- Член од
- 22 јули 2011
- Мислења
- 1.030
- Поени од реакции
- 1.149
Сум учествувал во повеќе наградни игри и ден денес во некои наградни игри учествувам, имам и добивки.
Имам добиено часовник Своч марка во наградна игра на Аргета паштети во 2018 година, вредност на часовникот е 4 100 денари, а часовникот не сум го носел на рака, едноставно не сакам да носам часовници, некако не ми е удобно на кожата да имам часовник.
Часовникот неколку години е во кутијата и му работеше батеријата, лани забележав дека престана да работи, веројатно се потрошила батеријата, не сум го носел на поправка. Не го користам и немам што да го поправам со нова батерија.
Лани во 2022 на наградна игра од Бимилк Битолска млекара по повод 70 години од постоење на Битолска млекара добив плазма телевизор марка Филипс, вредност некаде околу 400 евра на телевизорот, искрено телевизорот го немам извадена од кутијата, а камоли да го вклучам во струја и не сум ни проверил дали работи телевизорот.
Никогаш ништо немам добиено во наградните игри од Кока Кола, Пепси, Прилепска Газоза, Скопско, пиво Даб, од сите тие наградни игри кои ги организираа производителите на сокови и газирани пијалоци ништо немам добиено.
Не знам, и кај мене понекогаш е чудно чувството, и јас а познавам и многу други луѓе кои имаме испратено стотици кодови од капачиња и кодови од фискални сметки и ништо никој немаме добиено од Кока Кола, Пепси, Фанта, Прилепска Газоза, Синалко, Скопско, пиво Даб и од останати сокови, газирани пијалоци и пива.....
Ете вчера на 30 Јуни заврши наградна игра на енергетскиот пијалок Хелл каде требаше да се испрати код од фискална сметка на која треба да има минимум два Хелл пијалоци, и таму ништо не добив.
Немам успеси со газирани и енергетски пијалоци, сокови, пиво....
Аргета имаа на фејсбук рекламна анкета пред некое време, прашања за тоа какви награди сакаат потрошувачите, веројатно и ова лето ќе имаа наградна игра, со она купи 2 аргета паштети од 95 грама и испратете кодот од фискална на број.....
Немаа во Аргета во летото 2020 година наградна игра, веројатно поради короната, а лани имаа наградна игра, и годинава ќе имаат наградна игра, здравје ќе учествувам.
ПС: луѓето се запалија за некоја си нова грепка на Државна лотарија која имала награда џипови, и купуваат и гребат
и само фрлаат низ град ѓубре од недобитни грепки.
Шетајќи низ град, земав од расфрланите недобитни грепки една грепка, и видов се доделувале 14 џипови Хјундаи, 7 од вредност од 1,5 милион денари и 7 со вредност над 2 милиони денари, и дури на продажното место има и еден од џиповите, и народот и старо и младо и средовечни масовно купуваат и гребат грепки и цел град е во ѓубре од тие грепките.
А кој им гарантира дека џипот кој е довезен во мојот град дека во градот ќе биде таа добитната грепка?
Пазарејќи во маркет, видов дека оние пак од кафе Елит, во еден супермаркет донеле еден куп кафиња од тие зелените и црвените по 200 грамови, и плус има едно 40-50 пакети неотпакувани од Елит кафе, и за сето тоа да се купи треба да се платат едно 2 - 3 000 евра, а донеле до кафињата и некој си велосипед како мамка за привлекување на муштерии.
Па за тие пари да се купи сето тоа кафе човек ќе си купи колку сака велосипеди, може и половна кола да се купи.