Koj ima blokirani sredstva ? Znaesh li koj go otvaral tenderot ?
... кога ги превзела Општината (читај Касами новиот градоначалник) од ДУИ (читај од градонач.Теута Арифи), како што читав инфо, Општината била во голем минус со неплатени сметки и блокирана, може и тоа да го најдам инфото ако баш те интересира.
...еве ти го планот и програмата на Општината за 2023 година, читаш некаде реновирање на градскиот стадион?
Досие на годишен план
За период 2023
Назив на договорниот орган: Општина Тетово
Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Органи на единиците на локалната самоуправа - Општи јавни услуги
Планирани набавки во годишниот план,
Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на стоки:
Предвидено за месец фебруари 2023
Набавка на железарија,санитарни, водоинсталатерски материјали, бои и лакови
Набавка на средства на хигиена.
Набавка на канцелариски материјали
Набавка на електрична енергија
Набавка на продукти за репрезентација
Набавка на униформи и друга опрема за заштита и спасување за потребите на просторните сали
Предвидено за месец март 2023
Осигурување на вработени
Набавка и изградба на урбана опрема
Поставување на конзола покрај река Пена
Набавка на репроматеријали за улично осветлување
Набавка на компјутерска опрема и систем за електронска евиденција на вработените
Набавка на лиценци за софтвер
Набавка на тонери
Предвидено за месец јуни 2023
Нафта за греење за општина Тетово
Набавка на компјутерска опрема, принтери и софтвер
Поправка и одржување на софтверска и хардверска
Предвидено за месец август 2023
Набавка на гориво и масло за потребите на возниот парк на општина Тетово
Набавка на униформи и друга опрема за потребите на ТППЕ
Предвидено за месец септември 2023
Набавка на канцелариски мебел
Набавка на гуми
Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на услуги
Предвидено за месец септември 2023
Подготовка и изработка на стратегија за развој на туризмот 2023-2027 год.
Ангажирање на акредитирана лабораторија за мерење на квалитет на воздух и инструмент за мерење на бучавата.
Поправка и сервисирање на лесни и товарни возила на возниот парк на општина Тетово и ТППЕ
Осигурување на возниот парк на Општина Тетово и специјалните возила.
Изработка на техничка документација за инфраструктурни објекти
Проектирање на сообраќајни проекти на затворени паркинзи кој се предвидени со ДУП на град Тетово.
Предвидено за месец март 2023
Административно извршување на управни акти (Рушење на безправно изградени објекти)
Печатење копирање и изнајмување на опрема
Предвидено за месец април 2023
Подготовка и изработка на брошура и друи промотивни материјали Бизнис информатор
Обезбедување на објектите на Општина Тетово
Телекомуникациски услуги
Геодетски услуги
Програма за спроведување на дезинфекција, дезинсекција и дертаризација
Одржување на атмосферски сливници за канализации во град Тетово
Изработка на урбанистички планови на општина Тетово за 2023 год
Рeвизија на урбанистички планови на општина Тетово за 2023 год.
Предвидено за месец мај 2023
Пристап до ажурни прописи
Одржување на урбана опрема
Предвидено за месец август 2023
Зимско одржување на патната мрежа на територијата на Општина Тетово
Предвидено за месец октомври 2023
Надзор над изведбата на градежни објекти
Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи
Предвидено за месец фебруари 2023
Пополнување на ударни дупки Одржување и реконструкција на улици во град Тетово и патната мрежа на планинските села од слечиште и др
Изградба на бул.Благоја Тоска од касарна до регионален пат во должина од 450 м и завршување на
тротоари.
Изградба на бул.В.С.БАТО од ФУШТАНСКА со должина од 650 м со сите фази
Изградба на обиколница с.Лисец-Попова Шапка во должина од 740м градежен дел и улично осветлување.
