Ајде да не се правиме наудрени...
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Секој што беше во Ѓорче можеше да примети дека утакмицата беше со сомнителен квалитет.
Ништо не одигра Ѓорче, а и не се ни претргнуваа. Освен неколку поостри стартови и непотребни жолти картони, другото беше ко пријателски меч.
Канцер утакмица воглавно. Ние се браневме, они си подаваа во нивна половина.
Ако не се лажам, ниту една шанса немаа.
Ние дадовме гол од прекрасна акција. Лемос кој претходно упротпасти две акции ради себичност, убаво се проби, додаде до Здравковски, овој нафрли остро и Милосавиќ даде прекрасен гол со волеј.
Во второ полувреме имавме две-три убави шанси.
Еднаш Здравковски или некој друг од децава, погоди пречка откако беа тројца во изгледна позиција.
Имавме една контра каде што Глишиќ протна топка, го помина и голманот, ама некој исфрли во корнер пред Цветановски мислам.
Во крајната акција излегоа тројца пред гол, ама Лемос беше себичен и шутираше место да проигра, па му ја одбранија.
Инаку одлична бројка во Ѓорче, над 250 луѓе по моја проценка. Топ атмосфера, вистински хит сме сезонава иако тимот е очобол.
Последниве две се многу важни утакмици. Ете денес го одморивме Брда, да видиме што ќе прикажеме со Силекс и Тиквеш.
Ништо чудно да освоиме уште некој бод пред полусезона.