Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Втора најдобра одбрана после Маџарите кој имаат примено 5 гола помалку од нас, ама тие играа и три натпревари со неевропски репрезентации, од кој еден со аматери од Нов Зеланд од кој примија само 6 гола а им дадоа 49.. значи реално изигравме најдобра одбрана на првенствово. :love: Прегледај го приврзокот 387287
Затоа ја мразам сувопарната статистика и ретко кај се замараат да дадат weighted average. Многу порелевантен фактор бидејќи на секоја варијабла и се става коефициент на важност и така добиваш чиста слика, верувам дека табелава ќе изгледа по различно, тоа дека ние ќе сме први во одбрана е непобитен фактор, но во нападот изгледа као да не сме ништо посебно, ама со тој weighted avg, ќе бевме у топ 10 зашто игравме со европски противници и немавме кај да билдаме 50 гола разлика.

Сеа ми текна, последен пат кога сум бил задоволен од одбраната на наша репка било у Србија 2012 што не донесе на чекор или два до медал, таа последна контра на Данска уште не можам да ја преболам :unsure:

Пред да се префрлат игриве на децава у сениори, ја би сакал сениорите да ги видам да префрлат играта у одбрана од младите ма да со Мишевски и Марковски не сум сигурен колку можеш да префрлиш, бидејќи се слаби у одбрана
Автоматски споено мислење:

Столе approves
 
Последно уредено:
ма да со Мишевски и Марковски не сум сигурен колку можеш да префрлиш, бидејќи се слаби у одбрана
Колку пари толку музика.. првиот самиот незнае како стана ракометар, вториот просечен на залез на кариера со проблеми на кичмата.
 
Затоа и мислам дека уште следен мундијал ќе гледаме дел од децава у сениори. Шкрипиме моментално тоа е таа дупка од генерации у 90ти што не јаде сега ама здравје полека само ќе фатиме приклучок

Овие успеси се надевам ќе донесат што повеќе деца да почнат да играат ракомет и да го зголемиме базенот од играчи со кои ќе располага еден тренер.
 
Ај да направиме една кратка увертира, кај бевме и кај сме сега.
Се сеќавам во 2018-та со @Xsago @Chronysync @shweps кога јасно во сениорска репрезентација се случуваше голем пад, и на генерацијата Лазаров, Миркуловски, Георгиевски, Борко, Столе, Јоновски, Велко очигледно му се надзираше крајот, дискутиравме кој од тогашните млади играчи може да биде материјал за репрезентација и каква ни е ситуациајта во младинските категории.

Тогаш за млади и талентирани издвојувавме играчи како Танкоски, Арсеновски, Лазаревски, Јагуриновски, Шилегов, Кукуловски од 98, Карапалевски, Серафимов, Гајиќ, Симоновски, Митиќ, Кизиќ 2000.
Генерации од кој што во најголемиот дел немаше ниту некој сериозен квалитет па ни квантитет, извадивме по некој играч за во сениори, Серафимов, Младеновиќ, Кизиќ, Јагуриновски, Танкоски, Костески.. меѓутоа сепак не доволно да се компензира дупката настаната во сениорска репрезентација.
Нарочито се соочивме со проблеми на позициите пикер, среден/десен бек.
Очигледно генерациите 2002/2004, прикажаа најквалитетни резултати во процесот на вадење нови играчи, ако сега направиме некој поширок список како би изгледале за 1-2 години, според мене тоа би било некако вака -

Леви Крила - Петар Атанасијевиќ, Марио Стојановски, двајцата прилично слични играчи, амбициозни и посветени, борци, извонредни во напад и одбрана.
Субашевски 2005, има квалитет во ова дете, ситен лесен и брз, но доста ефективен во напад, нема тешка позиција за него, му работи зглобчето и ме потсетува некако на Дибиров во стилот.
Нормално тука се Цветан Кузмановски, Кондев и Манасков за кого не знаеме дали ќе продолжи да игра во репрезентација.

