Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Не се нервирај ама изгледа играчи ко Бербатов ти ги имаш гледано на резултати
Поентата е со добар голгетер што цело време ке навлекува внимание што ке отвара простор повеќе за останатите, добар голгетер ке знае да се извлече и да ја пукне од 16
Не знам зашто замислуваш дека треба да дреме пред гол и со курот само да ги дава головите
Океј сеа чекам некој да ме праша еве ти кажи кој би го земале :X3:
Јас би го земал Кејн, ама јеби га немаше пари за него.
Што се однесува до Бербатов, настрана што фудбалот што тогаш се играше е скроз различен од денес, човекот си беше играчиште. Е сега, Бербатов играше со играчи ко Роналдо, Руни, Тевез, Гигс, Сколс, Керик, Нани. Значи играл со играчишта кои знаеле и да асистираат и гол да дадат и биле секогаш подредени на тимот. Денес, кој и да го ставиш шпиц кај нас, треба да игра со Санчо, Рашфорд, Гарначо, Антони, Мек Томинеј. Бруно иако е сезонава катастрофа, не би го вброил во оваа група. Од овие сите, ни еден не приближно квалитетен ко Нани од времето на Бербатов, што се однесува до асистенции, разигрување шпиц, а камо ли до останатите набројани.
Добар голгетер ќе навлекува, ќе ослободува простор, тоа стои, али види го клипот, какви чисти позиции се повеќето промашивања. Друго, каде виде дека јад замислувам голгетер да стои само пред гол. Па кај нас шпицот за да дојде во контакт со топка, мора да се извлече на 35-40 метри, така е сега, така беше и прошлите сезони. Значи кој сакаш стави го напред, Кејн, Халанд, Левандовски, Бензема, ако единствена опција за да дојде во контакт со топка му е да се врати на 35 метри, ти нема да видиш голови од него, можда на некоја контра, полу контра. Тоа е поради неквалитетот на тие околу него, а не поради него. Зошто противнички играч би се залетувал по напаѓачот, би оставал простор, кога веќе сите знаат дека Антони праи некои глупи цигански финти и ако сам не се сопне од топката ќе отиде на лево и или ќе шутне килаво или ќе му асистира на корнер знамето, Рашфорд, не може да помине играч, не знае да асистира, секогаш прави потег повеќе, се бута до гол аут линија и си крати агол дали за шут, дали за асистенција. Гарначо со исти проблем, плус е зелен, Санчо го нема у тим, а кога ќе влезе да игра, делува ко да не му се живее. Мек Томинеј не знае топка да води, камо ли нешто повеќе. Стај го Хојлунд во тим ко Сити, Ливерпул, Реал, или тој стар Јунајтед од пред 15 години, ќе има бар 7-8 гола сезонава. И не, не е сеуште изграден играч и има да учи уште.
 
Последно уредено:
Треба некој од офанзивните да изгради партнерство со Хојлунд. Кога дојде Бруно имаа со Марсијал и баш тој период Марсијал ги изигра најдобрите натпревари за Јунајтед.
 
Треба некој од офанзивните да изгради партнерство со Хојлунд. Кога дојде Бруно имаа со Марсијал и баш тој период Марсијал ги изигра најдобрите натпревари за Јунајтед.
Џабе со кого да гради?
Сите комплицираат у последна третина провубаат со сила у гол да влезат.
 
И Онана се повредил.
Ова ке му дојде ко засилување :ROFLMAO:
Автоматски споено мислење:

@MKD123 Да не го тупиме отвори и види ги головите на Халанд или Кејн да видиш со колку труд доаѓаат да дадат гол и од какви никакви пасеви си доаѓаат во шанса за гол
Сите тимови промашуваат зицери и не е тоа причината за слабите резултати, реално неможеш да очекуваш дека ке нема такви ситуации
 
375к неделно конобари од Малта неможе да пројде. :tapp:

Вчера Ашковски не можеше да го претрча, ние очекуваме бекови од Премиер лига да пројде...
 
Гринвуд мора да го враќаме...нека се подготвува терен некако, ама мора.

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
Веќе почна да ја враќа препознатливата форма.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom