...не сакам да му се мешам во професионалноста на ГРулз како стоматолог, ама ќе напишам мое искуство дека не баш така дека
во забите има онолку канали колку што има корени, бидејќи каналите доста често се разгрануваат во близина на пулпата или пак неколку канали можат да „работат“ паралелно еден со друг во еден корен поради што излегува дека едниот корен има два врвови со што се отежнува работата на стоматолозите при пополнување на таквите заби, забите на горната вилица има повеќе канали отколку забите на долната вилица, но не кај сите пациенти.
Прегледај го приврзокот 394787
... карактеристики во структурата на каналниот систем на забите во горната вилица, шестиот заб на горната вилица најчесто е триканален, но, понекогаш има и четириканални, четвртиот и петтиот заб одозгора најчесто се двоканални, но понекогаш се наоѓаат едноканални и триканални премолари, четвртиот горен заб обично има 2 канали, но понекогаш има премолари со 1 или 3 канали.
... така да ако стоматологот пропушти една гранка која ете е една од горе што напишав се доаѓа до „долгомесечно лечење“ на забот, а всушност се става лек на еден канал без да се примети „споредниот“, мислејќи дека ете петиот заб има само еден канал, така да мој совет, без ренген на забот никаква интервенција ниту лечење, секој пациент си е приказна за себе.
Прегледај го приврзокот 394788
...четвртиот заб обично има еден канал, но кај третина случаеви има два, во петиот заб доле обично има еден канал, но кај 10% од пациентите имаат два канали, а шеската на долна вилица веќе може да има канали од два до четири, обично има помалку канали во забите во долната вилица, но не мора да значи, бројот на канали зависи од длабочината на забот колку подлабоко се наоѓа во вилицата, толку повеќе канали има.