Епа ете ти бе друже, сам си одговори, банката требало да работи со провизија, епа исто и овие што позајмуваат пари. Секоја година банките во мкд во невиден плус, ама другите нека умрат само тие да прават пари
Гарантирам дека и таму ти имаат напишано што и како треба да вратиш, тоа што овие трчаат да потпишат само да фатат кеш во рака и не читаат што потпишуваат е нивен проблем.
И да, нивниот ризик е поголем од вашиот, затоа се такви и провизиите.
Јас не очекувам дека ќе ми работи некој без провизија, напротив, сметам дека секој бизнис треба да си наплати за услугите.
А околу банкарскиот систем: верувам дека сме технолошки развиени да немаме банкарски систем од моменталниот тип, но проблемот е генерациски, политички и поради лични интереси (читај перење на пари) на одредени влијателни ликови. Ќе треба да се почекаат неколку години да умрат овие постарите, цел свет да се префрли на дигитални валути, и во најголем процент онлајн, со што наместо банкари тој сектор ќе се го работат информатичари.