Политички случувања во Израел

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Сега демек се фаќаш за некои семантички моменти? :)
Пошто САД дефакто и дејуре само неколку дена пред 7-ми Октомври им ја прати последната пратка ~75 милиони долари на Палестинците во Газа... Газа каде Хамас е на власт во последниве две децнии.

И тоа е само последната пратка од САД, има и други редовни финансирања. А што се тиче Израел, да не зборуваме за другите работи па само тоа што одбиле помош на Палестинците да се справат со терористите од Хамас - самото тоа ти кажува дека постоењето на Хамас 100% им одговара... Ама ај не, ќе дрвиме што точно значи „поддржување“ и такви заглупувања. :LOL:
Тие 75 милиони се во форма на храна и медицина.

Очигледните непознавања резултираат во претходниот пост што го пишав.
Непознавања кои секогаш водат до погрешни заклучоци.
Како тој дека Хамас се поддржани од САД. Или создадени итн.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.490
Поени од реакции
33.637
Да не си помислиш дека не е очигледен моментот на игнорирање на суштината... :LOL:

А што се тиче Израел, да не зборуваме за другите работи па само тоа што одбиле помош на Палестинците да се справат со терористите од Хамас - самото тоа ти кажува дека постоењето на Хамас 100% им одговара... Ама ај не, ќе дрвиме што точно значи „поддржување“ и такви заглупувања. :LOL:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.437
Поени од реакции
18.410
Најироничниот дел е како некои ќе го протолкуваат сето ова.
Јасно и очигледно е, дека и по акции, и по делување и по скоро се, дека Хамас како крајно екстремистичко движење се креирани од самите Палестинци, меѓутоа со голема помош или поддршка И финансирање од некои од сунитските режими во регионот, првично Катар, Турција, С. Арабија, Египет и сл.

Но, иако ова на твитот е јасно кажано многу пати, ете уште еднаш, многумина го толкуваат како САД или Израел да се виновни за создавањето и поддршката на Хамас. Што е сосем погрешно и може да се види којзнае колку пати во акциите на Хамас. Веројатно сето тоа произлегува од недостигот на разбирање дека кога има внатрешен конфликт меѓу две страни на твојот непријател, имаш некоја корист од "навивање" за едната страна. Тоа го направил Израел.
Тоа го направи САД во Сирија. Русија во Сирија. Итн.
Свесен си дека најголемиот дел од екстремните сунитиски држави, па и движења во Арапскиот свет, се креирани од Западот, за да се спречи социјализам и комунизам во тие држави.

САД, Британија и Франција се тие кои се вмешани во сите тие држави. Израел е само помошник во спроведување на тоа.

Така беше и со Палестинското движење. Палестинците станаа попаметни, па сега се инволвираа во политиката на Запад и работите нема да бидат исти.

Во која насока ќе се развиваат работите ќе видиме. Посебно во контекст на двополарниот свет Кина/САД.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.072
Поени од реакции
9.340
Наводно се спремаат Израелците да ги поплават тунелите.

1701784792060.png
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Да не си помислиш дека не е очигледен моментот на игнорирање на суштината... :LOL:
Дека Хамас е создаден и поддржан како алатка против Израел и Западот со цел да не дојде до поблиска соработка меѓу некои од сунитските држави со Израел? Меѓу другото.
Како во случајов.

Интересно како лошите САД немаат никакви прсти замешано тука. :D

Свесен си дека најголемиот дел од екстремните сунитиски држави, па и движења во Арапскиот свет, се креирани од Западот, за да се спречи социјализам и комунизам во тие држави.

САД, Британија и Франција се тие кои се вмешани во сите тие држави. Израел е само помошник во спроведување на тоа.

Така беше и со Палестинското движење. Палестинците станаа попаметни, па сега се инволвираа во политиката на Запад и работите нема да бидат исти.

Во која насока ќе се развиваат работите ќе видиме. Посебно во контекст на двополарниот свет Кина/САД.
Долго пред да постои комунизмот се креирани тие држави.
Долго пред да се распаднат Османлиите се креирани тие движења. Не од Британците. Од самите муслимани.
Да, поддржани од Британија, како алатка против Османлиите.
Тука мислам на идеологиите.
Од нив подоцна произлегуваат и Муслиманското братство и ИСИС, и Хамас и сите лајна.
Дел од нив, од одреден период се "насочувани" од САД, Британија, Русија како алатки за остварување на нивните интереси во регионот.

Патем, која организација беше поддржувана од СССР во борбите против Израел, што мислиш? :D
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.490
Поени од реакции
33.637
Дека Хамас е создаден и поддржан како алатка против Израел и Западот со цел да не дојде до поблиска соработка меѓу некои од сунитските држави со Израел? Меѓу другото.
Како во случајов.

Интересно како лошите САД немаат никакви прсти замешано тука. :D
Дека какаш и избегнуваш да го коментираш фактот дека Хамас е корисен за Изреал, и дека Израел не сака да го уништи Хамас па сеедно што и да кажуваат во јавност.
Автоматски споено мислење:

 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Дека какаш и избегнуваш да го коментираш фактот дека Хамас е корисен за Изреал, и дека Израел не сака да го уништи Хамас па сеедно што и да кажуваат во јавност.
Добро е, напредок, сфати нешто.

