- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 3.444
- Поени од реакции
- 11.317
Инспирирана од актуелните војни во светот ја отворам темава за имиграциите во време на војна. Соочени со насилства и немири, поединци, но и цели семејства се принудени да донесат одлука да ги напуштат своите домови во потрага по безбедност и да бараат засолниште во туѓи земји.
Тоа само по себе поттикнува низа социјални, политички и хуманитарни размислувања кои често пати ги тестираат границите на човековата емпатија и меѓународната соработка.
Прашањава на кои сакам да дискутираме:
Тоа само по себе поттикнува низа социјални, политички и хуманитарни размислувања кои често пати ги тестираат границите на човековата емпатија и меѓународната соработка.
Прашањава на кои сакам да дискутираме:
- Дали земјите треба да им помагаат на луѓето кои бегаат од војна и насилство и до кој степен?
- Со какви предизвици и придобивки се соочуваат земјите домаќини при прифаќање на бегалците?
- Што може да научиме од историски преседани кога луѓето бегале од војна?
- Како може земјите домаќини да останат безбедни додека сеуште им помагаат на бегалците?
- Кои се долгорочните влијанија на имиграцијата и за земјите домаќини, но и за самите бегалци?