Токму со делување, свесно делување на луѓето ние можеме да ги запреме паразитите, паразитите цицаат крв.
Кога комарец ќе слета на вас, што преземате(правите) вие?
Механички реагирате, дури и не размислувате (шлап) и комарецот веќе го нема.
Зарем не е така?
А како реагира (Северџган), оф комарец те молам немој да ми ја цицаш мојата крв, за тоа време од другата страна уште еден комарец слетал па и нему му велиш те молам немој да ми ја цицаш крвта... а ако илјадници слетаат и имаат за цел да се насладуваат со твојата крв, што ќе им збориш па немојте ќе умрам, нема да постојам, ве молам!!!
Да, така? И што ќе се случи тогаш?
Ќе одлетаат ли? Да, сигурно ќе одлетаат?!
А што се случува со држвата?
Па еве ги седат разни паразити и не само предавници, велепредавници, црпнати, правени недоправени и говорат (токму така, паразити од сите видови на паразитлук, националност, народ и менталитет...), и за жал на сите нас македонските паразити не се ништо подобри од каубојските, германските или било кои други белосветски паразити! Некои велат дека домашните паразити се уште полоши-погрди од тие господските демократските. Сите тие паразити имаат една заедничка нит која ги поврзува – сите цицаат крв, затоа што им дозволуваме тоа да ни го прават (кога би дејствувале исто како во случајот со комарците не би имало ...) и повторно нема потреба никого да се удира по лице како говори народот, нема потреба ни од барикади, протести или други демокНратски инструменти...
Потребно е само да престанеме да стравуваме и да се тресеме, да престанеме да коленичиме и да станеме и тоа е се што е потребно!
Затоа што сите оние кои се на колена сметаат, за сега мене никој не ме тормози и ништо нема да се случи ..., а кога ќе дојдат и по вас и вашите веќе ќе биде доцна, најинтересното е што додека другите се жртви и ги малтретираат најголемиот дел мисли дека е тоа добро и дека нив нема да ги стават во машина и нема да дојде редот на нив... и кога на крајот ќе дојдат и по вас вие почнувате да ја пеете песната “помооош, спасете ме“.
Така е нели?
Но зошто малкумина или најчесто никој не доаѓа на помош? Зошто?
Затоа што сите тие во душа и својата природа станаа робови.
Ни се допаѓа тоа нам или не, е ирелевантно, сите ние станавме робови!
Затоа што човечкото достоинство не смее никој да го изгуби, може да ја изгуби слободата но не и својата чест, совест и достоинство!
(Може да се биде во затвор а сепак да ги сочуваш достоинството и честа, а може да бидете на слобода и сепак да сте обичен роб! Дали ќе сте слободен роб или слободен затвореник зависи од самите вас. Затоа што е тоа онаа од што тие се плашат, ако човекот престане да биде роб, паразитите-комарците ќе престанат да го јаваат и да му ја цицаат крвта . Ете затоа е потребно да продолжиме да се бориме...
А со што да се бориме?
Со знаења!
Ако човекот престане да се однесува како роб, комарците мали или големи ќе престанат да паразитираат, во услови на наметната перцепција која човекот го претвора во роб, и се додека ваквата перцепција опстојува во свеста кај секој човек тој никогаш нема да се ослободи од ропството.
Ако оваа обичните луѓе не го гледаат не значи дека паразитите не го гледаат и не го користат (тие одлично ги разбираат) затоа и се префрлија врз знаењето-книгите-образованието затоа што колку поглупи и по-необразовани толку повеќе робови, затоа секидневно се пласира дека колку и да учиш нема ништо да постигнеш затоа што тие имале .... а дали е така навистина?