Кога било тоа ? пред 1000 - 2000 год кога ги гаѓале со стрели и копја и со катапулти им фрлале камења ?!
Денес чим куполата одвај може да издржи ракети истрелани од канализациони цевки , тогаш господ знае што може да направат иранските суперсонични ракети.
Пак да те потсетам дека денес сме 2023 год. Израел последен пат кога сите ги поразил било пред 60 год кога ништо од горенаведеното не постоело.
@jamajka еве ти сега пример на иста такава митологија што намерно создава теорија на заговори иста како таа за која што зборевме во ПП.
Пред 50 години, кога Израел војуваше со соседите, тие соседи беа вооружени со оружја подобри од тие на Израел. Десетици пати поголемите соседи изгубија. Во повеќе наврати.
Денес нема ни споредба на тоа што го има Израел и со соседите, и со сите регионални сили.
Израел израсти во една од најнапредните земји на планетава.
Израел е сега тој што извезува. Израел е силата.
Iron Dome е само еден дел од повеќе слојната одбрана. Наменет да соборува ракети со краток дострел, гранати, дронови. И одлично си ја врши работата, со повеќе од 90% успешност.
Останатите словеи го бранат Израел од ракети со долг дострел и авиони.
Повторно претпоставки.
- дека Иран има/нема тоа што званично западните медиуми кажуваат дека има/нема
- дека РФ/некој трет им немаат продадено или разменето технологии на Иран
- итн
Што е тоа што го има Иран различно од балистички ракети, а може да го нападни Израел.
Кои се претпоставките, дека Русија можеби има разменето технологии со Иран?
Чекај сега.
Од вашиов табор не убедувавте дека Русија нема да употреби нуклеарно оружје против САД и вазалите, ако бидат нападнати и донесени пред пораз... И значи логично е САД да не се плаши од нуклеарна ескалација заради прокси војување против број 1 нуклеарната велесила во РФ, ама нелогично е на пример РФ прокси да интервенира против американскиот вазал Израел - затоа што „нема да ризикуваат земјата да му се врати во камено време ако реагира против Израел“?
Во истото сценарио во кое нуклеарниот арсенал на РФ не е закана за САД и вазалите, нуклеарниот арсенал на Израел е таков за да ги запре РФ од евентуално помагање на Хамас/Хезболах? Хипотетички зборуваме, се разбира.
Не знам табори и глупости.
Во регионот само Израел поседува нуклеарно оружје. Толку.
Израел и Русија соработуваат многу повеќе отколку што мислиш дека знаеш.
Не се сложувам, Иран технолошки напредува многу во последните 15-20 години. Има капацитет преку Хезболах и преку Кудс или како и да се викаше таа милиција, да му направи сериозни проблеми на Израел. Не зборам за класична воена интервенција, ограничени се условите на Иран за тоа, туку за прокси, нешто слично како што прави со Хутите.
Ќе те цитирам само за овој дел, за остатокот се сложувам.
Да, Иран има многу напреднато, имам пишувано за тоа во темата за Иран. Во многу аспекти. Тоа може да го видиме во војните во Јемен, Сирија, нападите во Ирак. Иран буквално пред 20 години тргнува од нула, па оттука и секој развој е прилично забележителен. Во случајов и огромен развој.
Но реално, Иран нема оружја со кои може да му наштети на Израел, освен балистички ракети.
Проксите да. Но самиот Иран, не поседува никаков капацитет за да може да направи нешто против Израел.
И на крајот, Израел не седи со скрстени раце.
Види какви се не оружја извадоа во последните години. Ланцетот што мислиш, според што е изработен?
Iron Dome,
наскоро Iron Beam. Израел е меѓу првите што користи ласери. Ласери.
Чекајте малце другари. Интересна дискусија.
Од една страна нели изненадени биле Израел од Хамас. Разузнувањето потфрлило. И сега тука се тврди сепак дека Израел матер ќе им ебе на Хезболах и Хамас два пати. И Иран на кур ке го туреле. При тоа гледаме дека ајрон дом со ракети со цефки од канализација направени го прегореа. Што правиме уште па дронови да имаа и остало срање што го има пример Иран?
Да јасно е дека Израел предничи против Хамас и Хезболах, и тоа пази овие вториве се доста поопремени од Хамас. Ама не ќе да е се така лесно и за Израелска армија. Израел точно во минатото победил и во потешка ситуација, ама тоа е во минатото. Сега доволно е мало дронче да ти напраи пртал од Меркавата. Што правиме со дрончињата ако ги пуштат по Ирон Домот и тн? Многу е изменето војувањето.
И многу се гледа потценувачки кон Иран како воена сила. Да Израел има нуклеарки и само тука можеби им е предноста.
Да, ама реално, што можат да постигнат Хезболах, и/или Хамас?
Што суштински можат да променат во однос на Израел?
Ако некој сака да знае што би било со Хезболах, доволно е само да ја види војната во 2006та и моменталната ситуација во Газа. Сосем слично би завршило и со Хезболах сега.
Загуби ќе имаат, нормално, но ништо споредливо со непријателот.
Израел не оди повеќе од двоцифрен, низок троцифрен број на воени жртви во сите досегашни конфликти во последните 20тина години.