оправдано во среден век.

Циркус, кловнови и животни нееволуирани.
Сигурно, уживај.
 
Член од
19 април 2012
Мислења
429
Поени од реакции
681
Како да не му шепкаат? Новинарите кај нас се ужас невиден, проба да одговори на секое нивно прашање.
Видете во други држави на вакви прес-конференции дали не им помагаат од позади, видете у Србија кај што детено беше одма фатено и све беше видено и дознаено, 4ца им требаше на пресот за да одговорат на новинарските прашања. Не пробувајте да најдете некоја теорија на заговор у секое можно ќоше.
Која теорија на заговор бе човек? Целиов случај е апсурден, од планирање на овие имбецилите до овие што го водат случајот, а двајца се починати и може и целиот случај да го заебат ради некомптентност.
Официјални лица ти даваат различни изјави.

Ете, фатени се сега сите и нема потреба да се прави misdirection со цел да не се уништи случајот или да се искористи нешто, ама пак информациите им се дел контрадикторни.
Па и вчере сподели еден член за колата на Панче, на прес Обуџико вика дека за колата дознале на 27, а уште на 25 се споменува како возилото на Панче фали. Кој лаже тука?

Или и за ова не треба да се прокоментира?
„Постои основано сомнение дека на 22 ноември, четворица од осомничените, по претходен договор и заедно, извршиле грабнување на лице од неговиот дом во Велес со намера да го присилат да го даде неговиот автомобил ’цитроен’ за тие да го искористат за грабнување на малолетно лице во Скопје. Откако влегле во неговиот дом, физички го нападнале, го врзале и со автомобил го однеле во близина на селото Рудник, каде со учество на дејствие на извршување и со друг особен придонес кон извршување на делото, од користољубие и на свиреп начин го лишиле од живот со истрел од огнено оружје од еден од осомничените. На 27 ноември четворицата осомничени, помогнати од петтиот, извршиле грабнување на малолетно лице со намера да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп на детето. Притоа го искористиле и одземениот автомобил. Подоцна на свиреп начин и со умисла ја лишиле од живот жртвата, а со претходно купен бензин го запалиле автомобилот Цитроен“, стои во соопштението од Обвинителството.
Од толку возила во Скопје, баш ќе одат кај Панче да му го земат возилото и потоа да го местат, ако тоа им било целта.
Тоа што овие се глупи што го извршиле делото, не ги правда и институцииве дека нема да потфрлат во изнаоѓање точни податоци.

Ете и вчера за случката во Карбинци, една информација од општината, друга од МВР...
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.208
Поени од реакции
9.763
Член од
24 март 2010
Мислења
15.329
Поени од реакции
26.278
Да си човек со сериозен бизнис и да ти се јави некој Палчо, да ти рече ајде тргни од Струмица до Белград, да ме земеш за да ме возиш до Турција, и ти да го направиш тоа, треба скроз да си испран во мозокот. Па татко ми лично да е, ќе му речам, дај да ти пратам пари и фати си авион, не ме замарај со глупости.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.655
Поени од реакции
16.865
Според тебе за што треба да се дискутира? Не смее ли да се сомневаме во тоа што официјални лица имаат дел контрадикторни изјави?
На пресот му шепкаа што да каже за некои работи, оти пак не знаеше како и на минатиот прес.

Ама еве ќе дискутираме само за тоа да се бесат, но нема да се сомневаме во апсурдноста на целиот случај.
На крајот на краиштата за сдс се работи, еден тон трагедии се изнаслучија и еден тон работи заташкаа.50tite
Moze ima i visha sila koja prai scenarija. chesto i so poznatiot termin Kolateralna shteta( nekade go chuv i za ovoj sluchaj) , od vremeto na 50tite koga osudija na el. stol hauzmajstor deka go precrtal planot na atomskata bomba i go prodal na loshite
 

Kajgana Shop

На врв Bottom