Ама за волја на вистината времињата се целосно сменети од тогаш и сега, барем во Скопје.
Моите не знаеле каде сум од јутра до сутра, ама градот тогаш беше многу побезбеден за живот.
Порано по градовите живееле луѓе староседелци кои сите се знаеле меѓусебе, што многу ја намалува шансата да некој ти наштети. Или барем знаеш кој е проблематичен и се пазиш од него.
Сега не знам кои ми се првиве комшии. Константно нови луѓе, помош да ми треба, не знаеш на кого да се обратиш. Па некој може да влезе во станов до нас, јас нема да знам дека не е тој што живее таму, пошто 2 пати во живот сум го видел.
Порано постоеја закони, имаше казни, не беше распуштено како сега. Сега мајка ми кога ќе отиде до ГТЦ со некоја пријателка навечер, умирам од грижи да не ја нападне некој за да ограби стара жена. Или да не и се пуштат 100 кучиња потшо си шетаат ко на пазар низ цел град.
Имаше улични кучиња, ама никогаш немало групи од по 20 кучиња насекаде низ градот.
Кога сме се тепале како деца, немало коростење ножеви и пиштоли. Се измени времето, во поглед на безбедноста нема никаква споредба.
Види го сообраќајот сега, види го порано. На секое метро може да те згази кола, никој не ти застанува на пешачки.
Тротоарите запоседнати со коли, сакал неќел како пешак МОРА да одиш по улица.
Апсолутно нема споредба во нашето време и сегашното.
И јас како дете кое морало низ цело детство пешко да оди по цел град, фатив дел од ова неубаво време каде што по ем можеше да те нападнат разни групи за рекет (во тоа време панкери, скинери, металци) или да те нападне некој за да те ограби (воглавно циганарија) или едноставно да те нападнат од етнички причини. Сум се наоѓал во секакви ситуации и сум тепал и ме тепале, ама барем во тоа време немало бодење сл ножеви.
Сега ќе пуштиш дете до парк, ќе го избодат со ножеви за да му земат мобилен, ќе го расклоцаат, цел живот траума ќе има.
Во наше време бегавме од венаши за да не ти се залепат да те замараат, сега имаш еден куп манијаци што порано го немало. Луѓето сега имаат достапност до интернет, добиваат секакви идеи, поосамени се, нема дружба како порано.
Воопшто не замерувам што сега се потпрепатливи родителите од порано.
Друже освен за колите и за тоа што не ги познаваш комшиите, за другото не се согласувам.
И кога бевме деца имаше багабонти и криминал, и сега, а народот беше уште во поголема криза и секој можеше да те преебе за ич пари. Впрочем во тоа време имаше повеќе "прави криминалци", не партиски поттрчковци, оди во темата за криминалци и прашај.
2000и некоја, не памтам точно колку години бев, во Прилеп во тепачка му го закачи ножот ко од шала, уште ја паметам сликата пред мене. Се имаме толчени упм, јас израснат сум во гадна населба, преку неколку куќи на комшијата 2 пати му фрлаа кашикара дома, и му ја палеа колата од што беше "убав човек".
Другар мој на одмор во Охрид го прекршија од ќотек, идиотите го пуцаа со клоци во глава и се опоравуваше во темна соба 8 месеци, околу 2007ма.
Комшијата ја избоди жена му 19 пати со нож, го имаше и по медиуми, внукот негов со чифте го испукаа во едно село влегол да пљачка а газдите дома, претходно неколку години и се обид за киднапирање, го викнале во кола демек да им покаже каде е излезот од градот и нагазиле, за среќа носел џебно ноже со него и му го закачил во нога го паметам и типчето.
Пљачкање на секој чекор, поштенското комбе со 400к внатре на петлата за БТ го запреа со калаши, куќа во маалото не остана необиена оти со тутунот после 3 ноќе немаше живо пиле дома. Абе буквално секој втор ден имаше некое срање, се испукаа во кафеана, имаше едни од тигрите што се дигнаа во воздух пак во кафеана, а демек мал град.
Се ова беше после 2001ва, да му ебам мајката имавме војна, претходно Србија беше бомбардирана и донесоа едно чудо избеглици од горе, шверц се правеше упм, тензија меѓу националностите, тензија меѓу партии, навивачи, масовни отпуштања и депресија колку сакаш. Ако споредам во какво срање време живеевме, ова е рекреација.
Во училиште се лупавме секој ден, нон стоп имаше собирања и некој некого бркаше за ќотек, учителите уште навиваа, а не да викаат родители.