@puno
Кумановска дивизија на НОВЈ била формирана во почетокот на октомври 1944 година во селото Жегљане, Кумановско, кога е формиран штабот на дизвизијата. Во нејзиниот состав влегле следните бригади: Шеснаесетта, Седумнаесетта, и Осумнаесетта македонска ударна бригада. Дивизијата имала околу 5500 борци и старешини, и формациски дејствувала во рамките на Шеснаесеттиот македонски корпус.
Командниот состав на дивизијата го сочинувале:
- Методија Поповски – Мајка, командант
- Коста Бољановиќ, заменик командант
- Благоја Поповски, политички комесар
- Драгутин Филиповиќ, началник на штабот.
Борбените операции на оваа дивизија се одвивале во координација со Четириесет и втората дивизија која исто така била под команда на Шеснаесеттиот македонски корпус. Кумановската дивизија дејствувала на потегот Крива Паланка-Пчиња, заедно со Првата бугарска армија, а потоа на пругата Скопје-Качаник, каде водела жестоки борби со германските сили што се повлекувале, како и со балистичките сили кои оперирале во тој регион. Од нејзините бригади:
Шеснаесетта македонска ударна бригада, водела борби на северниот дел на Скопје; Седумнаесетта македонска ударна бригада дејствувала против Единаесеттата германска воздухопловна пешадиска дивизија; Осумнаесетта македонска ударна бригада, дејствувала на патот Куманово-Врање.
По конечното ослободување на Македонија, оваа дивизија продолжила со борбите против балистите во реонот Прешево и Гнилање, а со воената реформација од декември 1944 година, оваа дивизија била расформирана, а нејзините борци влегле во составот на другите единици на македонската војска.
и една тема плус на која имаш коментирано.
Уште во почетокот на окупацијата во 1941 година во западна Македонија почнал теророт и злосторствата на балистичките банди,врз незаштитеното население посебно во селата со чисто македонско население. Целата хронологија на изнесување на овие настани е невозможна од причина што за сите овие...
forum.kajgana.com
не ми вади алсат линкови и њикипедиа, ја книги ќе ти извадам.