Друже имав колега што секое утро се ебаваше да го носи детето во училиште со кола, и не му беше по пат. Немав појма колку години е и каде учи, се додека не се испушти низ муабет дека бил 13год
Во 8мо одделение секој ден го носеше со кола, а училиштето неполни 2км од дома
Во цел живот, дали 2 пати запали стариот мој кола во апла јако невреме, сум шлапал пешадија низ секакви услови.
Прва година на факс не ни дојдоа да ме упишат во Скопје, сами со другари сме се ебавале да најдеме институции, студентски домови и станови под кирија, дури со воз си ги носев и работите за вселување, а во тоа време немавме ни мобилни со навигација, ни интернет на моб, и во Скопје имав стапнато едвај 2 пати на екскурзија.
Да не звучам како старците, ама новиве дечки се размазани и надвор од реалноста.
Имам мислам пишувано, на сред интервју, на прашање кои се очекувањата за плата кандидатка родена 2000та, побара да се јави дома да ги праша родителите за совет
Замисли во иднина колку ќе преземе одговорност, и колку ќе знае каде тера, па под притисок...
Ама за волја на вистината времињата се целосно сменети од тогаш и сега, барем во Скопје.
Моите не знаеле каде сум од јутра до сутра, ама градот тогаш беше многу побезбеден за живот.
Порано по градовите живееле луѓе староседелци кои сите се знаеле меѓусебе, што многу ја намалува шансата да некој ти наштети. Или барем знаеш кој е проблематичен и се пазиш од него.
Сега не знам кои ми се првиве комшии. Константно нови луѓе, помош да ми треба, не знаеш на кого да се обратиш. Па некој може да влезе во станов до нас, јас нема да знам дека не е тој што живее таму, пошто 2 пати во живот сум го видел.
Порано постоеја закони, имаше казни, не беше распуштено како сега. Сега мајка ми кога ќе отиде до ГТЦ со некоја пријателка навечер, умирам од грижи да не ја нападне некој за да ограби стара жена. Или да не и се пуштат 100 кучиња потшо си шетаат ко на пазар низ цел град.
Имаше улични кучиња, ама никогаш немало групи од по 20 кучиња насекаде низ градот.
Кога сме се тепале како деца, немало коростење ножеви и пиштоли. Се измени времето, во поглед на безбедноста нема никаква споредба.
Види го сообраќајот сега, види го порано. На секое метро може да те згази кола, никој не ти застанува на пешачки.
Тротоарите запоседнати со коли, сакал неќел како пешак МОРА да одиш по улица.
Апсолутно нема споредба во нашето време и сегашното.
И јас како дете кое морало низ цело детство пешко да оди по цел град, фатив дел од ова неубаво време каде што по ем можеше да те нападнат разни групи за рекет (во тоа време панкери, скинери, металци) или да те нападне некој за да те ограби (воглавно циганарија) или едноставно да те нападнат од етнички причини. Сум се наоѓал во секакви ситуации и сум тепал и ме тепале, ама барем во тоа време немало бодење сл ножеви.
Сега ќе пуштиш дете до парк, ќе го избодат со ножеви за да му земат мобилен, ќе го расклоцаат, цел живот траума ќе има.
Во наше време бегавме од венаши за да не ти се залепат да те замараат, сега имаш еден куп манијаци што порано го немало. Луѓето сега имаат достапност до интернет, добиваат секакви идеи, поосамени се, нема дружба како порано.
Воопшто не замерувам што сега се потпрепатливи родителите од порано.