Исчезнати лица

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.693
Поени од реакции
32.743
Да не избрзуваме… т.е. да не веруваме во се што ќе излезе, па макар и мвр била!
Ова до сега е според првични изјави (веројатно дадени по добар ќотек).
Тек сега истрагата треба да ги утврди околностите, да им земат парафинска, да направат реконструкција, итн итн..
Си има процедура..
Да не е касно за тоа? Не знам до колку денови се детектира со парафинска ракавица. Јес да оние сигурно не се многу по хигиената, ама сепак... :)
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.924
Поени од реакции
8.079
Остави ти нема пари за цигари и самоубиства. Не оди тоа така кај вакви ликови.

Кретенот кога во ваква една положба на искористен куртон лагоден е во организација / извршување на вакво злосторство ете рачунај што правел во '90 кога практилно бил 2 човек после Бранко во партијата. Тој што е постар знае колку неразрешени убиства и самоубиства имаше за време на транзицијата. Да не бил и кретенов дел од некои? Пошто со таква ладнокрвност да учестуваш во вакво срање.... па не знам, не го прави човек за прв пат на 60 години нештово.

Друга битна работа, спомнато беше дека е под ПИМ мерки. Ај да ставиме на страна денес прес што правеше ВМРО дека било пријавено на 30.11. и бил уствари уште тогаш осомничен... (класика берење на политички поени), НО и да не било така зарем кога ти е лице под ПИМ мерки веднаш не можеш да се заинтересираш каде е и што е, што зборал на моб и слично?

Трето, мобилниот на девојчето. Доколку не е искршен, иако е исклучен, а има батерија во него би требало да можат да го лоцираат.

КОЛКУ е трула државата сето ова да не е направено ВЕДНАШ истиот ден, следниот ден?
КОЛКУ е трула државата да некој стар човек убијат, го користат неговото возило по 3 дена, а притоа со истото возило возакаат од едно на друго место?
КОЛКУ е трула државата кога имаш татко наркоман и коцкар да не го истресиш прво него и да ти е дел од листа на осомничени?

ДНО сме, како луѓе, општество, како единки без никакви вредности кои продуцираат опкружување што раѓа вакви морбидни случаи.

Не треба да ги судат. Врзи ги во парк за некое дрво и пушти соопштение за јавност каде се врзани, толку. Ќе се најде некој добронамерник...

И изгледа малку ни е, ништо не се сменило. Смилковско, па автобусот на Дурмо шо се преврти, болницата што изгоре, автобусот бг што изгоре, детето бт што го починаа од премногу инфузии и несоодветна грижа, сега и киднапирање со ваков крај.

Од една страна пукнат му е филмот на луѓето, од друга... никаква реакција, нула.
Апатија и неверување, ќе се заборави и ќе се чека следната катастрофа.
Во пресот изјавија дека возилото од велешанецот не било пријавено за исчезнато и дека не го барале.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.463
Поени од реакции
7.924
Нели било кој да те грабне додека почнува да те врзува прво што ти доаѓа е да врескаш од страв и да те слушне некој?

Не ми е јасно како никој во зградата не слушнал кога го киднапирале девојчево?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.123
Поени од реакции
18.098
Во пресот изјавија дека возилото од велешанецот не било пријавено за исчезнато и дека не го барале.
Е како ? Уште пред некое време пишеше дека Велешанецот е исчезнат исто и неговото возило марка Цитроен или јас трипам, премногу информации прочитавме периодот попара ни е мозокот
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.987
Поени од реакции
12.550
Тоа после се надоврза, првичниот муабет беше сомнение дека брзата реакција на класната е заради извесни проблеми. Што испадна точно.
Другата страна беше нема ништо чудно во таквата брза реакција. Тоа као по дифолт било очекувано, а не е.

Нејсе, како и да е јас мислам дека му должат признание на човекот. Пошто прв го посочи тоа што други се устручаваа - очигледноста дека класната знаела за можни проблеми и веднаш се јавила без и да се обиде да види девојчето да не е некаде во зградата на училиштото или слично... Инаку да, тогаш и јас не сакав да коментирам пошто глуп муабет беше како за во лошо време... Сега е исто глуп муабет, само очигледно не се устручаваме. :)
Дискусијата не беше за кој е прав/крив во теоритуку беше повеќе за дали е во ред да се алармира полиција доколку детето ви го нема еден час.

Пошо форумов го читаат многумина, сакам да биде јасно дека апсолутно е во ред и треба да се алармира полицијата доколку не можете да стапите во контакт со вашето малолетно дете.
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
812
Поени од реакции
1.045
Нели било кој да те грабне додека почнува да те врзува прво што ти доаѓа е да врескаш од страв и да те слушне некој?

Не ми е јасно како никој во зградата не слушнал кога го киднапирале девојчево?
Се уплашило ? Татко е ја залажил некако?

