Нов скандал го тресе италијанскиот фудбал
Властите во Италија ги проверуваат информациите кои ги имаат околу екипата на Интер за продавање на натпревари на крајот на минатата сезона. Италијанските медиуми излегле со натписи дека Интер продавал натпревари за да се кренат коефициентите кај букмејкерите. Според истите извори фудбалерите на Интер намерно играле лошо на крајот од сезоната за да бидат поголеми коефициентите за нивните победи.
А да потсетиме дека титулата беше решена во последниот натпревар кога Интер ја совлада Парма и стана шампион. Конкретно се работи за натпреварите од 24-то коло од Серија А. Од тогаш букмејкерите веќе ги стопирале уплатите за освојување на титулата на Интер, па затоа од Интер потоа ја вратиле неизвесноста до крајот на првенството. Според полицијата еден од доказите е и многу телефонски разговори водени меѓу поранешниот тренер на Интер , Роберто Манчини и Доменико Бреша, кој е поврзуван со мафијата.
Сето ова е интересно , а симптоматично е и одложувањето на враќањето на Ибрахимовиќ по повредата за неколку кола подоцна, како и не давањето на Хулио Круз да го изведе пеналот на еден од натпреварите и давањето на таа задача на Марко Матераци кој сосема нормално не реализирал, а средбата завршила нерешено. Ибрахимовиќ се вратил последното коло на мечот со Парма и помогна во освојувањето на титулата. Се очекува сега разгледување на целиот овој случај кој повторно ја разбранува фудбалската јавност во Италија.
Постирав и на темата за Интер, ке постирам и тука, еве ти еден фрагмент за весникот кој ја објави оваа информација :
-
Il Giornale is a daily newspaper published in Milan, Italy. Characterized from its birth by strong opposition to the left-wing parties of its time, il Giornale was founded in 1974 by Indro Montanelli, who did not support the new progressive line adopted by Corriere della Sera, where he had been one of the most important conributors. In 1977 Montanelli, in financial difficulty, accepted an offer by Silvio Berlusconi, who thus became the publisher. Indro Montanelli edited and published il Giornale from its start, until Berlusconi entered politics (December 1993). At that time he left to found the new daily La Voce.
In 1994, Berlusconi sold il Giornale to his brother Paolo and Vittorio Feltri replaced Indro Montanelli as editor.
* И да додадам , канцеларијата на јавното обвинителство во Милан јавно се изјасни за истиот настан, и ги демантираше сите тврдења на весникот .
п.с. Ибра играше повреден и на ЕП, а поради истата повреда која ја вчечеше доста долго време го пропушти и најважниот меч во групата, оној со Русија кој одлучуваше кој ке оди во наредната фаза, иако на два меча претходно постигна исто толку погодоци и беше најдобриот во тимот на Шведска .
п.м.с. Матераци е добар изведувач на пенали, во Перуџа додека играше беше главен изведувач на ударите од белата точка ( за две сезони постигна 15 гола ), во времето на Купер во Интер исто така беше задолжен за изведување на пенали и слободни удари, иако предност пред него имаше мислам Виери . И најважното, во финалето од СП, беше ставен од ЛИПИ како изведуваш на пенал серијата против Франција .