- Член од
- 20 април 2019
- Мислења
- 20
- Поени од реакции
- 2
Здраво дечки. Заинтересиран сум за клима се мислам меѓу Gree Fairy Premium - GWH18ACD-K6DNA1I , и Carrier Extreme 2 - 42QHG018D8SE/38QHG018D8SE. Да бидам по конкретен, се работи за 5.5kw или 18000 BTU. Се работи за греење на спрат од под 50 квадрати од куќа, со изолација и ПВЦ прозори. Моментално имам стара Gree клима (3.5kw) што е купена во 2012, и до сега супер ја грееше дневната соба (25м2), но од кога реновирав спалната и тоалетот, тешко да врши работа и за до таму. Претходно сакав да земам Amber Premium + но ја немат на лагер. Во прилог ќе ви прекачам слика од распоредот на спратот (од правосмукалката е ама се наоѓа).
1. Моментално се наоѓа овде старата клима
2. Место каде што сакам да ја ставам новата клима за да може да дува накај кујната и плус во дневната
3. Место каде што ќе ја префрлам старата клима и ќе ја наместам да дува право за во кујната плус.
Битно ми е да бидат над -15 поради тоа што тоа ми е главно греење, немам ништо друго, на клима се грееме повеќе од 15 години, затоа ги гледав тие клими.
Јас сум пре задоволен од Gree и затоа пак гледам, но знам дека и Carrier имат по некоја добра клима. Дали овој модел на кариер е со Тошиба компресор, пошо гледав дека производител на Carrier e Midea (според еуровент сертификатот), па да не е со Midea компресор пошо некаде читав дека Мидеа не се гаселе т.е. се гасел компресорот и дувале ладен воздух.
Слободно препорачајте ми друг модел плус, но сум ограничен со овие заради тоа што сакам да ја земам климата од Телеком, пошо имам договор за продолжување.
Споделете искуство со овие 2 клими.
или ако имате совет за кај да ја ставам новата.
ПС битно ми е да бидат вифи и 2та модели, и ако имате искуство со home assistant, дали сте успеале да ги вметнете нивните апликации.