Шо мислиш?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.463
Поени од реакции
7.924
Се уплашило ? Татко е ја залажил некако?

Шо мислиш?
Да бе татко и и рекол ќерко ќе те врземе и ставиме во вреќа немој да се плашиш изненадување ти спремаме со чиковците.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.303
Да не е касно за тоа? Не знам до колку денови се детектира со парафинска ракавица. Јес да оние сигурно не се многу по хигиената, ама сепак... :)
Колку што знам, денови, па и недели честички остануваат на кожата…
На крај и тоа е само еден метод.
Треба да споредат искази, да видат што се поклапа, а што не.
Да добијат извештај од аутопсија (да не звучам морбидно сега: ама дали била врзана, колку време, под нокти, дали се борела, од кое растојание била пукана и сл.)
Па реконструкција, па една верзија, друга, па полека полека ќе се склопат коцките од мозаикот.

Не дека нешто менува изгубен детски живот, ама сепак треба да се утврди дали е ладнокрвна ликвидација, или Three happy friends момент било.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.123
Поени од реакции
18.098
Да бе татко и и рекол ќерко ќе те врземе и ставиме во вреќа немој да се плашиш изненадување ти спремаме со чиковците.
Аман бе ти па, ко синкир не можат да успијат дете од 14 години пред влез. Не бил еден киднапер четворица биле.
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
999
Поени од реакции
3.989
Палчо не е никаков патриот, туку само препознал за каква идеологија е плодна оваа почва и како најлесно да дојде до пари, статус и влијание. Тоа што во Македонија има многу луѓе кај кои резонираат неговите зборови за дип стејт, заговори и местенки, додека малку поразумен човек ќе сфати дека се работи за трчи лажи будала која ни сама на себе не си верува, е доволно да се изведе заклучок до кое ниво е дојдено ова општество и зошто кој стигне ни го начукува кога сака и како сака.
10/10

И после странците, амбасадите, Сорос и Ротшилд, 5г и хаарп се криви. Сите се криви освен 30те% безмозочни амеби кои ги имаме во опшЕството. Дур не си признаеме дека во нас е грешката ќе останеме последни во цела Европа со џамахиријата Албанија и протекторатот Косово
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.693
Поени од реакции
32.743
Не разбираш и не разбираш. Нацистите биле Германски патриоти и најголеми родољуби па види што направиле, што сакаш да кажеш за нив?

Јас имам теза дека овие користат измешана македонска патриотска базова идеологија, со додаден радикален карактер, кашапопарена со сонца од вергина и залепени со славјански коловрт, и на врв со дополнителни езотерични идеологии карактеристични и кај радикални култови по светот (ротшилди, евреи итн).
Јас не разбирам?
Тезата дека оние се родољуби е глупа теза. Никој од оние бандити во животот нема ништо родољубиво направено, и сега ти ќе продаваш онакво за бубрези дека оние го убиле девојчето за да прават/финансираат некаква национална револуција?

Дефокусираш со тие приказни за родољубие, национализам/нацисти, некакви радикали, и слично. Палчо комуњарот десна рака на БЦ, тој го продаваш како родољуб? Затоа што Паљо така се кажал? Абе ало, оние се класични бандити водени од пропалитет кој се крие позади фасада на родољуб. Анонимуси кои повеќето овде пред вчеравечер не ни знаеа дека постојат. Ако им успееше изнудата и ако земеа пари, повеќето овде сеуште немаше да знаат дека оние гниди постојат на планетава.

Уште еднаш: Тезата ти е глупа, и не нудиш никакви аргументи за неа. Тоа ти го кажав уште во првата реплика, тоа ти го повторувам по не знам кој пат - и не разбирам зошто уште продолжуваш со тие флоскули за национализам. Или сакаш на кондиција да се обидеш?
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.924
Поени од реакции
8.079
Е како ? Уште пред некое време пишеше дека Велешанецот е исчезнат исто и неговото возило марка Цитроен или јас трипам, премногу информации прочитавме периодот попара ни е мозокот
Епа не е ова од пред некое време туку прееска го прашуваа новинари зошто не било најдено возилото толку денови и им одговори дека не било пријавено за исчезнато.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.707
Поени од реакции
36.676
Дефинитивно имале некој информации, ама ништо од ова не е некоја тешка интимна работа што не би можеле да ја извлечат и без соработка од таткото. Не ми е верно дека таткото свесно си ја киднапирал ќерката за пари.
Сега баш објавија дека обвинителството бара притвор и за таткото.

https://a1on.mk/macedonia/obvinitelstvoto-bara-48-chasoven-pritvor-za-tatkoto-na-vanja/

“Обвинителството за него има докази дека давал информации на киднаперите, односно дека организирал извршување на киднапирањето со цел да бидат изнудени пари од мајката на Вања.”

Најверојатно прибрале уште некој доказ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom