Ајде @Спасителот. што ќе искоментираш за ова
Промашени се и политички и религиозни флоскули при ваков настан. Не знам како си ме сфатил, но никаде во моето писание немам осудено патриотизам, најмалку поддржувам модерни вредности, или во крајност да сум бил против религијата. Тие муабети се за во друга тема, не, тие теми зависат од индивидуалното размислување и овде нема мешање. Ова е место за изчезнати лица, главна тема Вања и случувањата во тој правец. Со таа цел, ги „етикетирам“ воените профитери, да, вреди да се наречат така, бидејќи користат трагедија за заработка или популизам. Во случајот, дел од нив се инстаграмџиите П.Т. и Б. (од веќе споменатите) и како најгласни фејзбукџии И.М.Ф и П.Б. (исто, од веќе споменатите). Дел од овие како што кажав многупати, изнесуваја и лажни дојави, со цел поголем популизам, што накрај му успеа. Од друга страна, да правиме разлика помеѓу политичка партија, во случајот ВМРО и патриотизам. ВМРО како партија моментално е далеку од патриотизам, па оттука и моите писанија поврзани со партијата не се против патриотизам, туку, против партијата која од трагедија собира политички поени. Виновниците пак, иако гласни репрезенти на некаков радикален патриотизам, врска немаат со истото, напротив, тоа се слепи партиски ботови без иднина, без љубов кон Македонија, без љубов кон нешто свое. Единствена цел на таквите им е лична придобивка, која во случајот завршува трагично. И да, имаме илјадници такви партиски ботови, на штета на системот на Државата воопшто, некој помалку, некој повлијателен, на крај сите влијаат негативно, и искрено ме плаши дека допрва ќе зачестуваат ваквите работи. Излишно е да коментираме понатаму на оваа тема, се губи поврзаноста со случајот. Доколку сакаш отворена дискусија, повели во ПМ, таму ќе пишуваме без иницијали.
За виновните, „Кој ќе пролее крв човечка, и неговата крв ќе се пролее од човечка рака“.