Жално. Страшно. Нека почиваат во мир. Се надевам на правична казна. Од авион (социјалните мрежи) се гледа фанатизмот им е заедничка точка на инволвираните, мотивите се' уште неоткриени, поразително е што за исчезнати лица како мотивација за МВР потребен е медиумски притисок кој може да биде кревок.
Исто да спомнам, во многу од искажаните „теории“ беа лепени бесправно разни етикети и предрасуди кон разни заедници. Ова е несреќен пример како криминалот не бира партија, религија, етникум. Молба да се сплотиме како нација и свесно да го осудиме овој чин. Поготово ако правдата биде слепа..