Сега нема да навлегувам зошто организации што оперираат во повеќе држави и се поддржани од повеќе држави и ентитети се скоро невозможни за уништување од трета страна, бидејќи ќе ти требаат 2-3 страни пишување за да разбереш. Можеби другпат.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.490
Поени од реакции
33.637
Добро е, напредок, сфати нешто.
Сега као ти мене ме убедуваш дека Израел има ќар од Хамас и ги користи?
Хаха демек реверсна психологија практикуваш! :D

Нема гајле де, играј си ги малите игри - се додека не негираш дека Хамас повеќе работат за Израел отколку за Палестинците (всушност работат на штета на Палестинците).
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Сега као ти мене ме убедуваш дека Израел има ќар од Хамас и ги користи?
Хаха демек реверсна психологија практикуваш! :D

Нема гајле де, играј си ги малите игри - се додека не негираш дека Хамас повеќе работат за Израел отколку за Палестинците (всушност работат на штета на Палестинците).
Хамас работи против Израел на штета на Палестинците во корист на Арапите.

Ова е нијансата што ја бараш. И онака не можеш да ја видиш, бидејќи премногу црни ти се очилата.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.490
Поени од реакции
33.637
Хамас работи против Израел на штета на Палестинците во корист на Арапите.

Ова е нијансата што ја бараш. И онака не можеш да ја видиш, бидејќи премногу црни ти се очилата.
Што има во тоа некомпатибилно со тоа што јас претходно го кажав: Дека Хамас повеќе работат за Израел отколку за Палестинците и всушност работат на штета на Палестинците.
Еве го аспектот што ти упорно го игнорираш: Хамас им е инсталиран на Палестинците за да им прави штета (проблемот таму да остане замрзнат проблем, и да може да се активира според потреба).

Хамас не работи само за Арапите Муслиманското Братство, туку и за Израел но најважно - за тие што го контролираат и Муслиманското Братство.
Треба да разбереш дека Арапите не постојат како организиран политички ентитет. Имаш миљон групи кои и меѓу себе се колат.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Што има во тоа некомпатибилно со тоа што јас претходно го кажав: Дека Хамас повеќе работат за Израел отколку за Палестинците и всушност работат на штета на Палестинците.
Еве го аспектот што ти упорно го игнорираш: Хамас им е инсталиран на Палестинците за да им прави штета (проблемот таму да остане замрзнат проблем, и да може да се активира според потреба).

Хамас не работи само за Арапите Муслиманското Братство, туку и за Израел но најважно - за тие што го контролираат и Муслиманското Братство.
Треба да разбереш дека Арапите не постојат како организиран политички ентитет. Имаш миљон групи кои и меѓу себе се колат.
Проблемот е што не работат за Израелците.
Не само што нема докази, туку нема ни показатели што укажуваат дека Израел има корист од Хамас освен како политичка противтежа на остатокот од Палестинците.

Е ете ти го тебе црно-белиот начин на размислување.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.490
Поени од реакции
33.637
Проблемот е што не работат за Израелците.
Не само што нема докази, туку нема ни показатели што укажуваат дека Израел има корист од Хамас освен како политичка противтежа на остатокот од Палестинците.
ОК, еве ти еден: Како ќе правеа сега етничко чистење во Газа, ако не постоеше Хамас како „причина“ (за која цел намерно ги оставија да нападнат на 7ми Октомври, наместо да ги спречат иако знаеле за нападот).
Автоматски споено мислење:

Инаку ова последново многу јасно кажува дека на Израел не им е гајле ни за заложниците (како да не го знаевме тоа од доктрината Ханибал).
Пошто што ќе се деси со заложниците кога тунелите ќе се поплават?


Israel Readying Risky Plan To Flood Miles Of Gaza's 'Terror Tunnels' With Sea Water

teaser image
But the 'option' could likely kill hostages that remain in Hamas captivity...


 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
ОК, еве ти еден: Како ќе правеа сега етничко чистење во Газа, ако не постоеше Хамас како „причина“ (за која цел намерно ги оставија да нападнат на 7ми Октомври, наместо да ги спречат иако знаеле за нападот).
Претпоставката дека Израел прави етничко чистење ти е сосем погрешна.
Затоа и стигнуваш до погрешни заклучоци постојано.

Ќе заврши војната, ќе се увериш дека тоа не е така.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.490
Поени од реакции
33.637
Ако се „уверам“, или поточно ако Палестинците се сеуште таму во Газа по завршувањето на војната - тоа само ќе значи дека Израел не успеале во етничкото чистење.

Претпоставката дека Израел прави етничко чистење ти е сосем погрешна.
Затоа и стигнуваш до погрешни заклучоци постојано.
Не може да биде „претпоставка“ нешто што дефакто го гледаме со свои очи. Северна Газа е исчистена од Палестинци, официјални лица од Израел јавно изјавуваат дека Израел никогаш нема да го врати тој дел во владение на палестински преставници, што во пракса значи дека ни луѓето никогаш нема да се вратат - како што никој Палестинец не е вратен од родните места.

Патем - суштината на постот беше друг момент, поточно корисноста на Хамас како изговор за влагање во Газа и почнување на етничко чистење. Еве пошто можеби ненамерно 3 ПАТИ го пропушташ :unsure: ќе го повторам: „Како ќе правеа сега етничко чистење во Газа, ако не постоеше Хамас како „причина“ (за која цел намерно ги оставија да нападнат на 7ми Октомври, наместо да ги спречат иако знаеле за нападот).“
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Ако се „уверам“, или поточно ако Палестинците се сеуште таму во Газа по завршувањето на војната - тоа само ќе значи дека Израел не успеале во етничкото чистење.
Ако не успеале, тогаш Хамас е бескорисен, што значи ништо од твоето тврдење дека Хамас е во корист на Израел.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom