Зборувам за моментот со експресно брзото јавување за отсуство на ученик, дека не е норма туку исклучок. Веројатно заради претходно искомуницирани можни проблеми (или закани).
И само да се разбереме, јас навивам за тоа (брзо јавување заради отсуство) да е норма.
Секако дека не е норма, правило, јавувањето е исклучок што го прави конкретната наставничка (и други, ама не сите пошто не е норма).
И повторно викаш веројатно поради претходно комуницирани проблеми, сега биле или не биле комуницирани, што се промени од вчера, кажаа дека мајката барала од класната да ја известува?
Јас наидов на фб пост од наставничка од Песталоци кој сега не можам да го најдам, кај што вика дека првиот час им бил класен час и ако добро памтам пишуваше дека класната имала обичај (не норма) да прашува за отсутни ученици.
Може мајка и имала некое претчувство/сомневање, ама кои сме ние да дефинираме што значи паника/предвремено пријавување кога се работи за малолетно лице.
Не сакав да пишувам претходно, ама скроз немаше поента на Јамајка муабетот, особено што до сега сите според него "паники" за исчезнати деца биле оправдани, и подобро 10 да бидат беспотребни отколку да биде норма да не се крева паника зашто во 90тите шетавме без телефони.
За жал нормата е поставена дека сите треба да сме достапни 24/7, ми се случува по 3 пати да ми ѕвонат, ѕвонење додека не се јави "мејли", па вртење на Вибер, месинџер...