Водачот е несомнено матен лик, без морален компас, најверојатно психопат. Но тие кои ги врбувал јас сум уверен дека се редикализирани пешковци готови на се. Ако не го искористеше нивниот внатрешен гнев Палчо, тие се просто маса која е спремна за експлоатација од било која структура, внатрешна или надворешна, за било што.Водачот на култот е транзициски богаташ, кој својата функција генерален секретар на СДСМ за Скопје, ја користел за богатење, а неговата партија му прогледувала низ прсти цело време и по излегувањето од партијата. Најповеќе ради блискоста со Верушевски, од каде што му се и снимките кои наводно ги поседувал и ги користел за уцени.
Значи ако има група на народ која е готова да прикрива и соработува со ладнокрвен убиец на дете, тогаш било кој психопат може да ги нас'ска да одат да бомбардираат владини објекти, или убиваат и други деца. Тие се по дефиниција радикална терористичка организација која од корен треба да се искорни и да се истражи што правела, што планирала и кој се бил вклучен да се превентираат идни трагедии и немири.