Изградба на ул.Браќа Миладинови
Изградба на ул.Борис Кидрич
Изградба на ул.Киро Ристовски Дрнц од бул.Илинденска до Хотел
Предвидено за месец март 2023
Реконструкција на дел од улица ЛЕНИН од кај што завршува новиот асфалт до ул.Благоја Тоска
Реконструкција на ул.”108”
Изградба на атмосферска-фекална канализација низ територијата на Општина Тетово
Предвидено за месец март 2023
Изградба на вертикална сигнализација (семафори) на крстониви со булеварско решение во град Тетово
Чистење на речни корита на р.Пена, Г.Речица, М.Речица и река во Порој
Нови приклучоци на водовод и канализација и поправка на дефекти
Предвидено за месец мај 2023
Изградба на реконструкција на пат во с.Лисец
Предвидено за месец јуни 2023
Реконструкција на канцеларии за сектор на образование
Предвидено за месец септември 2023
Реконструкција на бетонски канал за атмосферска вода на ул.Прохор Пчински
Реконструкција на ул.Јадранска
Изградба на канализација на В.С.Бато
Изградба на потпорен зид Бањиче
Изградба на ИРЛ
Тековно одржување, поправка и реконструкција на објекти
Одржување и заштита на улици
Изградба на вертикална електрична сигнализација(семафори) и вертикална сигнализација(знаци)
Датум на првична објава на ЕСЈН 31.01.2023
Датум на објава на верзија 12.09.2023 11:18
(... мене ми требаше 15 минути да го скоцкам тука земено од Нет каде транспарентно е поставена програмата за 2023 год)
Znaesh li koj go otvaral tenderot ?
...појма немам, ама како што побарав сега низ НЕТ на тебе за инат, зашто и ти појма немаш, а се правиш дека имаш, не постои „Јавно претпријатие Тетово транспорт“ во Јавните набавки, како што пишува тука на овој портал „Тетово Инфо“ дека преку тоа ЈП се отворил тендер, барем до сега нема такво нешто или не можам да најдам или измислено е или не е добро напишано!
Kolku vreme bil konsesioner e druga tema, ti tvrdeshe deka e ushte, a sega smani stav. Ne gi znaesh rabotite, zatoa ti vikam llaesh bez da imash informacii.
... не дека ме интересирало за градскиот стадион во Тетово, па најмалку каде се играло фудбал, па да знам за концесионерот дека веќе не бил концесионер, но ете сега знам, дека станал концесионер на туѓ имот кој бил во процедура за легализација (Тетекс, Љуботен фудбалските клубови), за узурпација први сте, а и тоа фалењето за вложените 7 милиона се дадени и направено нешто со нив или само вртат во круг.
meta.mk
19 Јули 2016 :
Советниците на Општина Тетово на денешната седница, со мнозинство гласови ја изгласаа одлуката со новиот и со стариот градски стадион во Тетово да управува фирмата „Еколог“, сопственик на фудбалскиот клуб „Шкендија“.
–
Фирмата „Еколог“ во наредните две години треба да инвестира 7 милиони евра во двата стадиони. Ваквата реконструкција на стадионите многу ќе придонесе за развој на спортот во Тетово, особено на фудбалот – изјави Исен Џемаили, претседавач на Советот на Општина Тетово.
Одлуката за давање под концесија на двата стадиони во Тетово беше единствената точка на дневниот ред на денешната седница на Советот. Воздржано гласаше советникот од СДСМ, Љупчо Апостоловски. Тој смета дека донесувањето на ваквата одлука е избрзано затоа што за
дел од просториите од стариот стадион во Тетово, кој сега веќе е издаден под концесија, се водат имотно-правни спорови.
– Станува збор за простории на „Тетекс“ и на „Љуботен“, кои овие фудбалски клубови ги користат половина век, а за кои градоначалничката Теута Арифи двапати одбила да ги легализира, по што е поднесена жалба до Министерството за транспорт и врски, од каде предметот повторно го вратиле на разгледување. Требаше да заврши оваа постапка, па потоа да се издадат стадионите под концесија – изјави Апостоловски.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и советникот од ВМРО-НП не присуствуваа на денешната седница. Сите советници од партиите на Албанците го дадоа својт глас за денешната предлог-одлука....“
П.С.
моментално Министерство за транспорт и врски има отворено тендер само за :
Набавка на услуги од агенција за привремени вработувања
никаде го нема градскиот стадион!
Број на оглас | Договорен орган | Предмет на договорот | Вид на договорот | Вид на постапка | Датум на објава | Краен рок | Документи |
---|
21149/2023 | Министерство за транспорт и врски | Набавка на услуги од агенција за привремени вработувања | Услуги | Поедноставена отворена постапка
| 23.11.2023 | 11.12.2023 10:00 | Прикажи |
...според ова што прочитав највероватно тендерот треба да го отвори „Минстерство за транспорт и врски“ за реновирање на градскиот стадион
П.С.
и малку припази со тоа „лаење“ како израз, ако ти си овчар, јас не сум куче!