Лев Бек - Тале, Павле Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски, Филип Кузмановски, Димевски, Јорданов.. remember the names Владимир Наумовски 2004 , Дамјан Митев 2006 последниве двајца лично ги сметам за сериозни таленти, верувам дека во теков на сезонава ќе се имиња за кој што ќе се зборува.
За Емилијан интересно Јовиќ најави дека ќе го игра како среден бек во новава сезона, додека Павле го планира како лев бек.
Ако се сеќавате Лазаров кога го превзеде кормилото на репрезентација, Емилијан беше еден од првите (ако не и првиот) кој настапи за сениори од 2002 ген против Данска кога игравме во квалификациите, сега наводно имало некаков конфликт помеѓу него и Лазаров, многу веројатно затоа и да не добива повик во репрезентација, во секој случај ми мириса дека Емко ќе има добра сезона годинава.

Среден Бек - М.Митев, Ѓоргиев, Мирче Калајџиески(ко шо пишав претходно класична словенска школа, интелегентен, пробивен, разигрувач, пеналџија добар, и најбитно борец), Танкоски, Карапалевски. Други играчи кој треба да се пратат, Димковски, Дарин Омерагиќ 2004 и има едно ниско дете од 2006 ген во Алкалоид кадети кое изгледа на сериозен талент.

Пикери - Играчи за кој што сум најмногу хајпнат да ги видам во сениори се Самоил Ристевски и Валентин Карасманакис, мерак да ги гледаш како играат во одбрана, рај за очи, мелем за душе..Карасманакис со тој Дувњак став и движење, прави касапи :love: инаку првиот е 2006 ген, а вториот е 2005, значи немаат ни 19 години.
Нормално тука се и Лазаревски, Аларов, Петров, Стојковиќ и Стојчевиќ од 2002, за вториов не сум најубеден но треба да се прати секако, потпиша во Алкалоид ќе видиме шо сезона ќе има, и Никола Марковски кој е исто на залез на кариера.

Десен бек - Тука сме убедливо најслаби, Серафимов, Јагуриновски, Велковски, Димитар Узунчев, последниов ќе видиме како ќе се развива, крај на 2005 роден, разбира ракомет интелегентен е, но мора физички да се подобри.

Десно Крило - Со Костески, Белистојановски, Петковски мислам дека добро сме покриени, уште некој да можеше да игра на халф во одбрана, но што е тука е.

Специјалисти за одбрана - Како такви ги гледам Омерагиќ, Младеновиќ можеби и Николовски.

Голмани
- Томовски, Кизиќ, Галевски.

Верувам дека вака или така пополека склопуваме млада репрезентација за на долги стази.

Во секој случај не треба опуштање, особено не со 2002 и 2004 ген, пред нив е најтешкиот и најкритичниот период, само да се продолжи со посветена работа и многу внимание, другото ќе си дојде.
 
Браво за сроченово!

Треба пин на постов за 2-3 години да направиме recap. Она што мора да запомниме е дека не сите го исполнуваат потенцијалот кога ќе дојдат у сениори.

Не знам што се случило меѓу Кире и Емко ама не е дека имаме премногу избор на таа позиција од квалитетни играчи се надевам ќе средат однос за доброто на екипата.

Карапалевски време му е да мрдне од статус кво иначе ќе остане просек
 
Подкаст на Раде со Жика од Балкан Хендбол, вреди да се погледа. :)
 
Buuut whyyy?

Немаше некој друг? Унгарија, Полска?
Полска посебно! Обновена репка која што возрасно е тука некаде малце постара од нашата, право мерило за тоа до кај сме и што сме
 
Па и не само тоа. Од кога тоа пријателска со нив. Се криеја карти пред 4 години во Струмица, а пред 8 публиката ги излуде во Борис Трајковски. Ако сакаа послаба, ете им ја Естонија, Летонија, Финска, Турција...
 
Не се толку слаби грците, не случајно се пласираа на ЕП. Почнаа да вложуваат и тие последните 5-6 години и почна тоа да вродува со плод. Мене не ми е чудно да играме пријателски со нив, слична логика како и со ex-yu што често имаме пријателски...

Инаку прашање е и дали можеме да закажеме пријателски со многу појаки, реално не сме толку интересен противник моментално...

Е сега ако е стварно дека уште 2 во Јануари се планирани тоа е стварно чудно...
 
img_2043.jpeg
 
Игор Ѓоргиев, Томислав Јагуриноски,Давид Савревски и Никола Маркоски аут , подобро да им се даде шанса на некој од јуниорите него на овие , од овие ракометари не бива па ако сакат и по 100 минути да играт по натпревар.
Пофалби за Џонов дечкото е топ, игра супер,него треба повеќе да го форсираат а не оној Ѓоргиев.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom